Социјала

Р.С. Македонија сака да претседава со ОБСЕ во 2023, кандидатурата на дневен ред на министерскиот состанок

Северна Македонија сака да претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ во 2023 година, а нејзината кандидатура ќе се разгледува на министерскиот состанок на оваа организација кој се одржува денеска и утре во Тирана, Албанија, која годинава е претседавач.
Кандидатурата е поднесена на предлог на македонското МНР, а со одлука на Владата. Министерот за надворешни работи Бујар Османи во текот на ноември соопшти дека со писмо го известил премиерот на Албанија Еди Рама, со што и формално нашата кандидатура ќе биде ставена на дневен ред на овој декември состанок на ОБСЕ.
Земјава годинава одбележа 25 години од членството во ОБСЕ и ова е прва кандидатура за претседавање со организацијата.
На годишниот министерски совет на ОБСЕ во Тирана се очекува земјите членки да постигнат договор за избор на неколку најважни позиции во оваа најголема регионална безбедносна организација.

Сексуални услуги и преку ден во Скопје: Срам не срам, работиме преку ден за корка леб инаку ќе гладуваме

Десетина сексуални работнички кои својата таканаречена „тезга“ ја држат во реонот околу зградата на Македонската радио и телевизија, ноќната работа ја премостиле, па сега работат само преку ден. Причина за ваква новонастаната состојба, како што тврдат дел од жените е малиот број на клиенти во вечерните часови од кога во земјава се рашири коронавирусот.
Велат дека мал број на клиенти имало и во текот на летниот период, а иста состојба било се до пред десетина дена кога се договориле да „работат“ само преку ден. Некои од нив велат дека и поради коронавирусот побезбедно се чувствуваат кога работат преку ден, а навечер пак, имале проблеми и со полицијата која го „ловела“ нив, но и муштериите.
– Откако се рашири коронавирусот, се намали бројот на муштерии навечер. Почнаа мажите да не доаѓаат како што било поодамна. Се случувало во една вечер да има пет до шест муштерии, па меѓу девојките да има расправија која ќе го услужи. Токму малиот број на клиенти доведе прво некој девојки, а потоа сите да ги намалиме цените на услугите. Пред короната, сексуалната услуга чинеше од 15 до 17 евра. Денеска цената е преполовена. Многу од муштериите немаат кондоми, па мораме ние да купуваме, да имаме за да им дадеме. Кога од заработеното ќе се одземат и купените кондоми, тогаш есапот вели дека работиме за 6-7 евра. Срам не срам, и ние работиме за корка леб и мора да работиме преку ден инаку ќе гладуваме – вели 37-годишната Сузана, сексуална работничка од Скопје.
Нејзината „цимерка“ Ајнур, која тврди дека има 23-години и била родум од Тетово, додека се грее на запалениот оган на тротоарот на кејот на Вардар вели дека многу од девојките меѓу кои и таа, биле исплашени од коронавирусот.
– Навечер каде имаш време да видиш дал некој е болен или е здрав. Гледаш побрзо да ја завршиш работата. Навечер не можевме да видиме дали некој клиент носи маска, дали кашла и да не е случајно болен. Сега, откако работиме преку ден полесно се забележуваат тие работи. И нашите пријатели кои не чуваат преку ден полесно можат да забележат дал некој од минувачите или од клиентите ни прави проблем, па можат да реагираат – вели младата девојка.
Долж тротоарите на улицата „Кеј Димитар Влахов“ почнувајќи од кај зградата на Македонската академија на науките и уметностите се до зградата на Македонската радио и телевизија, работат околу дваесетина сексуални работнички. Поделени се во табори, или како што тврдат по меѓусебно познавање и пријателство.
Помладите девојки кои се занимаваат со најстариот занает на светот го „држат“ реонот токму околу МКЦ, додека тие во средовечни години се распоредени од зградата на МРТ до блиската бензинска пумпа.
Повеќето од сексуалните работнички велат дека откако почнале да работат преку ден, се чувствуваат побезбедно, а и навреме ги забележувале полициските патроли кои често им ги бркале „бизнисите“ со муштериите.
po “biznisi” e klientencar.

Link: https://www.slobodenpecat.mk/seksualni-uslugi-i-preku-den-vo-skopje-sram-ne-sram-rabotime-preku-den-za-korka-leb-inaku-ke-gladuvame/

Европратеникот фатен во „геј оргии„ е од партијата на премиерот Виктор Орбан - ФИДЕС

Европратеникот Јозеф Сајер призна дека бил на „приватна забава“, а дека неговата „грешка“ била „строго лична“. „Ги замолувам сите со ова да не ја опфаќаат мојата татковина или мојата политичка заедница“, додаде тој. Сајер поднесе оставка од владејачката партија Фидес во Унгарија и од функцијата европратеник.
Јавното обвинителство соопшти дека случаен минувач пријавил во полиција дека видел човек што бега по олукот. „Рацете на човекот беа крвави. Можно е тој да бил повреден при бегството. Во неговиот ранец беа пронајдени наркотици“, се вели во соопштението на јавното обвинителство. „Човекот не достави документи со лични податоци. Тој беше придружуван до неговото место на живеење, каде што со дипломатски пасош се идентификуваше како С.J. (1961)“. Сите присутни на забавата добија казни за прекршување на мерките. Јавното обвинителство во Брисел било информирано за инцидентот и одлучило да ги ослободи учесниците без дополнително обвинение.
Сајер во својата изјава рече дека полицијата му дала „официјално вербално предупредување“ и го вратила дома. Тој рече дека не бил дрогиран и додаде дека му е „жал“ и дека „длабоко се кае“ што ги прекршил прописите за коронавирусот. „Тоа беше неодговорно од моја страна. Подготвен сум за казната што ќе ми ја определат“, рече тој.
Сајер и неколку дипломати беа фатени од полицијата при „оргија“ во бар во центарот на Брисел, а локалните медиуми објавија дека пратеникот се обидел да избега низ прозорецот.  Во Белгија се забранети собири на повеќе од четири лица и е воведен полициски час во обид да се ограничи ширењето на ковид-19.
Кој е Сајер?
Сајер е еден од најблиските соработници на унгарскиот премиер Орбан. Бил член на советот кој го подготвувал нацртот на новиот устав од 2012-та година, со кој се барала заштита на „христијанските вредности“ и дефинирање на бракот како заедница на маж и жена. Кон крајот на 90-тите студирал во Оксфорд како стипендист на организациите на Џорџ Сорос, кого сега заедно со Орбан го обвинуваат за поткопување на традиционалните вредности на унгарското општество.

Вакцинација против коронавирус во ЕУ - од јануари

ЕУ ја почнува проверката на вакцините на Бионтек/Фајзер и Модерна. Одлуката за давање дозвола е најавена за крајот на декември односно почетокот на јануари. Вакцинацијата во Европа би можела да почне по Нова година. Барањата за издавање „условна дозвола" за употреба на првите две вакцини против Ковид-19 во ЕУ од германско-американските фирми Бионтек и Фајзер и американскиот производител Модерна веќе пристигнаа во Европската агнеција за лекови, ЕМА во Амстердам. За вакцината развиена во Германија веројатно ќе биде донесена одлука на 29 декември, за американската вакцина – на 14 јануари. Доколку сѐ оди според планот, од почетокот на јануари во ЕУ би можело да започнат првите вакцинации со имунизирачкото средство на Бионтек. Производителот во меѓувреме врши проверка дали вакцината останува стабилна и на помалку ниски температури. Освен тоа, препаратот може да се складира во медицински ладилници во центрите за вакцинација, од каде може непосредно да биде лиферуван до матичните лекари, кои пак своите пациенти би ги договарале по точен временски план, па така препаратот ќе биде искористуван во текот на денот.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 458 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата