Белград направи договор за набавка на 300 контејнери наменети за сместување на Роми , а работата е доделена во вториот обид.
Градоначелникот Драган Ѓилас првиот тендер го поништи поради високата цена. За набавка на контејнерите Белгард на крајот ќе треба да одвои околу 700.000 евра.
- Првиот тендер го завршивме пред месец и половина – рече Ѓилас. Пристигнаа три понуди , а само една беше исправна и тоа по цена од околу 1.6 милиони евра. Баравме да ја намалат цената , а понудувачот ни даде намалување од само два проценти.
Не прифативме и пота распишавме нов тендер. Повторно пристигнаа три понуди и на крајот со непосредна спогодба ,беше договорена цена од околу 700.000 евра.
Контејнерите во договор со стручњаците од Европската банка ќе бидат распоредени по населби. Ние сме подготвени до крајот на месец август да ги дислоцираме Ромите кои се сега на локација под мостот „Газела„