Во Шуто Оризари пуштеново употреба полициско одделение

По уредување на имотно-правните односи од страна на Општина Шуто Оризари и во соработка со Министерството за внатрешни работи за прв пат се пушти во употреба новото полициско одделение.

По предавање на рапортот на Министерот Оливер Спасовски од страна на Командирот на Полициското Одделение г-ин Ќиро Грнчарски, Градоначалникот Курто Дудуш во придружба на Министерот Спасовски  го разгледаа новиот објект и одржаа состанок со

Министерот Спасовски во своето излагање истакна дека обврска на државата е да создаде услови за безбедна средина.

,, Врската меѓу граѓаните и полицијата долго време беше раскината, со што се јави недоверба кон институциите. Повеќе пати сум бил во Шуто Оризари, но сега се чувствува промена во повеќе области, со што се создава слика за модерна  и урбана Општина. МВР инвестираше повеќе од 2 милиони денари за овој објект, бидејќи превенцијата е важна за граѓаните.

Сега треба да мотивираме млади луѓе, кои ги исполнуваат условите да се грижат за безбедноста во својата заедница. Честитки за одлуката за формирање на Совет за превенција, и благодарност за поддршката и иницијативата до советниците, невладините организации и граѓаните ”. – истакна министерот Спасовски.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 119 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот