НВО Сектор

ERIO Кампања "Ние сме Роми"

Европската канцеларија за информации за Ромите (ERIO) спроведе кампања за социјални медиуми „Ние сме Роми„. Во рамките на Европската година на културното наследство од 2018 година, кампањата имаше за цел да се бори против дискриминацијата со која се соочуваат Ромите како последица на предрасудите и стереотипните слики кои не-Ромите ги имаат за ромската култура. Покрај тоа, таа имаше за цел промовирање на ромската култура и идентитет.
 
За да ги видите материјалите на кампањата, посетете ја нивната веб-страница: www.erionet.eu/campaign-we-are-roma. Исто така можете да ги следите и хаштадите на кампањата #WeAreRoma, #ProudAndRoma и #WeHaveTheRight.
 
Видео-кампањата ја подига свеста за богатството на ромската култура и идентитетот. Ромите се присутни во Европа со векови и придонеле за европското културно наследство преку музика, танц, сликарство и литература.

Сепак, другите не успеале да го препознаат. Важно е ромската култура да се стави на еднакво рамниште со другите култури, како составен дел на една богата и обемна европска и светска култура.

Ова е важно во контекст во кој омразата, дискриминацијата и анти-ромското расположение се сеуште многу силно присутни.

НРЦ организираше завршна конференција насловена како„Без разлики“

На 19 овој месец во Холидеј Ин во Скопје, НРЦ од Куманово беше организатор на завршната конференција од проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца именуван како “Без разлики

На завршната конференција пред присутните свое обраќање имаа министерот без ресор во Владата на Р.М. Музафер Бајрам, заменикот претседател на Народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа, директорот на Управата за водење на матични книги, Дардишта Бујар, и проект менаџерот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Нафи Сарачини.

Конференцијата се одвивашe воработни сесии со тематски и конкретни излагања од проектното дејствување  како и резултирање и тоа, и воедно беше прикажан и документарен филм.

Проектот е реализиран од страна на Национален Ромски центар(НРЦ) со поддршка од Фондот на Европската Унија и други подржувачи на проектот насловен,,Спречување на дискриминација кон ромските деца”.

Чаковец, Хрватска: Работен состанок за Ромите - без присуство на Роми

Во меѓумурската жупанија на 24 јануари се доржа работен состанок со министерот за демографијам семејство, млади и социјална политика Нада Мурганиќ и зам.министер Маја Кнежевиќ Вучиниќ.

Главата тема на овој состанок беше нарушената состојба со безбедност у воочени проблеми со ненаменско корситење на социјалната помош. Иако на состанокот се зборуваше за Ромите- ниту еден преставник на Ромите не беше поканет да присуствува на овој состанок каде темите беа важни и за ромската заедница.

Членот на општинското собрание во Меѓумурие , Матјаш Оршуш, кој воедно еи член на Одборот за превенција, го коментираше апелот на градоначалникот дека „потребно е да се размисли и да им се овозможо на голем број ромски семејства кои се повеќе бараат на доделување на недвижности во депопуларизирани региони на Хрватска , и кој се во сопственост на државата„ и таа состојба е опишана како тфрлање на решавање на тие проблеми во корист на жупанијата и росмката заедница.

“Во вашата идеа за иселување на Ромите во депопуларизирани региони во Хрватсја, гледам само ксенофобија и оправдан страв дека ромската заедница во блиска иднина на изборите ќе може да гласа за заменик градоначалник од вашата партија наместо од редовите на ромското национално малцинство во Меѓумурие.

Link: http://www.romskiportal.com/2019/01/28/radni-sastanak-o-romima-bez-roma/?fbclid=IwAR03E4FGR5xB9vlpum-j-eGLZtLOw80KivEoV7XZnBgt2YrdqSw_V0mxjBM

 

По серијата инциденти на штипската улица „Панче Караѓозов“ се огласија ромските организации

По серијата  инциденти  на штипската  улица  Панче Карагозов, денес преку ТВ Стар се огласија претставници на некои ромски организации.
„Ова се изолирани случаи. Соживотот меѓу ромското и македонското население мора да продолжи“, изјави  Ерол Адемов од Здружението „Мултикултурна  соработка„ .
“Реакциите на жителите од оваа улица се оправдани и крај на безаконието мора да се стави. Нисе сме живееле и ќе продолжиме да живееме заедно“, е ставот и на Енисе Демирова од  Здружението „Черења“.
Што Организацијата на Ромите ќе преземе во таа насока?
„Мора да се организираат советувања, средби со граѓаните, но клучно е полицијата да постави позорникари секеде онаму каде има вакви појави“, смета Адемов.
 Од друга страна , иако   револтирани од случувањата,  грагани  од оваа и некои други   улици  во Штип категорично тврдат дека  со децении назад проблем со соседите Роми немале.
„Ова се поединци. Ние израснавме заедно со Ромите, се почитуваме. Ова што се случува го прави една група криминалци ли се, наркомани ли се, не знам што се“, вели Марјан Стојчев, жител на ул. „Панче Караѓозов“.
Проблемот според нив е  откако се појавиле Ромски банди поради кои тие немаат ниту мирна нок  ниту мирен ден.
„Ги напаѓаат и ромските куќи. Најверојатно се работи з аистата група . И ние немаме мир од нив“, велиДемирова.
„Дома зад вратите чуваме секири, шипки, за одбрана“, кажа Стојчев.
Од своја страна, енергично и итно својот дел од работат веќе го врши и полицијата. Под  засилена контрола ќе биде не само улицата „Панче Караѓозов“ , туку и останатите каде  ќе се процени дека е потребно  нејзино поголемо присуство .
Дали ова ќе биде доволно  и дека на оваа и некои други улици   во Штип  веднаш ќе  се врати спокојството   не е гаранција,  но факт е дека  станува збор за  група и поединци  на кои не смее да им се дозволи  досегашното криминално однесување.
Среќа е што при последниот инцидент завчера  нема  потешко повредени, иако  ноќта имало  бегање, гонење и мавање  со секири. 

Link: https://televizijastar.com/2019/01/15/%D0%BF%D0%BE

Youtube:

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 335 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот