Препознавање и одбележување на Ромскиот геноцид во Европските држави

Грција
Во Грција за геноцидот на Ромите се изучува во средното образование.
Во Грција нема официјални информации за грчки Роми депортирани во концентрациони логори.

Австрија
Во Австрија нема конкретни информации на кое ниво учениците го изучуваат геноцидот на Ромите и Синтите. Во Австрија се одбележува 5ти мај, денот на ослободување на кампот Маутхаусен, како национален ден против насилство и расизам во сеќавање на жртвите на национал-социјализмот. Во одбележувањето се вклучени и жртвите Роми.

Чешка
Министерството за млади, спорт и едукација вклучува наставна програма според која е неминовно изучувањетона геноцидот на Ромите и Синтите, како и на целосните настани на дваесеттиот век, Холокаустот, Чехословачкиот антифашистички отпор и Втората светска војна..

Франција
Настава за геноцидот на Ромите и Синтите се изведува на сите нивоа на образование иако не се обезбедени дополнителни информации за едукативните практики. Во Франција нема посебен ден за комеморација на геноцидот на Ромите и Синтите поддржан од владата. Сепак на 70-та годишнина на Vel d’Hiv настан за комеморација на жртвите во Париз, Претседателот во говорот ги има вклучено и Ромите жртви на геноцидот.

Германија
Републиките во Германија имаат значителна автономија при утврдување на точноста на содржината на наставниот план, Национал-социјализмот и Холокаустот се програми кои се задолжителни во целата земја. На 24 октомври 2012-та година беше поставен споменик во чест на жртвите на геноцидот на Ромите и Синтите. На церемонијата учествуваа Претседателот, германскиот канцелар, и претседателот на германскиот Бундесрат.


Италија
Во Италија изучувањето за геноцидот на Ромите и Синтите е содржан во наставниот план на високото образование. Иницијативи поврзани со геноцидот се одвиваат како дел од активностите за 27 јануари, во контекст на денот на сеќавањето на Холокаустот.

Полска
Во Полска како ден на комеморација на геноцидот на Ромите и Синтите е 2ри август, и се одржува во Аушвиц. Во церемонијата се вклучени говори од интернационални лидери, се положуваат венци и молитви. Настанот е посетен од државниот врв, како и ромски здруженија. Настанот добива значително медиумско влијание.

Холандија
Холандија нема усвоен национален наставен план, образовниот процес е организиран преку цели и компетентности кои се очекуваат од учениците. Во Обединетото Кралство моментално нема комеморативен настан за геноцидот на Ромите и Синтите.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 492 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот