Социјала

Хрватска: Исповест на Ром од Меѓумурије: „ За многумина сум криминалец, иако студирам на Оксфорд„

Ромите во Меѓумурије пристигнуваат по укинувањето на ропството на просторите на денешна Романија во 1855 и 1856 година, кога на територијата помеѓу Меѓумурије и Подравина се доселија првите Роми „коритари„. Тие се од католичка вероисповед и во општинските акти на Мала Суботица првиот Ром е спомнат 1. Септември 1865 година . Инаку просторно тие се довоени од поголемиот дел на хрватското население, кое генерира еден клучен проблем во образованието – непознавање на хрватскиот јазик.

 

Бенјамин Игнац (28), млад интелектуалец кој студира јавни политики во Оксфорд , каде дојде како стипендист на Blavatnik School of Government, кое целото детство го поминал во ромската населба Ореховица.

 

По одличните резултати во Гимназијата Јосип Славенски во Чаковец, образованието го продолжи во странство , меѓу кој и на United World Collegeu во Норвешка, а дипломирал во 2016 година во Оклахома во САД, работеше во НАСА на проект , и по враќањето во Европа се вработи во Европскиот центар за правата на Ромите во Будимпешта.

 

Тој смета дека предложените мерки кој се за решавање на проблемите во Меѓумурје не се добри.

 

Повеќето медиуми се пристрасни и во донесување на одлуките користеа и тактика со ширење на ирационален страв и недоверба  или манипулативна тактика на збунување кои прават контрареторика каде се вртат улогата на жртвите.

 

Не сметаат за криминалци, паразити или товар на народот поради што мнозинството е огорчено поради колективните казни или елиминација. Овој наратив е штетен за статусот на Ромите во Хрватска , и со посебна перцепција на ромскиот индивидуалец.

 

Потребно е да се третираат Ромите кој го прекршуваат законот индивидуално, а не на колективно ниво, и тоа со рехабилитација , а не казнување – напомена Игнац

 

 


Link: https://www.vecernji.hr/vijesti/ispovijest-roma-iz-medimurja-za-mnoge-sam-kriminalac-iako-studiram-na-oxfordu-1382507

HELP Отворен е конкурс за повратници со договор за реадмисија, азиланти и социјално загрозени групи

Германската организација HELP – Hilfe zur Selbsthilfe e.V.  го реализира проектот „Управување со миграцијата и подршка за повратниците азиланти„.

 

Целта на проектот е спречување и давање подршка на повратниците по реадмисијата, баратели на азил и други припадници на социјално загрозени граѓани.

 

Проектот има директно влијание на зголемена социјална инклузија на загрозените групи и подобрување на условите на живот.

 

Во реализација на проектот во Србија , во март 2018 година огранизацијата SKRUG Лига на Ромите отворени беа 13 информативни центри со можност низ проектот на HELP за можностите од подршка од други релевантни организации и институции.

 

Конкурсот од доходовни активности и стручни обукиу повторно официално е отворен на 20 февруари и ќе трае до 20 март 2020. Заинтересираните ќе можат да се јават во информативните центри  за сите заинтересирани корисници.

 

Инфо центри:

HUB2 – Белград, Humanitarni Centar “ROM” Обреновац

HUB3 - Смедерево, Udruženje Roma” 21 Jelena”

HUB4 - Суботица,  Edukativni centar Roma

HUB5 – Нови Сад, Udruženje romskih studenata

HUB6 – Кикинда,Udruženje građana PROMA ROTA

HUB7- Крагујевац, Romanipen

HUB8- Ниш, “YUROM Centar”

HUB9- Бор, Romska inicijativa mladih”Gipsy soul”

HUB10- Сурдулица,  “Udruženje Roma intelektualac”

HUB11-Лесковац, Romska obnova, saradnja i alternativa-ROSA

HUB11-Врање organizacija “Bakija Bakić”

HUB12-Бујановац, organizacija OFER

 

 

Link: http://rominfomedia.rs/help-otvoren-konkurs-za-povratnike-po-sporazumu-readmisije-azilante-i-socijalno-ugrozene-grupe/

Сите детали на новиот закон: Ако сакате да се преселите во Германија, ова треба да го знаете

Законот за доселување на експерти кој се однесува на квалификувани работници од земјите надвор од ЕУ стапи на сила.

 

Сега подетално, ќе се обидеме да ви објасниме какви се олеснувања носи токму тој Закон за имиграција во една од најмоќните економии во Европа.

 

Според новиот закон, како експерти веќе не се сметаат само луѓе со висока стручна подготовка, туку и квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно на германското образование, а нивните дипломи мора да бидат признаени во Германија.

Целта е признанието на дипломата да заврши во рок од три месеци по предавањето на сите потребни документи , а процесот на издавање виза за експерти би требало во иднина да трае најмногу четири до шест недели.

 

Законот, се однесува на било кој експерт од земјите надвор од ЕУ кој може да докаже дека има договор за работа во Германија и одговарачки стручни квалификации.

Не се опфатени помошни работи за кои не е потребна стручна квалификација, но работници кои имаат основна професионална квалификација и договор за работа или понуда за работа во Германија мора да се доквалификуваат.

 

Секој кој има договор за работа или конкретна понуда за работа, ќе добие дозвола за престој на четири години или онолку колку што трае договорот за работа.

После четиригодишниот престој, експерите може трајно да се населат во Германија, односно да се стекнат со правото на неограничен престој.

 

Секој кој сака да бара работа во Германија ќе добие виза на шест месеци, а предуслов е да имаат пари да ги покријат трошоците за живот во текот на тој период и да зборуваат германски на ниво Б2.

 

Новиот закон се однесува и на странците кои сакаат да студираат или стручно да се обучуваат во Германија, но тие мора да бидат помлади од 25 години.

Оние кои две години по дипломирањето работат во Германија имаат право на постојан престој.

 

Посебниот пропис се однесува на експерти постари од 45 години, кои ако сакаат да дојдат во Германија мора да имаат плата од најмалку 3 685 евра бруто или доказ дека уплатувале за соодветна пензија.

 

Оние кои во Германија доаѓаат со семејството мора да приложат доказ за тоа дека може да го издржуваат како и дека имаат доволно голем стан , што подразбира околу 950 евра по лице и 10-12 квадратни метри по лице.

 

Сопружници и деца постари од 16 години мора да поседуваат основно знаење на германски јазик, ниво А1, а дојденците немаат право на социјална помош.

Иако новиот закон стапи на сила на 1 март, стариот закон за земјите од Западен Балкан важи до крајот на годината.

 

Според тоа закон, за доаѓање во Германија не била потребна диплома, ниту положен испит за знаење на јазикот, а можеа да доаѓаат и неквалификувани работници.

Вакцина против новиот коронавирус може да се очекува за три до четири месеци.

За тој временски период би се направиле првите клинички испитувања, најави портпаролот на Светската здравствена организација Тарик Јашаревиќ.

 

„Тимови на експерти од целиот свет се ангажираат дење и ноќе во оваа и другите заеднички мисии и веруваме дека тоа ќе даде резултати. Новиот вирус е глобален проблем, а вакцината против него е глобален напор да имаме поддршка и од Светска банка и од Коалицијата за иновации во спречувањето на ширење заразни болести. Целта на сите е да се најде вакцина што е можно поскоро”, изјавил Јашаревиќ за медиумите.

 

Според него, потврдено е врз основа на генетската структура на вирусот дека не доаѓа од лабораторија, а се зголемуваат докази за поврзаност на ковид-19 со слични коронавируси кои се јавуваат кај лилјаци.

 

„Самиот почеток и пренесувањето на вирусот на луѓе досега е нејасен. Најверојатната претпоставка е дека животно е преносник од лилјаци на луѓе”, рекол Јашаревиќ, кој посочува и дека посебна загриженост е што има случаи без без јасна епидемиолошка поврзаност.

 

Бројот на луѓето што досега низ светот починаа од компликации настанати по заразувањето со коронавирус надмина 3 000 откако Кина денеска пријави уште 42 нови смртни случаи.

 

Но, смртни случаи има и во други земји, вклучувајќи ги и 54-те во Иран и над 30 во Италија до вчера.

 

Во светски рамки има речиси 90 000 потврдени случаи на инфекција, а бројот на заразени сега расте побрзо надвор од Кина, отколку во оваа далекуисточна земја.

Светските медиуми јавуваат дека повеќето пациенти имаат само лесни симптоми, цитирајќи податоци на Светската здравствена организација (СЗО), а засега смртноста кај оваа епидемија варира меѓу два и пет отсто.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 559 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата