Македонија и граѓаните си тонат, СДСМ и ВМРО се обвинуваат меѓусебно за состојбата

Сведоци сме дека во нашата држава нема континуитет на подобрување на состојбите без разлика од кое поле. Социјална несигурност, невработеност, иселување, судска неправда, аномалии во образованието, здравството, економија и уште многу други негативни појави. Во последно време ВМРО -ДПМНЕ фрла отровни стрели кон актуелната власт дека е виновна за сегашната состојба, додкеа СДСМ секогаш наоѓа контрааргументи и ја обвинува ВМРО -ДПМНЕ. И така во недоглед.
Но се поставува прашањето кој е навистина виновен за овие состојби во земјата?
Па добро бе луѓе дали ние граѓаните сме во вашите очи „овци за стрижење ? За овие состојби се обвинувате еден со друг со оправдување дека едните се во право а другите се виновни и обратно!
Вие добро знаете дека „на ова дереџе„ сме дојдени само поради ВАС господата од двете најголеми партии во државата!
Од 1991 па се до денес кој раковидеше со државата? Па само ВИЕ и вашите помали привезоци од другите национални партии!
Хронолошки за потсетување е: Досегашни претседатели на државата беа од Вашите високо ценети партиски кругови. Претседатели со назименичен редослед со Ваш партиски амблем.
Киро Глигоров - СДСМ, Борис Трајковски - ВМРО- ДПМНЕ, Бранко Црвенковски - СДСМ и Ѓорѓе Иванов (непартиски ама со привезок од ВМРО -ДПМНЕ)
Исто така за потсетување досегашни Претседатели на Владата беа: Никола Кљусев (непартиски, експертска влада ама сепак близок на ВМРО -ДПМНЕ), Бранко Црвенковски два мандата - СДСМ, Љубчо Георгиевски - ВМРО ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска по два кратки мандата како ВД - СДСМ, Хари Костов (непартиски ама со привезок на СДСМ), Владо Бучковски СДСМ, Никола Груевски 10 години - ВМРО ДПМНЕ, Емил Димитриев - ВМРО ДПМНЕ и Зоран Заев - СДСМ.

И сега гледајќи ги овие имиња, имате храброст и двете најголеми политички партиски играчи да обвинувате кој е виновен за овие состојби во државата. Немате ниту мал морал и чувство дека државата на ова дереџе е донесена господа ГОЛЕМИ ПОЛИТИЧАРИ, само поради ВАС од СДСМ и ВМРО!
Ниту еден од вас заедно со вашите помали партиски национални привезоци немате никаков екслузивитет да обвинувате и контраобвинувате дека едниот е лош, а другиот ја оправил работата!.
Треба едно да знаете дека целиот народ во Македонија стана ваш заложник, и ваши играчки за експерименти!
Немате ниту алиби, ниту аргументи да се правдате пред народот! Затоа почнете си ги претседателските кампањи но само со даден збор што би направиле вие, а не што направиле „тие„. Затоа што „ТИЕ„ досега што направиле е едниствено УСПЕШНО ЈА УНАКАЗИЈА И УНАЗАДИЈА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИОТ НАРОД!
Но најголеми виновнци сме ние самиот НАРОД. Затоа што упорно и со години ви веруваме!.
А има една дефиниција која оди вака:
-Ако ме излажеш еднаш - Срам да ти е!
-Ако ме излажеш втор пат -Срам да ти е!
-Но ако ме излажеш и трет пат тогаш - СРАМ ДА МИ Е !

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 44 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот