Рустем и Шехерезад од штипска Лакавица до пред неколку години биле среќни и здрави, но денес се им е променето од корен. Живеат во напуштена баракa, гладуваат и здравјето не им е најдобро, тие се заедно 25 години, но животот им задал многу удари.
Ова семејство не било од секогаш во ваква систуација, тие работеле во странство. Но имале и своја фирма за водоводни елементи. Бизнис кој не му одел а сега нема ниту 1800 денари да ја затвори фирмата со која би се пријавил за примања. Немат ниту бања. – Јас ќе се искапам во бањата на неколку пати во годината, но сопругата само се брише со влажна марамица, повеќе од тоа неможеме.
– Бевме во Црна Гора како сезонски работници но ги намалија платите ситауцијата стана лоша и дојдовме овде, но од тогаш ништо не ни оди во животот, вели Рустем
– Се задолжувам во локалната продавница, земаме некој минимални примања кој едвај стигаат за памперси и лекови.
– Покрај ситуацијата во која сме уште поголема болка ми е синот, кој направи голема грешка во животот и сега е во дом за малолетници.
– Лошото друштво си го направи своето тој подлегна на некој игри, но се надевам за скоро дека ќе излезе и ќе биде покрај мене.