Во Бујановац во саботата на 18 јануари во ромската населба попознат како Пат за Гнилане се случи голема огнена стихија.
Во тој пожар потполно изгоре куќата на едно смејство, но според полициски извори за среќа нема човечки жртви, но сепак материјалната штета е голема.
Буквално е изгорена целата покуќнина.
Според информациите причината за пожарот е најверојатно од неисправна електрична инсталација.
Пожарот се случи околиу 19:40 часот, каде на место на настанот за жал излезе само едно противпожарно возило, кој после неколку часона борба успеа да го локализира огинот.