O našutne anglal o udara taro sastipaskoro sistemi

Станува збор за 213 косовски бегалци Роми кои 20 години се заглавени во системот. Меѓу нив е и тешко болната Јасмина Шаќири која поминува голгота низ лавиринтите на македонското здравство 

Едно од нив е семејството на Мусли Шаќири кои имаат признаен статус на бегалци. Откако неговата сопруга се разболела, тие во последните месеци поминуваат низ голгота, одејќи од врата до врата низ лавиринтите на здравствниот

Јасмина Шаќири, сопругата на Мусли, боледува од карцином на белите дробови и е во многу тешка здравствена состојба.

Таа, нејзиниот сопруг Мусли и осумте деца веќе 20 години живеат во државата како бегалци од Косово. Нивните деца склучиле бракови, се помешале со македонски државјани, но никој од нив досега не се стекнал со македонско државјанство.

Иако им следува здравствена заштита како и на сите граѓани, во пракса наидуваат на многу проблеми. Велат дека се случува со месеци да немаат здравствено осигурување поради одредени пречки во системот.

Јасмина вели дека плаќа партиципација како и сите пациенти иако лекувањето за оваа болест е бесплатно. Оваа фискална сметка покажува дека тешко болната жена платила 3.700 денари за да може да го добие резултатот од биопсија.
За Институтот за патологија не било важно што таа е од социјално ранлива категорија и живее со државна помош од 3.500 денари. За споредба, партиципација за вакво слично испитување, бипосија изнесува 150 денари.

Ова семејство е само едно од многуте кои цели 20 години се соочуваат со проблеми, а нивното интегрирање во системот станува невозможно. Иако на хартија ги имаат истите права како и другите граѓани, во пракса велат дека им се случуваат многу небулози.


На тешко болната Јасмина и е потребно лекување, редовно примање на терапија за болка која во моментот мака мачат да ја добијат. Здравствено осигурување и добивање на добра и редовна здравствена заштита се приоритет и еден од суштинските проблеми во низата што ги мачат косовските бегалци,  кои 20 години се заглавени на дното од кое не можат да излезат.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 215 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата