Нема гето-пензија за македонските Роми

Судот во Берлин донесе одлука дека на Ромите од Србија и Северна Македонија не им следува т.н. гето-пензија. Пресудата сѐ уште не е правосилна.

Според историското вештачење, во времето на нацистичката окупација во Србија и Македонија немало гета за Роми, ја образложи судот својата пресуда, која ќе биде применета за сите слични случаи.

Според судот, за да се добие старосна пензија би требало да се исполни условот - пет години работа во времето на војната за што се плаќале навистина придонеси, или работа за која не се плаќале придонеси, но за која се смета дека се плаќале, како што е во случајот со работа на прогонети лица во гето. „Гето“ во смисла на законот за гето-пензии (ЗРБГ) е поим дефиниран со елементите - сепарација, концентрација и интернирање на одредени етнички групи.

Судот смета дека Ромите во Србија и Македонија во времето на нацистичката окупација не живееле во гето, односно уште пред војната постоечките сиромашни населби на Ромите по почетокот на нацистичката власт не се претвориле во гето во смисла на законот за гето-пензии.

https://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B3%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8/a-48825722?maca=maz-rss-maz-pol_njemacka_timemk-26867-xml-mrss

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот