Во малото унгарско гратче Орoслани во непосредно пред новогодишните празници се случи брутално убиство.
Жртвата е идентификувана како Елизабет Ковач (37), која беше убиена на најбрутален начин.
Според зборовите на нејзината мајка Ева Фаркаш убиството се случило за време на нејзината роденденска забава.
„Мене ми се јави еден пријател кој ми рече дека мојата ќерка Елизабет е убиена. За убиството не бев информирана од полицијата. Инаку на Елизабет и бев стартаел оти таа беше хендикепирана и не знаеше ниту да чита ниту да пишува.„ рече Ева.
Според медиумите Елизабет на 30 декември заминала на една забава. Таа својот убиец го однела во својот стан каде била под кирија без да се сомнева дека ќе стори нешто такво. Тој ја убил на тој начин што и го пресекол гркланот, и во стомакот имала три убодни рани. Кога сопственикот на станот се вратил од работа затекнал ужасна слика и ја повикал полицијата. Очигледно дека имаше знаци на борба затоа што дектективите под нејзините нокти најдоа кожа.
По истрага од полицијата земени се примероци од десетина сомнителни и според ДНК анализата пронајден е сторителот кој е бездомник.
Инаку Елизабет има и една 14 годишна ќерка.