Социјала

Сиромаштијата го зголемува и семејното насилство

Порастот на семејното насилство е индикатор на општествените состојби и одраз на моделите на однесување кои ги нудат сите општествени нивоа, ја анализираат експертите најновата статистика која покажува загрижувачки бројки.

Во првото полугодие од годинава бројот на кривични дела за семејно насилство е зголемен за 16,1 насто, а поплаките за семејно насилство се зголемиле за 3,4 проценти.

„Статистиката забележува дека секогаш кога состојбите во општеството стануваат потурбулентни, понесигурни, понеизвесни, посиромашни, настанува едно зголемување на степенот на агресија воопшто, но исто така и на степенот на семејно насилство“

Социјалната несигурност ја зголемува и склоноста кон социолошки патолошки однесувања и тензија кај населението што севкупно создава насила атмосфера.

Моделот на насилство е присутен насекаде. Се тргнува од семејството каде што потполно е занемарена комуникацијата која што е првото скалило на насилството. Воспитниот процес кој започнува овде е некаде во длабока криза.

Интеграција на Ромите во Германија

За периодот 2014-2020 година, на Германија ќе бидат распределени вкупно 17,1 милијарди евра во фондовите на Европскиот социјален фонд (ЕСФ) и Европскиот фонд за регионален развој (ЕРДФ).

Од оваа сума, најмалку 36,8% ќе бидат потрошени на ЕСФ, со најмалку 20% од тоа да се промовира социјалното вклучување и борбата против сиромаштијата.

Советот на Европа проценува дека има околу 105.000 Роми кои живеат во Германија (0,13% од населението).

Германија промовира интеграција на Ромите на државно, локално ниво, како и на сојузно ниво.

Националната стратегија за интеграција на Ромите во Германија не е стратегија како таква, туку интегриран пакет мерки на политики во рамките на германската политика за социјално вклучување. Во дефинирањето на политиките, Германија е посветена на промовирање еднакви можности за сите загрозени групи, вклучително и Ромите.

 

Интеграција на Ромите во Франција

За периодот 2014-2020 година, на Франција ќе и бидат доделени вкупно 15,9 милијарди евра во рамките на Политиката за кохезија (Европски социјален фонд и Европски фонд за регионален развој). Најмалку 41,7% од оваа сума ќе биде потрошена на ЕСФ со најмалку 20% од оние што одат за промовирање на социјална вклученост и борба против сиромаштијата.

Вториот може да ги финансира и мерките поврзани со Ромите.

Советот на Европа проценува дека има околу 400.000 Роми кои живеат во Франција (0,21% од населението).

Националната стратегија за интеграција на Ромите во Франција не е стратегија како таква, туку интегриран пакет мерки на политики во рамките на политиката на Франција за социјално вклучување.

Човековите права на Ромите во Србија и понатаму брутално се прекршуваат

Всушност се работи за параполицискиот одред „Српска част„ кој му го одзеде коњот на едно 17 годишно момче -Ром кој го тепаше неговиот коњ.

Тие му го одзедоа, и го предадоа на друшвото за заштита на животните „Зоо планет„ од Ниш, со предупредување кон момчето дека тоа да им послужи за пример и на останатите Роми ако постапуваат кон нивните коњи исто, и ним ќе им ги одземат.

НВО секторот реагира на ова самоволие на „Српска част„ и дека право на одземање на имот имаат само државните институции , ане некои „параполициски „ и слични поединци.

Link: https://www.juznevesti.com/Drushtvo/Maloletnik-tukao-konja-Srbska-cast-mu-ga-oduzela-vaninstitucionalno-sprovodjenje-zakona.sr.html?fbclid=IwAR0B4zXmigvha44puaE6swgaEl8TgOkSVtDSjEa4YOQs3rB_WC2HAd0l87Y

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 163 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата