По едно одборничко место на локалните избори во Бујановац ги освоија и двете ромски политички партии - Партија за Ромско единство (RSJ) која освои 671 глас, додека Обединетата партија на (UPR) освои 390 гласа . Инаку медиумите напоменуваат дека Демократската Партија (DP) на Нагип Арифи победник на локалните избори во Бујановац со нешто повеќе од 5.000 гласа и освоени 10 мадати. На второ место беше коалицијата на Српската напредна странка (SNS) со осумдесетина гласови помалку , но исто освоени 10 мандати.
Партијата за демократско дејство (PDD), со освоени околу 3.700 гласа, освои 8 мандати.
Движењето за демократски прогрес (PDP) освои 4 мандати од вкупно 1.950 гласа.
Link: https://rominfomedia.rs/?p=18070