Социјала

Веднаш суспензија на ЕУ фондовите за земјите членки на ЕУ со расистички влади

Живееме во Европска Унија. Ако невино лице може да биде убиено од полицаец и снимено како умира во срцето на ЕУ и тоа не предизвикува никакви особено симпатии или реакција, што може да се случи утре? Што би спречило утре да бидат убиени 100 или 1 000 Роми на ист начин? Дали тоа би било сочувство? Во кого? Гледам на чешките форуми многу одобрување за полицаецот. Но, тоа е случај насекаде во Централна и Источна Европа. За разлика од САД, каде убиството на Џорџ Флојд предизвикува сочувство и гнев, ништо од вид не се случува во Европа со убиството на Станислав Томас.

Мораме да се запрашаме што се случува во Европа?

Кога во Европската унија се случуваат расно-мотивирани убиства на Ромите, одговорноста не лежи само кај чешките, бугарските или унгарските власти. Одговорност е и на Европската комисија затоа што овие луѓе се и граѓани на ЕУ.

Предлогот е следен. Сите да се обединиме околу итната суспензија на европските фондови додека владите не го направат она што е неопходно за да ги прекинат расистичките политики и практики. Затоа што голем дел од проектите кои се финансираат со европски пари се расистички.

Сараево, БиХ: Втор Министерски состанок за интеграција на Ромите, што се одржува во Сараево

На состанокот, кој е во организација на Министерството за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина и Регионалниот Совет за Соработка, ќе учествуваат министрите од Западен Балкан кои се одговорни за интеграцијата на Ромите, како и претставници од Европската Комисија и меѓународни невладини организации кои се ангажирани во делот на интеграцијата на Ромите.

Како што стои во соопштението, министрите и претставниците од Европската Комисија ќе разговараат за напредокот што земјите од Западен Балкан го имаат во делот на имплементацијата на заклучоците од Првиот министерски состанок што се одржа во Албанија во октомври минатата година.

– Заклучоците од состанокот од министерскиот состанок се очекува да бидат поддржани на Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамките на  „Берлинскиот процес“, што ќе се одржи на 5 јули, во Берлин, Германија, се наведува во соопштението..

Ромите во Прилеп излегоа на протестен марш, жалејќи се на дискриминација

Жители на прилепската населба Тризла изразија незадоволство и се пожалија на дискриминација на протестен марш до градскиот базен, тврдејќи дека група Роми не била пуштена да го користи објектот.

Револтираните граѓани најавувија дека ќе поднесат претставки и тужби до Комисијата за заштита од дискриминација.

Според известувањето на медиумите, сопственикот на базенот ги отфрлил тврдењата за дискриминација, објаснувајќи дека станувало збор за почитување на протоколот за заштита од ковид-19 од страна на посетителите во спортско-рекреативниот центар.

Сопот, Србија: Невенчан пар Роми се самоубија во пожар во нивниот дом поради тоа што социјалното им го зеде новороденото бебе!

Невенчаните сопружници Сања Рамиќ (28) и Милан Маринковиќ (38) биле пронајдени мртви во опожарена куќа кај Сопот.

Според медиумите, трагедијата се случила на 11 јуни околу 19 часот, а само девет дена претходно двајцата станале родители.

Сања се породи на 2 јуни, а бидејќи излезе од болницата со бебето, Центарот за социјална работа им го одзеде детето, бидејќи живееја во екстремно лоши услови - вели изворот .

- Тие ги пронајдоа јагленисаните тела на Сања и Милан во куќата. Тие беа едни над други, како да беа прегрнати. Сите бевме убедени дека тоа го сториле намерно поради тага, затоа што го однеле своето новородено дете од Центарот за социјална работа - вели шокиран сосед.

Сведоците велат дека Милан ја изгладнувал Сања, како и дека јаделе по контејнери. - Центарот за социјална работа им го одзеде детето, затоа што немаа услови да го одгледаат. Тие немаа струја и вода. Немаа што да му дадат да јаде, а Сања немаше млеко.

Од Центарот за социјална работа ни потврдија дека бебето е одземено од родителите, затоа што било опасно по живот. Соседите велат дека детето живеело во ужасни услови.

 

Link: https://www.blic.rs/vesti/hronika/ugljenisana-tela-supruznika-nadjena-u-kuci-majka-sigurna-sam-da-mi-je-zet-ubio-cerku/xst0g70?fbclid=IwAR3jo8-N2EL1BBc5LFhLcmAc2HGt_PdUy7iH2-DcUMI8pHoOIlHsh6GXtxo

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 188 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата