Социјала

Германските медиуми јавуваат дека нападите врз имигрантите минатата година во Кемниц биле планирани од страна на радикалната десница

Нападите врз имигрантите што се случија минатото лето во Кемниц, Саксонија беа планирани од десничарски радикали, како што може да се види од нивните онлајн комуникации едни со други во тоа време, во кои пишуваа за ангажирање во „лов“.

Вестите за овој доказ беа пријавени минатиот месец во врска со информациите од полицијата од страна на германските радиодифузери NDR и WDR и весникот „Суддојче Цајтунг„

Во Германија се појавија жестоки политички дебати околу тоа дали минатогодишниот насилен одговор на убиството на 35-годишен маж во тој град во близина на чешката граница треба да се смета токму за такво бркање на имигрантите од страна на радикалите.

Возбудливите недели на немири во градот со околу 250 000 жители беа започнати како одговор на убиството на Даниел Хилиг, за што еден млад државјанин на Сирија неодамна беше осуден на 9,5 години затвор.

Друг осомничен за случајот, млад државјанин на Ирак, сè уште е на слобода. По убиството, бројните демонстрации се движеа низ Кемниц на кои присуствуваа десничарски радикали во голем број.

Министерството за здравство може да казнува за непримени вакцини, но не може да забрани упис во училиште

Според постојната законска регулатива, при запишување во прво одделение, родителот односно старателот е должен да достави потврда за примените вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.

Но, законот не содржи забрана за упис во училиште на децата кои не се вакцинирани.

Задолжителната имунизација е предвидена со законите од областа на здравството, во која се предвидени механизми и санкции доколку не се исполнат обврските за задолжителна имунизација.

И самото Министерството за образование, покрај правото на образование на детето, ќе го обезбеди и правото на безбедност и здравје при престој во училиштата, велат дека институциите се должни да обезбедат остварување на сите уставно загарантирани права, без тоа да биде на сметка на кое било друго право.

Ако тоа е неопходно, мора да се води сметка за штетата да биде најмала, односно забранувањето да не води кон целосна забрана за остварување на некое човеково право.

Обврска е на Министерството за здравство и здравствените институциите да ја спроведат имунизацијата и да обезбедат заштита на населението од заразни болести, на кои децата се изложени не само во училиштата, туку и во кино, на театар, во игротеките, во спортските клубови, при остварување на воннаставните активности.

Ромските активисти за човекови права, сметаат дека има злоупотреба и прекршување на правото на запишување на деца во училиште без соодветна вакцинација

Деновиве преку социјалните мрежи реагираше Претседателот на Асоцијацијата на млади Роми Младинскиот Форум Ханријет Исени , во врска околу најновата мерка околу запишување на деца во училиште доколку ги немаат примено вакцините.
Во нивната реакција тие сметаат дека се злоупотребува и прекршува правото на образование на овие деца.

Државата ја има ратификувано Конвенцијата за заштита на правата на детето уште на 24,02,2002, како меѓународен документ за имплементација и заштита на правата на децата кои ги налага одредбите од истатата конвенција особено член бр. 6
1 – Државите членки признаваат дека секое дете со самото раѓање има право на живот.
2 – Државите членки во најголема можна мерка овозможуваат опстанок и развој на детето.
 
Ромскиот граѓански сектор е против оваа одлука од соодветното министерство , и затоа најавуваат поднесување на колективна преставка , а потоа и тужба против овој вид на дискриминација.

Тие тоа го потврдуваат со фактот дека во рамките на државата секое дете треба да им е загарантирано правото на образование.

Инаку тимот кој се залага на остварување на ова право брои 4-5 волонтери каде се вклучени правник, психолог, адвокат, и магистар по право.

Истовремено своја безрезервна подршкаа покрај дел од ромскиот НВО сектор даде и ромската дијаспора преку организацијата „Асва„ од Белгија и швддското Ромско здружение „ Unga Romer"

Интеграција на Ромите во Кипар

Советот на Европа проценува дека има околу 1.250 Роми кои живеат на Кипар (0,16% од населението).

За периодот 2014-2020 година Кипар ќе добие вкупно 724 милиони евра (тековни цени) во фондовите на ЕУ, од кои 422 милиони евра ќе доаѓаат од Европскиот социјален фонд (ЕСФ) и Европскиот фонд за регионален развој (ЕРДФ).

Од оваа сума, најмалку 30,7% ќе бидат потрошени на ЕСФ, при што најмалку 20% од нив одат за промовирање на социјална вклученост и борба против сиромаштијата. Вториот може да ги финансира и мерките поврзани со Ромите.

Националната стратегија за интеграција на Ромите во Кипар не е стратегија како таква, туку интегриран пакет мерки на политики во рамките на политиките за социјално вклучување на Кипар.

Со оглед на малата големина на ромското население, кипарскиот пристап е да промовира интеграција преку постојните структури насочени кон ранливите групи. Стратегијата вклучува два проекти за домување за кипарските Роми.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 166 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата