Социјала

Слаѓана Вулин, гордата Ромка од Нови Сад

Слаѓана Вулин е горда Ромка, која е родена во Инџија,порасна во Марадик а веќе 30 години живее и работи во Нови Сад.

Таа со својата организација работи и активно е вклучена во хуманитарните акции. Покрај хуманитарната работа таа во градоот е позната и шпо организирање на успешни ромски журки и забави.

На свои 14 години ги одби посредувачите за да се омажи затоа што сакаше најпрво да се школува.

Преку своето здружение „Бела Ромка„ се бори за ромските права.

Покрај се порасна и три сина. Ја издаде и својата прва книга „ Љубовта на една Ромка„ . Таа вели дека е горда што и припаѓа на ромската заедница. Таа вели: „ Ние Ромите сме познати по музиката, богатата историја и култура и нашиот живот е секогаш тежок. Но сепак сум горда и ќе бидам тоа што сум, - горда Ромка.

 

Link: https://www.mojnovisad.com/vesti/novosadjani-sladjana-je-ponosna-romkinja-pomaze-zajednici-i-organizuje-balove-id50530.html?fbclid=IwAR3GeIgrR2fM-kIant6IBW_DKyWqIAngICNH8a0H-O-rThRvC77SM8_MNrA

Стереотипи за време на пописот во Србија: Попишувачите ги прашуваат малолетните ромски деца дали се мажени или оженети

Ромското движење Опре Рома Србија, која беше активно вклучена во кампањата за пописот во Србија кој заврши на 31 октомври, во центарот за медиуми во Белград одржа прес конференција поради нивното незадоволство од штотуку завршениот попис на населението во Србија.
Според нив, овој како и предходните пописи Ромите беа историски недоволно пребројувани и тоа поради ,угнетување, неправда, пристрасна методологија, нееднаквост во политичката моќ, и немањето доволно ромски актери да бидат дел од пописот.

Шокатна е забелешката дека на поставените прашања од дел на некои попишувачи, кои поставувале прашања на малолетни деца, дали се мажени или оженети, а за кој како што велат очигледно е дека, или не го познават семејниот закон за стапување во брак и брачни односи на лица под 16 години или пак се соменва дека ваквите прашања се стереотипни , дискриминирачки и предрасудни.

Не официјално спред истражувањето на Опре Рома Србија, во Србија живеат околу 500 000 Роми.

На 8 ноември во Скопје се организира уметничка Интернационална Ромска изложба „Се што ни е заедничко„

Во Музејот на Современата уметност во Скопје на 8 Ноември се организира уметничка Меѓународна изложба од ромски уметницикој е дел од 14-то Европско номадско биенале на модерната уметност.

Свое учество со свои дела ќе земат познати ромски уметници од Македонија и Европа како што се Дурмиш Ќазим, Делаине Ле Бас, Ахмед Кадри, Сеад Казанџију, Љубош Котлар, Роберт Габрис, Рома Џем Сешн,уметнички колектив, Мустафа Асан, Милена Петровиќ, Малгорзата Мирга – Тас, Нихад Нино Пушлија, Андро Јено Рашч, Емилија Ригова, Целја Стојка и Ден Тарнер Како кустоси на оваа изложба се Мо Диенер, Мира Гакина, Јованка Попова и

Мустафа Асан.Почетокот е од 20 часот.

 

Link: https://www.e-flux.com/announcements/497928/all-that-we-have-in-common/

Честит 5 ноември, Меѓународен ден на ромскиот јазик

Нека е честит 5 ноември, Меѓународен ден на ромскиот јазик , на граѓанките и граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија.

Bahtalo 5 novembro, sumnaleskoro dive bashi romani chib.

Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на ромскиот јазик и култура, како дел од нашето македонско културно богатство и богатство на целото човештво.

Ромскиот јазик  (изворно: rromani ćhib), е мајчиниот јазик на Ромите. Тој е дел од групата на индоариски јазици, поточно се класифицира или во централните индоариски јазици или во северозападни индоариски јазици. Доста често се класифицира и како своја посебна јазична гранка поради поголемиот број на сродни јазични варијанти.

Според ISO стандардите, јазикот е ставен во групата на макро јазици и се состои од седум под-јазици или големи дијалекти. Најголемиот дијалект е влашкоромскиот со околу 1.5 милиони зборувачи, потоа следат балканскоромскиот, карпатскоромскиот синтискоромскиот, велшкоромскиот, кало финскиот и балтичкоромскиот.

По тој повод денес 04.11.2022 – Петок со почеток од 13 часот, во Владата на РС Македонија се одржува настан и панел дискусија поповод овој ден. Организатор е Мрежата за системски и трајни решенија и Владата на РС Македонија.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 349 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата