НВО Сектор

Мрежата на ромските НВО реагираат на плагијат предизборна кампања од Аваја

Во пресрет на Парламентарните избори закажани за 12 април 2020 година, како еден од важните моменти, е прашањето на ромската заедница, нивните потреби за вклучување на приоритетите во политичките програми.

 

Таа борба и приоритети отсекогаш биле важни и во таа насока биле организирани разни кампањи, а најповеќе од ромскиот НВО сектор.

 

Во 2016 година за време на парламентарните избори , мрежата од ромскиот НВО сектор организираа кампања насловена како „Мојот глас –моја одговорност„

На таа кампања беа презентирани  потребите и проблемите на Ромската заедница за кои беа идентификуваа во тој период.

 

Четри години подоцна поточно сега во пресрет на овие Парламентарни избори 2020 се организираат слични настани, но сега без мрежата на ромскиот НВО , туку се имплементира од Роми активисти и интелектуалци од граѓанската иницијатива АВАЈА, и именувана скоро со слично мото „Мојот глас – Твоја должност“

 

Се е во ред но Мрежета на Ромските НВО реагира и се прашува: „Што е тоа различно, во претходната имплементирана кампања и оваа организирана од Аваја?

Во што е поентата и разликата во оваа и претходната кампања. Во претходната учествуваа 70% од ромскиот НВО сектор, додека на оваа кампања настапот е „соло„ на Аваја?

Реакцијата на мрежата на Ромските НВО е дека ова е сосема проѕирно од страна на Аваја, со причина што насловот на кампањата е плагијат на нивната пред 4 години со мало пермутација на слоганот од „Мојот глас – моја одговорност„ во „Мојото глас – моја должност„

Втор потенциран момент е дека Аваја самостојно настапува е, не од поинаква амбиција, туку само поради тоа дека сака да се самопромовира, и самобендисано да се наметнува како „фактор„во ромската заедница.

И трет момент е финасискиот ресурс, каде во претходната кампања буџетот на средствата беше поделен рамноправно помеѓу сите ромски НВО од мрежета, а на оваа кампања Аваја с сама „свој газда„.

Повеќе коментар од страна на мрежата на Ромските НВО не е потребен.

 

Дискриминацијата на Ромките тешко се искоренува

Ромките се соочуваат со повеќе видови дискриминација, а трпат и насилство, но често и не го препознаваат, па не го ни пријавуваат. Состојбите може да се сменат, но не се знае колку време ќе биде потребно за тоа. Невладини работат на подигање на свесноста за образование и за економско јакнење.

Дискриминацијата на Ромките потекнува од семејството, а потоа само продолжуваат во сите општествени пори на нивното живеење. Тие се дискриминирани по сите основи, а тоа тешко го препознаваат и уште многу време е неопходно да се изборат за своите права, почит и достоинствен живот, меѓу другото вели младата Бирсана Демировска од кумановската ромска населба Средорек.

„Има повеќе видови дискриминација. Има и насилство, но жените не се ни обидуваат тоа да го пријават, оти мислат дека тоа е нормално, мажот да им удри шлаканица или нешто слично.“

Ромките во период на речиси незавршено детство влегуваат во диви брачни заедници, а потоа и децата раѓаат деца.

Link: https://www.slobodnaevropa.mk/a/30295489.html

НРЦ со проект за поддршка на жени кои преживеале насилство

Мал е бројот на жени кои пријавуваат насилство, покажува извештајот  „Достапност и пристап до услуги за поддршка на жени и девојки Ромки коишто преживеале насилство во Кичево, Куманово, Велес, Прилеп, Кочани и Штип“,кој деновиве беше презентиран од страна на Националниот ромски центар во Куманово.

Проектот се спроведува со поддршка на Европската Унија, како дел од регионалната програма на UN Women. Истражувањата од терен покажале дека сосема малку жени од различни причини не пријавуваат насилство.

Според податоците 15 жени од Куманово побарале и добиле правни советувања во НРЦ.

На презентацијата на проектот присуствуваа претставници на локалните институции, установи, невладини организации.

Извештај за 2019 година за Националните стратегии за интеграција на Ромите: Клучни заклучоци

Образование: Денес, сè уште има 68% од Ромите кои рано го напуштаат образованието, додека целта за напуштање на раното училиште „Европа 2020“ е 10%. Покрај тоа, само 18% од децата Роми транзитираат на повисоко ниво на образование и отсуството и стапката на напуштање на раното училиште Роми се значително повисоки отколку кај другите категории на ученици.

Вработување: 43% од Ромите се во форма на платено вработување. Покрај тоа, 63% од младите Роми не се во образование, вработување или обука.

Здравје: Речиси четвртина од Ромите немаат национално здравствено осигурување

Домување: Ромите честопати живеат во области каде што повеќето соседи се Роми. Покрај тоа, третина од ромските домаќинства немаат квалитетна вода за пиење, нешто повеќе од половина имаат затворен тоалет или туш и 78% од Ромите живеат во пренатрупани домаќинства.

Борба против дискриминацијата и антициганизмот: Ромите сè уште се дискриминирани низ ЕУ: на пример, 43% од Ромите доживуваат дискриминација кога се обидуваат да купат или изнајмат станови, Ромите не се доволно запознаени со своите права во однос на еднаквоста и треба да градат поголема доверба во органи за спроведување на законот.

 

Link: https://ec.europa.eu/info/sites/info/files/factsheet_roma_integration_strategies_report_2019.pdf

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 184 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот