РДС резимира: Дали е време Ром кандидат за претседател да си ги мери „политичките мускули„?

По одредување на датумите за избор на Претседател на државата, партиите и индивиндуалци ги „засукаа ракавите„ во врска со подготовки за кандидатура за оваа позиција.
ВМРО - ДПМНЕ го одреди нивниот кандидат тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова. СДСМ сеуште нема исфрелено име, и се чека одлуката за „концезуален кандидат„ Најдоцна до 8 март ќе се знае.
И други политички лидери и аспиранти започнаа подготовски околу собирање на 10.000 потписи потребни за кандидатура.
Меѓу нив се наметнаа и две можни имиња од Ромската заедница. Амди Бајрам претседателот на СРМ и Самка Ибраимовски од ПЦЕР. По се изгледа Самка „се откажа„, но Амди Бајрам е некако „упорен„ во своите намери. Започна да собира потписи.

Меѓу Ромите за овој потег на Амди се „кршат„ копја!. Некои се со подршка и го мотивираат да продолжи, додека другите се против, од причина и страв дека сите останати не Роми овој обид го земаат со потсмев и простор за шега. Третата група Роми пак молчат и не се „замараат„ со овој момент.

Ромскиот Демократски Сојуз -РДС сака да резимира и поставува прашање: „Дали е време Ром кандидат за претседател да си ги мери „политичките мускули„?

Факт е дека „политичките противници„ на Амди се децидно против оваа идеа, и наоѓаат илјада и еден мотив зошто е тоа. Поаѓајќи од интелектуалниот и политичкиот капацитет на овој политичар, неговот претходно политичко CV и делување, и воедно дискредитација врз секој основ.

Но РДС исто така запазувајќи ги овие моменти сака да напомене уште еден момент. Дали Ромите покрај Амди Бајрам имаат воопшто таков профил на име кој би бил „фактор„ за да се кандидира за Претседател на државата?
И да се кандидира некој друг (не Амди Бајрам), дали таа „авантура„ на тој ромски кандидат би била од аир? Дали ние Ромите имаме перцепција до каде се границите? Дали е време (не сега и во наредната деценија -децении) да мериме „политички мускули„

Дали оваа држава е подготвена сеуште да размислува на тој начин дека освен Македонец, или евентуалено Албанец може некој трет да биде Претеседател на државата или пак на Владата.

Дали сме ние Ромите свесни дека сеуште сме на политичко поле, без разлика на капацитет, кредибилитет, политички потковани, интелектуално надградени и слично, во очите на другите (нарочито Македонци и Албанци) политички па и други полиња сме „инфериорни„.

За да бидеме во тие очи поинаку гледани, нам ни престои уште долга борба на докажување, организираност, менување на некои стари навики, и пред се прво меѓу нас една „Интелектуална Еволуција„ за потоа да направиме некоја „Интелектуална Револуција„. Просто ама за жал така е. (Р)Еволуција! Од еден во друг стадиум не дели само една но битна буква - букавата Р. И случајно или не - тоа е првата буквата од името на нашиот народ - Ромите!

И пак буквата Р - Резонирајте!

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 274 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот