Социјала

Бугарија: Откриено тело на 15-годишно ромско девојче кое паднало од карпа

Петнаесетгодишна ученичка Ромка беше пронајдена мртва на 8 јули во Велико Трново, паѓајќи од карпест венец на периферијата на градот. Фаталниот инцидент ги шокираше жителите на Велико Трново и жителите на нејзиното родно село Ресен. Обвинителството работи на неколку верзии, вклучително и убиство, а роднините на жртвата се сомневаат дека некој маж е вмешан во злосторството.

Телото на мртвата девојка го пронајдоа во средата младите луѓе на карпестиот венец, под „Куќата на алпинистите“. Семејството на девојчето е во шок и тие тврдат дека 41-годишен маж од селото ја убил нивната ќерка.

Досега, и покрај обвинувањата на роднините, ниту еден сторител не е приведен.

Обвинителството појасни дека девојчето последен пат е видено во средата наутро во Горна Орјаховица заедно со нејзината пријателка. Покрај нејзиното тело бил пронајден меѓународен пасош распарчен на парчиња.

Во четвртокот беше извршен преиспитување, а распитот на сведоци продолжува. Во тек е истрага според член 115 од Кривичниот законик за убиство со умисла.

 

Link: https://www.tvevropa.com/2021/07/otkriha-tyaloto-na-15-godishno-momiche-padnalo-ot-skala/

Од вчера вакцинацијата против Ковид 19 и во Поликлиниката Шуто Оризари.

Од вчера започна и функционирање на вакциналниот пункт против Ковид 19 и во поликлиниката Шуто Оризари. Затоа за време на овој настан Минстерот за здравство Венко Филипче нагласи:„ Се охрабруваат граѓаните да ја искористат можноста за заштита на своето и здравјето на своите најмили и да се вакцинираат, секој работен ден, без закажување, во прва смена.

За да не се создадат гужви и да се почитуваат протоколите, Ве молиме за соработка со персоналот и за трпение. Се грижиме! Доближување на услугите до граѓаните!„ беше напоменато од страна на присутните протагонисти на овој настан.

Во скоро време АВРМ ќе отвори оглас за вработување на педагошки помошници за ученици од основното образование

И оваа година ЦОВ од Скопје нуди обуки за побарувани занимања кои треба да ги спроведуваат избрани  провајдери од државата.

ЦОВ на свијата веб страница го објави огласот  за провајдери, за потоа АВРМ да распише оглас за нивно пријавување на тие обуки и шанса за вработување. Тие обуки ќе бидат тримесечни и ќе бидат и платени.

Обуки за побарувани занимања ги има повеќе меѓу кои и „Педагошки помошник за ученици од основното образование„. Воедно исто така меѓу побаруваните занимања се и: Негoвател/ка на деца, Негувател/ка на стари и немоќни лица, Агент за продажба преку телефон и др занимања. Затоа се препорачува будно следење на огласите од страна на АВРМ

Младиот Ром Алмир Асани од Бујановац во кошаркарската репезентација на Србија

Младиот Ром од Бујановац, Алмир Асани, беше поканет во кошаркарската репрезентација на Србија, и се наоѓа во тренинг кампот на изборот на најдобри српски кошаркари до 15 години. Како што велат во ОКК Плеј 017 на Бујановац, клубот каде што пораснал, Алмир е единствениот од клубот кој успеа да се избори за статус на репрезентативец на Србија. Тој пред три години замина од ОКК Плеј 017, во Италија, во клубот Оранж 1 Баскет во градот Басано Дел Грапа.

- Алмир беше уште од самиот почеток еден од најталентираните играчи во својата година, што резултираше со заминување во еден од најдобрите клубови за развој на млади играчи во Европа. Алмир сега е висок 199 см, тој игра на повеќе позиции како што се крило или центар.

 

Link: https://bujanovacke.co.rs/2021/07/08/almir-iz-bujanovca-u-kosarkaskoj-reprezentaciji-srbije/?fbclid=IwAR3CSwrTacI7awFHoF5lZScaMR6Sy58iTm9teNWsEo7lUx8acDYmdAD84qI

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 95 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата