Zoran Dimov - Mli kolumna

Колумна на Зоран Димов: Народ без своји културни институции, е мртов народ!

Општо познато е дека Ромите се еден од најстарите народи на овие простори. Нивната култура, традиција, јазик и колоритен фолклор со векови е добро познат на надворешниот свет. Во него се вткаени елементи од историјата, традицијата како и секојдневието на Ромите. Ромите биле и ќе бидат мотив и на не-Ромите и преку филмската лента, музиката литературниот збор и многу други творештва. Но колку се Ромите ценети за да можат самите да ја презентираат таа своја богата историја, култура, традиција, јазик преку културните настани. Можам да кажам дека Ромите воопшто ниту се ценети а анјмалку помогнати за презентација на своите културни вредности.
А зошто? Колку е вината кај интституциите на државата , толку е и вината кај самите нас! Додека во минатото (пред три – четри децении), тој културен феномен на Ромите беше колку – толку застапен, се стекнува впечаток дека денес тој феномен едноставно го нема. Што би рекле народски како „Последните мохакинци„ прават некој напори да се задржи тој културниот идентитет на Ромите преку последните функционални манифестации лпк ги организираат како например Здржението Романо Ило од Скопје, Ансамблот Рушид Шакир од Куманово, СП БТР Продукцијата преку Интернационалниот филмски Фестивал Златно Тркало и по некоја театарска престава и сл.
На почетокот реков што од незаинтересираноста на државата што од самите Ромски културни дејци сега е сведено се на минимум. Државата не води грижа што од причина на аплицирање на проекти на Министерството за Култура или Филмксиот фонд на Македонија и да се побараат реални средства за активности тие од севкупната побарувачка ќе одговорат едвај на 10 -15 % од апликациите, и со 30% доделени средства од побараните.
И со тие средства треба да се одржи културниот идентитет на еден народ. Како? Тешко!
Пред една –две години се направи еден Национален акциски план за развој на културата на Ромите, по иницијатива на Ромските културни работници, кој му беше предаден на тогашниот министер без ресор Музафер Бајрам и неговите соработници од кабинетот да го подготватат. И за жал по неколку средби и состаноци беше направен тој план од страна на тие асистенти од Кабинетот на министерот без ресор но во изработката на тој план никаде не стоеше буџетска ставка, и како таков требаше да биде предаден во Министерстовот за култура, кој и не беше предаден од проста прочина – затоа што немаше никаков буџетски износ на потребни средства, И така поради неспособноста на тој кабинет и неговите асистенти тој план си остана само на хартија без никаква реализација,. И кој сега ќе треба да поднесе одговорност за тоа. Како награда за тој ангажман наградени се со нови и подобри позиции во државната администрација.
А како велат старите „Бебето додека не заплаче, мајката нема ни да го задои„. Така е и со нас. Затоа сум на мислење дека сега со стартот на 2021 година потребно е да се „разбудиме„ и да побараме тоа што ни следува на културен начин во име на Ромската култура. А тоа е Нов акциски план и стратегија за развој на Ромската култура но со конкретен буџет, со конкретни барања и со конкретни ставени активности и потенцијални барања. Не може некој да биде вметнат во тие планови ,а ко со години наназад „не мрднал „ со прст за ромската култура сега одеднаш да се фаоворизира. Се знае на овие простори кој биле и кој се главни промотори на Културата на Ромите. Можам да напоменам како пример дека пред 15-тина години направив еден успешен обид со промоција на списанија за деца и младинци „Чирикли„ и „Вило„ кој беше читан и во основните училишта меѓу ромските деца кој беше бесплатоно дистрибуиран. Тој ентузиазам и со минимални средства го правев над 15 години. Денес многумина „ромски интелектуалци„ земаа средства за издавање на ромски граматики , учебници и прирачници на ромски јазик но каде се тие книги. Дали воопшто се употребливи и во функција, или си ја завршија само својата „епизодно профитабилна улога„ и толку! Колку што знам децата се едуцираат само со речникот и граматиката од покојниот Д-р Трајко Петровски.
Време е луѓе со потенцијал, со знаење, искуство во таа област да се „засукаат ракавите„ и да се превземат вистински чекори. Тука не треба да бидат луѓе „импровизатори„ и епизодни културни промотори.
Тоа подразбира активност со повеќе специфични цели а тоа се: Зачувување и унапредување на ромскиот фолклор и традиција, издаваштвото и литературата на ромски јазик и поддршка на автори Роми, театарската дејност, музичката дејност на Ромите, ликовната дејност, Филмската дејност, како и една од најглавните цели - Зголемување на бројот на Ромите и нивните претставници на Ромите во државни органи, тела и комисии, вклучување на претставници на Ромите во Советот на култура, како и претставници на Ромите во комисија за донесување на годишна програма на Министерството за Култура.
Исто така ,многу битен момент е и да се актуелизира и прашањето што понатаму и на кој начин може и треба да профункционира Музејот на уметноста и музиката на Есма и Стево Теодосиевски кој засега е заглавен во судските лавиринти. Тука сум и можам и тука да помогнам.

Само така може да направиме чекор повеќе во зачувување на Ромската култура и традиција. Со пасивност не се прави ништо. Опасноста е тука пред нас затоа што - Народ без културна традиција и своја културна институција, е мртов народ! А за старт на активностите во погоренаведените сфери од културата на Ромите според мене доволни се и 1.000.000 евра на годишно ниво.

Колумна на Зоран Димов: Бугарија е „зрела и печена„ да одговара пред Европскиот суд за дискриминација врз Ромите, со воведување на Ромски омбдусман – Контакт поинт!

Сите знаеме дека Република Бугарија е една од економски најслабата членка на ЕУ, заедно со Романија. Тоа многу „боли„ кога знаеш дека си дел од европското семејство, а сепак со на дното од економски аспект. Затоа и Бугарија е земја која прави напори нивните граѓани да останата во државата, а не да се иселуваат во државите од Западна Европа. И затоа фрустрациите да го задржи својот граѓанин во својата земја е уште поголема. Тоа прави и веднаш да се пронајдат главните „виновници„ за тие состојби. И како по некоја нивна логика – „дежурен виновник„ за сите тие состојби секогаш се – Ромите! И тука веќе колата тргнува незапирливо „низ удолница„. Сегрегација, дискриминација, изолирање, дистанцирање, прекршување на основни човекови принципи во сите сфери во бугарското општество се едно секојдневие во таа држава. Уште поголема е „бељата„ ако има да речеме избори и борба за власт меѓу бугарските политички фактори, секогаш е застапена и една патриотска реторика – антиромски дискурс. Затоа што ако ги „средат„ Ромите веднаш Бугарија ќе застане на нозе и од утре таа ќе биде прекрасно место за живеење! Да биде уште поголем хаосот, додека сите надвор од Бугарија точно ја „покажуваат со прст„ како држава која на секој начин ги прекршува основните права на Ромите, внатре во Бугарија најголем број од организациите (вклучувајќи ги и бугарските Ромски НВО), некако „мижат„ и се многу тивки во своите реакции за тие состојби. Дали државата се труди на некој начин со „финансиски„ инфузии го замолчуваат или е нешто друго , тие си знаат.
И токму затоа јас во оваа колумна како Претседател на Интернационалната Ромска Унија – ИРУ, и пред се како човек –Ром, кој редовно реагираше, испраќаше протесни ноти и реакции како до бугарските така и до европските институции поради видливите дискриминаторски акти од страна на Бугарија кон тие Роми, чувствувам потреба дека потребно е да се стави крај на тие неправди кон Ромскиот нардо во Бугарија , но и за Ромите насекаде во Европа.
Тој крај е всушност еден правен лек –инструмент кој може да биде многу корисен. Терапијата се вика –Ромски Омбдусман – Контакт Поинт!
Токму тој Ромски Омбдусман и неговиот тим на европско ниво треба да ја игра главната улога во спречување на таа – се поголема антиромска кампања!
Од европски агол на гледање работата е кристално јасна: ѕид околу етнички дефинирани ромски населби е јасен случај на гетоизирање, сосем независно од тоа како аргументира мнозинството од населението или пак властите. Сегрегација на ромските деца во улилиптата, дискриминација на работните места, па се до посебни здравствени режими и протоколи само во ромските населби за време на Пандемијата со Ковид 19 се кристално јасни насоки, кој тој тим на Ромскиот Омбдусман – Контакт поинт ќе ги има како факт и доказ на кој ќе работи.
А „самобендисаноста„ на Бугарија е уште повидлива и сега кога на мојата држава кај што живеам – Македонија, и поставува вето за почеток на преговорите со ЕУ за нејзин влез. Оспорува историја, јазик, народ, култура на една нација кој сите добро знаат дека е мирна без некој претензии за туѓи територии и геостратешки цели.
Замислете обратна ситуација, да беше например Македонија и Србија во ЕУ, а Бугарија да чекаше влез во ЕУ, како ќе се чувствуваше Бугарија ако Македонија и Србија „прочешлаа„ налку по минатото на Бугарија за време на Втората Светска Војна кога делови од Македонија и Србија беа под протекторат на Бугарија како сојузинк тогашна главната сила Германија? Тогаш гарант ќе бараа „прошка„ за минатите историски грешки, и немаше толку да се удираат во гради за нивниот „бугарски идентитет„.
Се на се мој заклучок е дека Бугарија е „зрела и печена„ да одговара пред Европскиот суд за дискриминација врз Ромите и ИРУ ќе инсистира на тоа да се изнајде решеније и да профункционира Ромски Омбдусман – Контакт поинт! Времето е пред нас!

Колумна на Зоран Димов: Новиот закон за лицата без документи, резултат на плодната соработка помеѓу НВО секторот и државните институции

На повеќедецинискиот проблем со т.н.„фантоми„ во државата по се изгледа му доаѓа крајот. Макотрпната работа на НВО секторот (нарочито ромскиот) во соработка со државните институции (МТПС, Министерство за Правда, МВР и др.) вродија со плод. Пред крај е финализирање и донесување на законот и подзаконските акти со кој ќе се запишат нови 700-тини лица кој досега немаа никаква документација за лична идентификација.
Познавајќи го профилот на тие луѓе со сигурност немаше да го остварат ова право доколку напорите (аналитички, теренски, логистички, бирократски и др) не дадоа свој придонес тие 16 НВО организации, асоцијации и здруженија. Економскиот фактор како и општествениот статус на тие луѓе (најповеќе од ромската заедница), беа главна пречка во самата процедура,. Тука мора да се напомене и доскорашните законски одредби за стекнување и запишување на правата на тие луѓе, како и добрата соработка и комуникација вродија со плод за законски измени и оптимални решенија за изнаоѓање на излез од тие состојби. Сега се во тек и додавање на подзаконски акти, кој всушност кога ќе се дефинираат ќе биде многу олеснета целата процедѕра. Нормално дека акцијата и овој закон ќе продолжат со важност и за пред се нови случаеви доколку се пронајдат и нови такви лица.
Сите претходни бариери со новите предложени законски измени буквално беа елиминирани и на тој начин им е овозможено на тие лицеа „фантоми„ да се стекнат со некој документ, кој потоа ќе им ја олесни целата процедура во стекнување на уставно загарантираните права како што се: образование, здравство, вработување, домување и др.
Целта беше токму таа соработка помеѓу НВО секторот и институциите на државата да најдат адекватно решение. Сега преостанува финиширање и уште полесно имплементирање.
Ова е доказ дека за се може да се изнајде решеније, кога се има добра волја од повеќе страни. Овој закон нека биде пример и подстрек и за другите слични проблеми дека со заедничка соработка и труд може да се надминат и да се најде излез од секоја ситуација.
Воедно моја порака и до политичкиот фактор (нарочито ромскиот). Нека им преставува ова пример како треба да се борат за својата заедница и за секој свој гласач. Ромскиот НВО сектор со овој пример докажа дека не е се низ призмата на „парите и проектите„ туку потребно е и труд и напор да се заврши успешно работата за заедницата за која работиш. Инаку мора да се напомене дека со свои активности Мрежата за системски и трајни решенија составена од овие 16 НВО организации (најповеќето од нив - Ромски), и понатаму ќе работи и на овој случај, со будно следење на сите активности, како и на други важни активности.

Повеќе...

Колумна на Зоран Димов: Имаат ли Ромите свој лидер – политички ороводец?

Од осамостојување на Македонија од 1990 година па се до денеска, на ромската политичка сцена продефилираа повеќе имиња со префикс „Лидери на ромскиот народ„, формулирани преку своите политички опции. „Ромски лидери„ се прогласуваа и тие кои имаа Ромски политички субјект – партија со пристојно членство, но исто така „ромски лидери„ се прогласуваа и т.н. „Човек партија„. Сите кој во својата политичка опција имаа прилог „Ромски„ веднаш се поставуваа на лидерска позиција и се назначуваа за „Престедатели на неодредено време„.

ПЦЕР, СРМ, ДСР,ОПЕР, РОМ, ПДПР, ДПР, ПИР ... и уште еден мал куп партии фигурираа,(и сеуште фигурираат) на македонската политичка сцена, во континуитет го следеа трендот, на појавување во перидо од 4 до 6 години главно воден од изборниот циклус на државата во кој дел од ромските политички партии се активираа во предизборните кампањи со надеж дека ќе ги реализираат интересите на лидерите кој повеќето беа и „човек - партија„ и за вработување на своите најблиски , а исто некои и за одржување на својот бизнис преку тендерски договори.

Роми во државата според последниот попис изнесува скоро 54.000 Роми, а во функција се 9 ромски политички партии.
Од таа „борба за превласт„ и од нешто над 40.000 активни ромски гласачи, сите гласови се раситнија или „продадоа„ и сегашниот резултат е – само еден ромски преставник во Парламентот и тоа член на неромска политичка партија.
Од таа пуста борба за превласт „Јас сум вистинскиот ромски лидер„ дојдоа Ромите на ова дереџе.
За волја на вистината и ако се гледаат профилите на тие „ромски лидери„ – и ова е премногу!
Ако до пред 10-20 години можеби имаше и такви имиња кои можеше да се каже „Значајни имиња на ромската политичка сцена„ (Фаик Абди, Амди Бајрам, Неждет Мустафа, Шабан Салиу..), денеска за жал со сигурност може да се каже дека нема такво име.
По смртта на Абди Фаик и Амди Бајрам, тој вакуум наречен „ромски лидери„ сега е – празен. Факт е дека во ПЦЕР и по заминување на Фаик Абди сеуште не е најдена негова достојна замена и човек со капацитет. Во СРМ по смртта на Амди Бајрам на ред е избор на нов претседател на партијата, но дали ќе се зибори и за статусот Лидер на Ромите, тоа ќе го покаже времето.
Според мое мислење, останатите „ветерани„ на ромската политичка сцена не покажуваат некои свои амбиции дека сакаат да го завземат тој празен простор.
Забележливо е дека некој граѓански иницијативи, невладини организации или неформални движења сакаат да се наметнат како „потенцијален„ фактор кај Ромитем но забележливо е дека тие исто така се „активни„ само во периоди на предизборни кампањо, поделба на функции и др. Во „луфта„ период некако не се расположени за теренско –удварање кај Ромите.
Можеби грешам но како се движат работите, најверојатна е варијантата дека полека ромскиот политички блок ќе продолжи да се „раситнува„ и ќе се претопува во неромскиот политички како што се СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и др.

По се изгледа ќе треба да помине многу време додека не дојде на сцената нов свеж млад ромски политички кадар кој ќе може на некој начин „да го обедини„ ромскиот политички глас„ и да преставува некој – ромски фактор во очите и кај Ромите, но и кај неромските коалициони партнери.
Но сепак мора да се надеваме дека секогаш има и надеж.
На крај би рекол: Да не ја губиме надежта и потребно е да бидеме будни, затоа што „Надежта е сон – на будниот човек„

Повеќе...
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 113 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот