Социјала

Девет од 10 луѓе во сиромашните земји нема да добијат вакцина против Ковид – 19, зошто западот ги има купено речиси сите дози

Девет од десет луѓе во 70 држави со ниски примања најверојатно нема да бидат вакцинирани против ковид-19 следната година бидејќи мнозинството од најветувачките вакцини се купени од западните земји, предупреди алијансата „Пипл‘с ваксин“, во која членуваат неколку меѓународни организации, како Амнести интернешнал. Додека Велика Британија вчера почна да го вакцинира своето население, „Пипл‘с ваксин“ посочува дека владите на богатите земји на големо купуваат вакцини, оставајќи ги сиромашните држави во немилост на вирусот. „Богатите земји со 14% од светското население имаат обезбедено 53% од севкупното количество на најразвиените вакцини против ковид-19. Само Канада има нарачано толку многу вакцини што пет пати ќе може да го вакцинира своето население. Ако нешто не се смени драстично, милијарди луѓе нема да добијат безбедна и ефективна вакцина против ковид-19“, вели алијансата. Речиси целото количество од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ ќе оди во богатите земји, откако западот купил 96% од дозите, а вакцината на „Модерна“ исто така е целосно наменета за богатите земји. Двете вакцини се доста скапи и мора да се складираат на ултраниски температури, што ги прави потешко достапни за сиромашните држави. Оксфорд и „АстраЗенека“ кажаа дека 64% од нивната вакцина ќе оди во земјите во развој, што беше поздравено од алијансата, со напомена дека една компанија не е доволна за да го снабди целиот свет. „Во најдобар случај, тие може да допрат до 18% од светската популација следната година“, велат од „Пипл‘с ваксин“.

Ромките и жените патнички велат не на насилството врз жените! "Портокалов свет! Портокалово е твојот дом!"

16-те дена Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените се одбележува во периодот од 25 Ноември до 10 декември, Денот на човековите права, се познати како кампања за 16 дена активизам против родово насилство, време за галванизирање на акција за ставање крај на насилството врз жени и девојки низ целиот свет. Кампањата „Портокалов свет“ иницирана од Обединетите нации е дел од овој напор: портокаловата боја симболизира посветла иднина, без насилство.

Дваесет европратеници ја повикуваат ЕУ да започне преговори со Македонија

Пратеници од сите политички партии во Европскиот Парламент бараат да не се испушти денешната шанса за зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со  Македонија до крајот на оваа година.
Во изјава потпишана од дваесет европратеници се повикува Бугарија да ја одобри преговарачката рамка на ЕУ за Македонија и да се овозможи прогрес и за Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Пратеници од сите политички партии во Европскиот Парламент бараат да не се испушти денешната шанса за зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија до крајот на оваа година.
-Предупредувајќи дека блокирањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија го загрозува кредибилитетот на Европската Унија на западниот Балкан, тие ги повикуваат Бугарија и Македонија да изнајдат компромис за билатералните прашања за да се избегне натамошно одлагање на процесот, стои во писмото.
Бугарија, повикуваат европратениците, треба да го одобри отворањето на меѓувладината конференција со Македонија што е можно побрзо и со тоа да оддаде признание за напорите на земјата во пристапниот процес кон ЕУ. Тие ја повикуваат македонската страна исто така „да го вложи секој можен напор" за решавање на споровите.
Албанија, која исто така нема да добие зелено светло денеска бидејќи дебатата за проширувањето е отстранета од дневен ред и фигурира само како информативна точка, треба да добие признание за своите реформски напори, велат европратениците.
Писмото е потпишано од известувачот за Македонија во Европарламентот, бугарскиот пратеник Илхан Ќучук, како и од други пратеници добро познати на македонската јавност – Тања Фајон, Дејвид Макалистер, Рајнхард Бутикофер и други

Чест која ја заслужи: Џеј Рамадановски ќе биде погребан во Алејата на заслужните граѓани!

Собранието на општината Белград им пристигна предлог од ромските здруженија Џеј Рамадановски да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани , изјави заменик градоначалник Горан Весиќ и додаде дека Џеј заслужува да почива меѓу заслужените граѓани на Белград. Васиќ напомена дека честа ја заслужил со успешната и професионална кариера и уметнички дела.
- Џеј беше еден од тие чии песни ги слушаа и тие кој не ја сакаа музиката која што ја пееше. Беше добриот дух на Белград, не беше совршен, како и никој од нас не е совршен, но затоа беше шмекер. Едноставно тој беше Џеј!
Колку беше голем го покажува и нашето чувство кога разбравме дека почина.И ние кој лично го знаевме, и тие кој го познаваа самоп преку песните. Чувството беше како да изгубивме некој свој близок член од семесјството – напомена.
Џеј можеби ќе добие и споменик во паркот Панчиќ во Дорчол, на улицата Скендербег каде што и порасна. За да може да се наименува улица по некоја личност според одлуката на Собранието ма градот Белград. Треба да поминат три години од смртта.
За потсетување Џеј Рамадановски почина на 6 декември 2020 година.

Link: https://www.alo.rs/vip/estrada/dzej-ce-biti-sahranjen-u-aleji-zasluznih-gradana/362828/vest

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 468 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата