Како Загреб гледа на Дервишите од овој град?

Во најголема тајност во приватана куќа во Загреб дервишите го вршеа својот обред. Во верски занес дваесетина Роми , припадници на старото исламско братство , неуморно танцуваше цела ноќ. А главниот дервиш се бодеше со игли , ножеви и мечеви.

На овој начин еден од хрватските медиуми ја опишува семаната во една загребска општина каде дервишите ја одбележуваа 27-мата ноќ од рамазанскиот пост, ноќ кога Аллах ја спушта својата милост помеѓу верниците , попозната како Лејле ту Кадр.

Самите новинари ги забележуваат сите моменти и атмосферата која се случува во семаната. Бодењето со игли, за новинарите мистичното молење, како и респектот на верниците кои го покажуваат кон главниот Шејх.

Го објаснуваат бодењето со игли без болка, како што велат немаат објаснување.
Според нив овој парапсихолошји момент јо објаснува проф. др ненад моачанин од одделот историја на Филозовскиот факултет дека дервишкиот обред и ритуал со бодење е нивото на дервишкиот начин на живот. Тоа подразбира, молитви и некои движења на рацете со кој се доаѓа до екстаза каде не се чувствува болката и покрај бодењето нема ниту крв.

Моачанин вели дека овој парапсихолошки феномен, науката нема објаснување.
Исто во текстот се напоменува дека во годините кои изминаа Американците буквално полудуваат да бидат дел од дервишите. Но за разлика од другите, американските дервиши колку што е познато не практикуваат многу бодење со игли.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 582 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот