Zoran Dimov - Mli kolumna

Колумна на Зоран Димов: Бугарија се празни! Повеќе од пола милион бугарски Роми се низ светот !

Во фокусот на јавноста на Западен Балкан една од темите е и бугарското вето за старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија. За спорот и проблемите не би коментирал, но би се осврнал на еден друг момент, само би напоменал еден непобитен факт. Дедо ми Панта (Бог да го прости), беше сведок на многу случувања за време на Втората Светска војна кога како што вика: - Дојде во Македонија и бугарската војска. Тие меѓудругото беа и во Топаана, најстарото Ромско маало во Скопје и на Балканот. Спред Дедо ми Панта и баба ми Петра таа бугарска војска беше „толку добра и фина„ кон овдешниот народ, што константно вршеше тортура и физичко насилство преку своите рации, контроли по домовите и ги тероризираше недолжните цивили. Еднаш дедо ми Панта беше претепан од страна на бугарската жандармерија без никаква причина. Му беа скрешни и рацете, а баба ми Петра мораше цел месец да му става облоги од јагнешка кожа, за да може да го излечи од задобиенти модринки по целото тело, а воедно како последица од тоа претепување остана инвалид со рацете до крајот на својот животм и така работеше со своите скршени раце. Тпа го знаат сите стари скопјани кој бил Панта.

Дали Бугарија како членка на ЕУ ги почитува и правата на малцинствата кои живеат таму? Пред се мислам на Ромското малцинство во Бугарија!
Со падот на комунизмот и демократските процеси според аналитичарите, Бугарија буквално се испразни. Според прогнозите до 2050 Бугарија ќе изгуби ¼ од своето население. Во тој корпус спаѓа и ромското малцинство во Бугарија кој според некој проценки во моментот брои над 1 милион Роми во Бугарија.
Но со влез во ЕУ започна и егзодус на бугарите. Межу нив и бугарските Роми. На што се должи ова?
Факт е дека покрај Романија, Бугарија е економски најслаба членка на ЕУ. Одтука причините се јасни и недвосмислени, дека егоздусот е најповеќе од економски причини.
Според некој бројки само во земјите на ЕУ веќе се иселиле околу половина милион бугарски Роми, а стотици илјади Роми од Бугарија и во останатите држави нзи светот.
Најпривлечна дестинација е Германија, Белгија, Холандија, Франција, но ништо помалку и Велика Британија, Шпанија, Скандинавија и др.
Се поставува исто така и прашањето дали само економскиот показател е причина за овој егзодус. Процентуално можеби да, но има и други фактори.
Отсекогаш бугарските Роми биле на маргините на бугарското општество. Никогаш не котирале високо на агендата за приоритети во бугарското општество и решавање на нивните многубројни децениски проблеми. Пред се се мисли на вработивањето, обарзованието, здравството, домувањето и др. Тоа јасно стои и во исказите и извештаите на разни меѓународни организации, а воедно и од страна на ромски здруженија, организации кој ги сипраќаат редовно до меѓународниот фактор.
Тоа стои и во исказите и на Интернационалната Ромска Унија –ИРУ и нејзините членови и делегати од оваа држава, кои редовно информираат за сите аномалии и превземени акции од страна на бугарската власт врз Ромите. ИРУ на повеќе пати на сите овие инциденти реагираше и со протестни писма и ноти до Бугарската амбасада, но до ден денешен нема никакви повратни информации дали се превземени некои дејствија или пак се донесени некој решенија. Ниту дали имаат и судска разврска. Можеби токму тој момент е битен за овој масовен егзодус на бугарските Роми од Бугарија, Во тој контект и во минатото а и сега со актуелната власт на Бојко Борисов, и неговите ментори, Каракачанов, Захариева и другите уште повеќе придонесуваат Ромите од оваа држава да не се чувствуваат како во своја земја, туку да се третираат како трет или четврт ред на граѓани. Војводиново, Софија ромската населба Факултетите, Пазарџик, Стара Загора и многу други ромски населби беа цел и мета на државното раководство со разни акции, рушење на нивните домови, полициски акции и рации и друг вид на систематски притисоци врз најранзливата категорија на граѓани од бугарското општество. Еден од примерите е и Пандемијата со Ковид, каде например повеќе ромски населби беа аеродезифинцирани и под посебен надзор и карантин од полициските службеници , дека Ромите се една од најголемите закани за заразата со Ковид 19 во Бугарија. Примерот е Ќустендил каде ромската населба беше ставена под 30 дневен целосен карантин и полициски час. А се под закрила, дека законски е се оправдано, легално и правно одржливо.
Ако знаеме дека сега во март 2021 година е изборна во Бугарија, тогаш мора да сме свесни дека власта за да го придобие гласот на Бугарите (со патриотски вокабулар), ќе направи се за нездравото бугарско општество се „виновни„ Ромите, може да претпоставуваме што ги очекува Ромите во овие предизборни кампањи на партиите, и каде ќе се „пука„.
Затоа Европо не ги затварај очите пред фактите!. И немој да си лицемерна , давајќи ина Бугарија 1.5 милиони евра, за да министерството за внатреѓни работи на Бугарија ги контролира „заканувачките ромски населби„ дека има потенцијална опасност од исламски радикализам и екстремизам!
Погледни ги малку и националистите како што се Каракачанов и остантатите кои си имаат агенда дека Ромите се вишок во Бугарија.

Повеќе...

Зоран Димов Колумна: Директориум ќе има, ама некој сака да го кочи!!??

Почитувани читатели, од денес па понатаму во континуитет ќе го имам задоволството да споделувам со Вас мои размислувања, анализи, ставови и гледишта.
Но да прејдам на самата поента. Сите знаеме дека фокусот на вниманието во целата јавност е насочено кон Пандемијата со Ковид 19 еден од најголемите глбални проблеми, а ако лоцираме и според регионот, конкретно во нашата држава покрај Пандемијата еден од најголемите фокуси е даден кон почетокот за препораки да започнат преговорите за влез во ЕУ на Република Северна Македонија. Овдешната јавност е фокусирана на актуелните блокади за старт на преговорите и даденото вето од страна на Република Бугарија.
Токму тие случувања некако во „сенка„ ги ставаат и некои моменти поврзани со Ромската заедница од нашата држава. Пред се се мисли на некој потези направени од страна на актуелната Влада на Р.С Македонија и позицирањетео на функциите (читај министери, зам.министери, и други позиции). Очигледно е дека по наименување на тие позиции Ромската заедница во смисла на зборот беше „заборавена„ затоа што токму на тие позиции нема наименувано ниту еден Ром .
Тој момент наиде на разочарување и разно – разни коментари од страна на Ромската заедница во државата. Но тоа само предизвика само разочарување – и ништо повеќе.
Но потребно е да се постави и едно реторичко прашање :„Кој е виновен за оваквата состојба?„ Дали е виновна власта или ромскиот политички блок кој е во коалиција со актуелната власт? Коментарите се следни: „Ромскиот синдром на неединство и застапување на лични интереси„ во моментот е победник. За разлика од некои други заедници кој живеат на оваа територија и без разлика на различни политички погледи и ставови, кога се работи за „националниот интерес„ меѓусебните недоразбирања се забораваат само во име на националнисте интереси.
А кај нас Ромите е обратно, и само затоа што секогаш сакаме да победи личниот интерес.
Пример е новоназначената позиција –функција во Владата – Директирум! Претходно оваа позиција беше назначена како „Министер без ресор„ каде во сите минати години таа позиција беше застапувана од партиски претставник – кадар од таа ромска политичка опција која е во коалиција со победничката коалиција и составувач на Владата.
Но сега со преименување на оваа позиција сега за сега сеуште нема никој, затоа што според новите законски одредби треба да се направат некој промени затоа што сега таа позиција ќе има и пошироки ингеренции. Тоа подразбира некој нови систематизации на работните места во неколку министерства (Социјала и труд, здравство, транспорт и врски, Култура, млади и спорт) каде досега имаа сектори кој имаше назначени раководители, кој ги водеа тие сектори а тесно поврзани со ромските прашања, кој треба да бидат сега под ингеренции на Директориумот
Но сепак паралелно со тој момент се водат и преговори и договори кој ќе ја завземе таа позиција. И наместо тоа да биде решено без поголем проблем, а тоа индиректно значи, таа позиција да ја превзеде кадар од политичка партија која е на власт (како во изминативе години), сега како да се одолговлекува тој процес намерно или не. Дали тоа одолговлекување се должи токму поради фактот дека некој сектори кој беа до сега во назначените министерства ќе се укинат. Дали тоа значи дека некој работни позиции од тие министерства кој долго време беа резервирани за едни те исти луѓе, сега може да останат без работен ангажман. Дали е тоа причината за таа – кочница и отпор?
Свесни сме дека огромни се предизвиците и проблемите со кој се соочува Ромската заедница во државата, и е потребно што поскоро да започне со активност тој директорум, додке афокусот на јавноста е насочен во друг правец (како што погоре наведов), ова прашање е некако ставен во некој втор или трет план.
Исто така прашање и до Владата, дали имаат во својот Буџет за 2021 одвоено средства и за овој Директориум и негово профункционирањем како и средства со кој ќе располага овој Директориум и ќе ги распределува според приоритетите и строго зацртани критериуми. Или можеби ќе чека нов Ребаланс во јануари догодина.
Можеби оваа Влада се надева и на некоја финансиска подршка од надвор за да може да полесно да се справи и да помине „полесно„ од финансиски аспект со Директориумот
Јас сум на мислење без разлика на се дека Директориумот до крајот на 2020 ќе биде официјализиран и ќе профункционира и ќе влезе во пакте како отчет на Владата за нејзината работа во привите 100 дена. Факт е дека поминаа веќе 3 месеци, сите министерства и заменици се поставени само Директориумот е сеуште „кочница„.
Каде се крие „отпорот„? Во државата, во секторите од некој министерства кој работат на активности поврзани со Ромите , а сега треба да бидат под ингеренции на новиот Директориум, или пак во некој надворешен фатор?
Колку и да се велеч работавам сепак наскоро треба да има разрешница. А кој ќе го води директориумот, е тоа е веќе друга приказна! За тоа –потоа!

Зоран Димов

Повеќе...
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 128 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот