Браво ЈП Комунална, браво Македонија!

Браво ЈП Комунална, браво Македонија, го избркаа од работа „најголемиот проблем во државата„ - чистачот на ѓубре!

Викендов на социјалните мрежи се појави видео од работник на „Комунална хигиена“ како мете ѓубре и наместо во канта за отпадоци, го фрла во реката Вардар.

Очекувано, имаше бројни реакции, како не му е срам на човекот, каква е оваа држава во која ѓубрето од улица се фрла во Вардар, тешко ли му било да ја отвори кантата за отпадоци и слично.

По ова, „Комунална хигиена“ експресно реагираше и ги информираше медиумите дека ѓубреџијата добил отказ. Добро прочитавте - ОТКАЗ!

Греота човекот можеби згрешил, но немаше ли некоја друга санкција, опомена, намален доход во следните 3 или 6 месеци !
Дали е ова доказ дека треба да се удира најлесно по грбот на најслабата карика - по работникот!
А за Вас „големците„ кога ќе опердашите некој големи суми - тогаш никому ништо! Зарем овој ѓубреџија е единствениот во државава кој постапил погрешно и требаше да се казни и тоа на најсуров начин, да се остави без егзистенција? Не можевте по магарето, па удривте по самарот?

БРАВО ЈП - Комунална, браво Македонија!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот