РДС: „Самка за Претседател? Виц на годината! „

Ромскиот Демократски Сојуз испрати свое мислење во врска со натписите дека на следните Претседателски избори во Македонија партијата ПЦЕР ќе назначи свој кандидат за Претседател на државата! На самиот старт РДС сака да напомене дека со сета почит кон името и минатото на ПЦЕРМ, ова се однесува само кон нејзиниот моментален лидер Самка Ибраимовски.
Дали г-динот Самка Ибраимовски се пресипитал околу оваа можност - опција во врска со кандидатурата? Дали со ова Ибраимовски пушта само пробен балон или сака да биде нешто во интерес на јавноста и медиумите, за да не биде заборавен. Дали знае Ибраимовски всушност каков и колкав рејтинг има меѓу сите граѓаните на РМ вклучувајќи ги нормално и Ромите од Македонија?
РДС познавајќи ги капацитетите и рејтингот на Самка како и самото расположение на народот испраќа еден пријателски совет до него - „Самка пријателе биди реален со твојот рејтинг кај народот! Ова е Избор на Претседател на држава, а не Претседател на куќен совет!
Што би рекол Здравко Чолиќ во една негова песна со рефрен :„ Živiš u obalicima mala!„

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот