Социјала

Филипче: Состојбата со корона вирусот е под контрола, а како превенција ја разгледуваме опцијата за ограничување на јавните собири во интерес на јавното здравје

Пациентката кај која како прва беше откриен корона вирусот, останува до сега единствена. Нејзината општа здравствена состојба е добра и стабилна, не покажува знаци на евентуални идни компликации и можеме да кажеме дека влегува во фазата на опоравување, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Лицата кои биле во контакт со оваа пациентка се сѐ уште во домашна изолација под медицински и безбедносен надзор, и тој процес се одвива во позитивна насока.

Министерот Филипче информираше дека Комисијата за заразни болести при Институтот за јавно здравје, препорачала да биде разгледана опцијата за ограничување на поголеми јавни собири, се со цел да се превенираат можностите за контакт со лица кои доаѓаат од областите во другите земји каде што е прогласена епидемија од корона вирусот.

Џамбо Агушев по шести пат Прва труба на „Златна Бубамара“

Еден од најдобрите трубачи, не само во Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, Џамбо Агушев од Струмица, повторно е прогласен за најпопуларен трубач и прва труба во Македонија на синоќешното 23-то издание на мега-популарната манифестација „Златна Бубамара на популарноста 2020“, која се одржа синоќа во преполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

 

„Ова година ми е шеста награда по ред. Овој пат повторно сум награден со Прва труба и автор на музиката на Корејскиот филм „Окја“, кој беше номиниран за најдобра музика, а во филмот свират и членовите од мојот оркестар.

 

Благодарам на сите кои ме поддржуваат мене и мојот оркестар“ – ни кажа младиот трубач Џамбо, кој вели дека најмногу е горд на наградите што ги добива дома во Македонија.

 

Link: https://www.strumicanet.com/index.php/magazin/

Белградската автобуска станица ги дискриминира Ромите кои го разнесуваат багажот

Повереникот за заштита и рамноправност Бранкица Јанковиќ утврди дека Белградската автобуска станица –БАС ги дискриминира припадиниците од ромска националност кои работат во разнесување нас багажот на таа станица. Ова е врз основа на дадената преставка од страна на Иницијативата за економски социјални права A11.

 

Во соопштението од А11 се вели дека, после преместување на автобуските перони на Белградската автобуска станица , на носачите кои како регистрирани за таа дејност со години се занимаваа со тоа, обезбедувањето им оневозможи пристап до пероните  со образложение дека:„Ромите не можат да работат повеќе„

 

Во препораката од А11 се вели дека треба да им се овозможи непречен пристап за работа на Ромите и воедно да изврши обука врз вработените во БАС, да бидат потоерантни и да ја препознаат дискриминацијата. Тоа е потребно во рок од 30 дена да постапи според препораката.

 

Јанковиќ објасни дека постапката е во тек и дека законот не и дозволува  да ги коментира деталите.

 

Link: https://www.novosti.rs/vesti/naslovna/drustvo/aktuelno.290.html:849740-Jankovic-BAS-diskriminisala-Rome-koji-su-raznosili-prtljag

Американски фотограф ги документира невидливиот живот на Ромите

Кога Мајкл Даманти, фотограф од САД се пресели во Мадрид пред пет години, со својата сопруга Шпанка  и две деца, очекуваше дека во новиот град ќе стекне многу нови пријатели.

 

Но на она што не сметаше е дека ќе запознае група на луѓе кој ќе имаат големо влијание на неговиот секојдневен живот и работа.

 

Даманти направи изворедна  сет фотографија на група луѓе кој во најдобар случај се невидливи во општеството, а во најлош случај честа цел на злоставување.

 

Пријателството се зацврсти, еднаш и го повикаа на вечера со семејството додека ја подготвуваа во картонската колиба под мостовите каде и живееа.

 

Дури им направи и концепт на роденденски забави, штом разбра дека всушност поголемиот дел од нив ниту знаеа колку години имаат, а не и родендени да слават.

 

Како резултат на сето тоа Даманти стана најголемиот подржувач на правата на Ромите.

 

“На почетокот само бев приклучен да направам интересна фотографија, но таа го заживее и сопствениот живот. Очекував да ги фотографирам луѓето од населбата Сол, но не очекував дека толку ќе ми се допаднат. Затоа и сакам да им помогнам колку што можам, на тој начин што ќе ја подигам свеста за нивната маргинализација или само да им носам облека.Но најважно од сето тоа е да се однесувам кон нив како пријатели  и да ги испочитувам еднакво како и останатите„

 

Повече фотографии на Мајкл Даманти можете да ги погледнете на следниот линк

https://mcxd19.wixsite.com/damanti/street-photos

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 182 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата