Навршија 30 години од стрелањето на романскиот диктатор Николај и неговата сопруга Елена Чаушеску, кои со одлука на воениот суд беа стрелани на Божик на 25 декември 1989 година.
Николај Чаушеску бил претседател на Романија од 1965. година, сè до својата смрт, 1989. година, кога бил стрелан. Судењето и извршувањето на казната беа снимени со видеокамера. Снимката со голема брзина го обиколи светот, а романската телевизија ја прикажала неколку дена подоцна.
Во зовриената атмосфера било тешко да се одлучи каква ќе биде судбината на Чаушеску и неговата сопруга. Одлуката била тоа да го направи воениот суд. Со воени хеликоптери на тој 24 декември во Трговиште одлетале министерот за одбрана Станкулеску, полковниците Гица Попа и Џон Нестор, како и воениот обвинител Дан Војнеа, записничар, адвокат, двајца камермани и капетан со 8 војници.
По неколку години гробот на Николај Чаушеску станал место за средба на неговите следбеници, од кои некои ден-денес жалат за него. Речиси половината Романци сметаат дека Николае Чаушеску беше политичка личност која одигра позитивна улога во историјата на Романија.