Zoran Dimov - Mli kolumna

Колумна на Зоран Димов: На стартот од пописот има 10.000 Роми повеќе

По изгласаниот Закон за Попис на население во нашата држава како о Потпишаниот Указот од страна на Претседателот на државата Стево Пендаровски, јасно е дека по пауза од цели 19 години ќе се одржи Пописот на население во нашата држава.

Инаку оваа статистичка операција во сите нормални држави се зема во предвид како референтна бројка за планирање на развој . економија и слични параметри. Но кај нас секогаш по некоја игра и амбиент веднаш и се продава политичка конотација. Тоа е така затоа што и Уставот на Македонија гарантира и етничка застапеност на скоро сите полиња. И веднаш започунуваат калкулации и пресметки кој колку е бројчано. Секој „влече„ на своја страна. Инаку акцентот на оваа моја колумна ќе биде – Ромската заедница! Колку сме навистина? Според досегашните истражувања, анализи како, национален така и од интернационален карактер Ромите како една од најмаргинализираните заедници како во светот, така и кај нас.

Според Извештајот на УНХЦР и нивните истражувања најзагрозени и бездржавјанство во државата се Ромите, Ашкалиите и Египќаните како и ромските  децата.

Спред некој проценки таа се двожи околу 10.000. Воедно сега со спроведената акција од МТПС и Министерството за Правда, во скоро време во процедура на добивање лични документи и во системот се евидетирани околу 559 Роми. Неодамнешана изјаван на лидерот на ДУИ Али Ахмети, акцентираше дека во моментот во државата има околу 3.500 лица без државјанство . од кој најголемиот број се токму Ромите. Добро познатат практика на „претопување„ на Ромите  во други националности (Македонска. Албанска, Турска..) како и декларирање на голем број на Ашкалии или Египќани, реално бројката на Роми на национално ниво е многу поголема од официјалната од 2002 – 55.000 Роми. Со самиот факт „без државјанство„ таа бројка на стартот е 10.000 повеќе Роми.

Инаку ако се спроведе кампањата која ја подготвуваат „Мрежата за трајни и системски решенија„ составена од голем број ромски НВО која гласи „Ma ladža, ma dara – Vaker deka sian Rom“ – „ Не се срами, не се плаши – кажи дека си Ром„, тогаш се верува дека со мотивирање на оваа националност оптималната бројка која би се добила на крајот од пописот во Република Северна Македонија живеат од 75.000 до 80.000 Роми, и земено вкупно и со тие Роми кои во моментот се надвор од државата таа бројка може лесно да биде и 100.000 Роми, а со тоа ќе биде трета по бројчаност како националност на ниво на државата. Според мене доколку се подигне свеста за самоидентификација, доколку државата има сенс за решавање на овој проблем, и доколку се земат во предвид сите фактори, моја слободна проценка е дека ние Ромите во државата ќе бидеме блиску и до 4% од севкупното преброено население. А бројките кај нас според досегашната практика, не се само статистичка информација, туку напротив и загарантираи придобивки според Уставот на државата. Како ќе биде ќе покаже времето. Сепак јас повторно стојам позади „Ma ladža, ma dara – Vaker deka sian Rom“ – „ Не се срами, не се плаши – кажи дека си Ром„. Мислам дека е редно.

Колумна на Зоран Димов: „Програмата Педагошки помошници, истата има потреба да добие соодветна државна поддршка„

Со оглед на позитивните и добредојдени промени во воспитно-образовниот систем во основното образование во Република Северна Македонија, а свесни за моментот за унапредување на воспитно-образовниот систем за најмалите и за нашата иднина – децата, до Министерството за Образование - МОН и други релевантни институции би било добро да подразмислат за следново:

Програмата “Педагошки помошник за ученици во основно образование” како дел од посебната програма за образование за возрасни и сертификувана од ЦОВ (Центар за Образование за Возрасни) а спроведувана од институцијата – “Здружение Ромски деловен информативен центар во Македонија – Скопје” водена од стручни професионалци со истакнати резултати во работата (Педагог и Психолог), претставува професионална и стручна програма со цел пружање помош на ученици од основното образование на територијата на целата држава. Програмата е детално теоретски и практично разработена врз основа на сите неопходни воспитно-образовни основи а со цел обука и создавање професионални педагошки помошници за пружање помош на ученици од основното образование од повеќе аспекти: помагање на учениците за успешна работа во насока на пружање помош и поучување на ученици во основно образование за совладување на училишното градиво како и за запишување на ученици во основно образование, односно продолжување на нивното школување. Програмата содржи  вкупно  200 часови и се реализира за време од 4 месеци. Преку темите предвидени за оваа програма, кандидатите стекнаа/уваат вештини за организирање на сопствената работа, за пружање на помош на учениците за совладување на училишното градиво преку правилна и целисходно избрана стратегија на поучување и стил на учење, во зависност од можностите на ученикот. Кандидатите се стекнаа/уваат со способности за јакнење на самодовербата на учениците и мотивирање на ученикот и родител/старател за напредување во образованието.  Воедно, кандидатите се обучени да остваруваат позитивна комуникација со родителите/старателите и со училиштето, како и со локалната заедница, со што се допринесе за подобра соработка на релација училиште – родител/старател. Кандидатите се оспособени за евидентирање и документирање на напредокот на ученикот.

Со оглед на тоа дека оваа професионална програма која ги задоволува сите професионални стандарди и е веќе поддржана од државните одговорни органи и зад себе има обучено неколку десетини педагошки помошници, истата има потреба да добие соодветна државна поддршка со цел унапредување на квалитетот на основното образование, особено за учениците кои имаат потешкотии во учењето, припаѓаат на ранливите категории и/или имаат потреба од стручна педагошко-психолошка помош и поддршка. Би сакале да предложиме да биде разгледана а потоа и прифатена како дел од инситутционалниот систем со соодветната поддршка од институциите. Со добивањето на вашата поддршка, овој професионален профил кој е исклучително значаен ќе го најде своето место и ќе придонесе кон зајакнување на образовниот систем а со тоа ќе отвори и можности за работен одржлив ангажман на кандидатите кои веќе се стекнаа со сертификат и оние кои допрва ќе ја поминат обуката. Секако, најважниот придонес на овој профил е за доброто на учениците и развојот на основното образование во нашата држава. Со добивањето на неопходната институционална поддршка, овој професионален профил ќе го подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес и ќе ги надополни неопходните и позитивни промени во основното образование кои веќе ги промовирате.

Би сакал да ги нагласам неколкуте членови од Законот за Основно образование кои се директно поврзани со целната група на која се однесува нашето барање:

- Член 3

Секое дете има право на бесплатно и квалитетно основно воспитание и образование во основно училиште.

-  Член 4

Основното образование се развива врз основа на следните начела: - најдобар интерес и целосен развој на ученикот, - еднаквост, достапност, пристапност и инклузивност, - општообразовен карактер на основното образование, - обезбедување на квалитет на образованието и меѓународна споредливост на знаењата на учениците, - активно учество на учениците во животот на училиштето и заедницата, - подготвување на ученикот за доживотно учење, - унапредување на сличностите и прифаќање на различностите, интеркултурност, мултикултурализам, интеркултурализам и мултикултурност, - грижа за физичка безбедност и здравје, - автономност, компетентност и одговорност и - партнерство помеѓу училиштето, родителите, односно старателите и единиците на локалната самоуправа.

- Член 11

(1) Основното образование е институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој поддржува инклузија на сите деца во редовното основно образование.

(2) Инклузивното образование е процес кој ги зема предвид различните индивидуални потреби за развој на учениците, давајќи еднакви можности за остварување на основните човекови права за развој и квалитетно образование.

(3) Инклузивното образование од ставот (2) на овој член, вклучува промени и прилагодувања на наставната содржина, пристапот, структурите и стратегиите, за учениците со попреченост, со заедничка визија и убедување дека државата има обврска да обезбеди образование за сите деца.

(4) Инклузијата на сите деца во редовното основно образование се дефинира со Концепција за инклузивно образование, која ја донесува министерот на предлог на Бирото и истата се објавува на интернет страниците на Министерството за образование и наука (во натамошниот текст: Министерството) и Бирото.

(5) Инфраструктурата, индивудуализираната поддршка, наставниот план и програма во основното образование, се разумно прилагодени според индивидуалните потреби на ученикот.

(6) Разумно прилагодување од ставот (5) на овој член, претставува изменување и приспособување на условите за воспитание и образование во одреден случај, што не предизвикува несразмерно или непотребно оптоварување на училиштето, а е со цел обезбедување на уживањето или остварувањето на сите човекови права и слободи на учениците со попреченост на еднаква основа со другите.

(7) Пристапност до инфраструктурата и услугите подразбира преземање мерки кои осигуруваат дека учениците со попреченост имаат пристап, на еднаква основа со другите, до физичкото опкружување, транспортот, информациите и комуникацијата, вклучувајќи информатички и комуникациски технологии и системи во основното училиште.

Би било добро сериозно да се разгледа оваа можност со надеж дека се најде начин овој долго очекуван и неопходен профил во основното образование – Педагошки помошник во основното образование, да помогнете да се вклопи во институционалниот систем со соодветната поддршка.

Тука сме зз  евентуална потреба и сугестија да се дополни и унапреди програмата а ја сметате за неопходна, и Ви стоиме на располагање.

Колумна на Зоран Димов: 2021 година за Ромите уште потешка од 2020 година!c

Еве веќе сме на самиот крај на оваа за многумина една од најтешките години. 2020 нема да остане во сеќавање по убаво туку напротив, таа е обележана како една од најлошите. За тоа 95% придонесе општата пандемија со Ковид 19 која повлече негативни ефекти во секојдневието на човекот од секој аспект. Овој светски феномен не ја заобиколи ни нашата држава, а исто и Ромите кој живеат во неа.
2020 година од економски и социјален аспект направи една огромна дупка. Но што е најстрашно, без разлика дали ќе стивне оваа пандемија, штетите и последиците се огромни , и всушнсот од економски план токму 2021 година ќе биде само сумирање и пребројување на огромните загуби. Тоа значи ако Ромите биле економски најмаргинализирани со децении и векови, тоа значи дека и следната 2021 ќе биде уште потешка. Причината е едноставна затоа што во таа цела „мака„ кој ќе се сети на Ромите? Значи од економска дупка Ромите ќе бидат „последна дупка„ на приоритетите. Не ќе е прв пат.
Што се однесува до образованието и реформите кои се најавени, и тука не сум оптимист. Покрај тешкотиите со учење од далечина, поради немање на технички ресурси (лап- топ, компјутери, мобилен, таблети, интернет и сл ) ромските деца ќе бидат уште похендикепирани затоа што реформите во образованието се тотална непознаница за оваа категорија на граѓани. Втора дополнителна пречка е тоа што ниту еден ромски субјект не е вклучен во креирање на тие планови. На тоа се надоврзува и изучување на јазик како задолжителен каде ромскиот е трет официјален, а ниту се споменува. Значи 2021 ќе биде уште позаплеткана образовна година.
Од политички аспект и ромскиот политички ангажман според досегашниот тек може да се претпостави дека 2021 година нема да има никаков прогресивен тек или поинаку кажано - на Ромите не им се пишува ништо добро од тој аспект. Тоа е затоа што во моментот нема политичка партија или лидер кој е фактор на одлучување, а се се сведува и на добропознатата ромска реторика – разеднување на ситни делови. Доколку нема некое окрупнување тогаш иднината на Ромите е незивесна, Тука се надворзува и актуелниот момент со Локалните избори планирани за 2021 во октомври. Според проекциите по се изгледа за градоначлничката функција во Ш.Оризари ќе се води помеѓу неколку струи , која по се изгледа кедна од нив ќе биде и онаа дека време е за прв женски градоначалник на Ш.Оризари. Барем такви амбиции се надѕираат од актуелното раководство на општината.
Но факт е дека за да се води една општина без разлика кој и да е потребно е добро менаџирање и имплементација на проекти. Ќе се види и тој дел на кој начин ќе се искористат и тие 1 милион евра доделени од Владата на општината Ш.Оризари за инфраструктурни проекти .
Околу вработувањето поради пандемијата со Ковид општо познато е дека згаснаа мвогу работни места а директно засегнати беа и Ромите. Исто така дали во 2021 година ќе се сети и некој на Ромите дека и на ним им е потребна работа за економско оздравување. Тешко! Сега Владата најавува и петти пакет економски мерки за бизнисите, но дали ќе има некој посебен програм и за Ромите , тоа е многу тешко да се каже. Уствари шансите да се нема се огромни, отколку дека ќе има. А исто се прашувам дали некој ќе се потруди на тие Ромски фирми и бизнисмени да им објасни или направи обука на кој начин ќе можат да аплицираат.
Еден од главните моменти во 2021 година е и пописот на население. Тој е планиран некаде во Април 2021. Според претходните пописи Ромите беа трети по бројност после Македонците и Албанците. Оваа статистичка операција е многу битна, затоа што во нашата држава се функционира според застапеноста. Потребно е сега Ромите да се свесни и мобилни за тој момент. Но дали ќе биде така? Уште на старт се чини Ромите се во минус 2000 лица. Тоа е поради фактот со овие нови 700 фантоми кој ќе се стекнат со некаков документ, но дали е доволен за пописната графа да се пишат како Роми? Исто така се знае дека уште нешто над 1000 не се ни регистрирани а се знае дека се тука –постојат. Пописот е момент на вистината. Но сепак се знае од минатато дали тие Роми во минатото , па и сегашноста ќе може да се претопат во некоја друга националност како што се Македонци, Албанци, Турци и др. Ризикот е ток. Во Западна Македонија може Ромите лесно да станат Албанци. Во Централниот и јужен дел на Македонија – Македонци а оние од источниот и југоситочниот дел – Турци.
А за квоти за вработување или пак стипендии веднаш се како камелеони , веднаш ќе се сетат дека се - Роми.
Тоа е тажната наша ромска реалност. 2020 беше црна, но според мене 2021 ќе биде уште поцрна, Црна како и нашата боја на кожата. Да не си во кожата на Ромите!

Колумна на Зоран Димов: Владата на РС Македонија од буџетот за 2021 за Ромите одвои близу 1 милион евра. Дали се доволни?

Со крајот на годината, на дневна точка дојде и гласање за планираниот Буџет на Македонија за 2021. Се изгласа и се донесе досега најголемиот Буџет во виснина од околу 4 милијарди евра. Во тој буџет планирани се средства и за поддршка на Имплементација на Декадата и стратегијата на Ромите. Одвоени близу 60 милиони денари или близу 1 милион евра.
Знаејќи дека минатогодишниот Буџет одвоени за Ромите изнесуваше скоро 300.000 евра помалку од овогодишниот, некој би рекол: „Супер! Го зголемиле буџетот за Ромите„
Но се поставува и дополнително прашањето, и констатацијата дека токму тие 300.000 евра не беа искористени и беа пренаменети, ова повеќе доаѓа логично дека тие пари се свушност дел од несикористените средства.
Втор момент е дека севкупниот буџет изнесува 4 милијарди евра, а за Ромите се одвоени се 1 милион. Дали се доволни? Но да одиме по ред. Евидентно е дека за Имплементација на Декадата и стратегијата на Ромите во нашата држава одвоените средства се насочени кон неколку области и тоа: Министерство за Транспорт и врски околу 325 илијади евра. Министерство за труд и социјална политика со се донациите 180 илијади евра, Министерството за образование и наука заедно со се донациите околу 395 илијади евра и во Здравството околу 65 илјади евра. Најверојатно тие средства се одвоени по однапред планирани активности, но колку институциите (министерствата и општините) ќе имаат вистинска волја и капацитети да ги реализираат тоа е веќе друго прашање. На хартија стои, но во реалноста колку ќе се сработи веќе е друго прашање. Например. Ако во Министерството за транпсорт и врски се планирани околу 325 илјади евра тие најверојатно ќе треба да се искористат за инфраструктурни решенија, улици, патишта, водовод, канализација низ ромските населби. Но каде се средствата за домување? Ако во Министерството за Труд и социјална политика заедно со се донации се планирани околу 180 илијади евра, околу 35.000 евра се наменети за градинките, останатите за Ромските информативни Центри – РИЦ-ови каде стои покрај постоечките да се отвореле уште неколку на цела територија на Македонија. Но дали ќе се отворат и дали ќе се искористат. Што ке работат, дали има отчет за сработеното, со каква школска подготовка ќе бидат вработените кој ќе бидат критериумите за вработување, тоа е друго прашање. Најголем буџет е одвоен во МОН од вкупно 395 илјади каде за средношколски стипендии се планирани околу 213 илијади евра, а останатите околу 180.000 евра за образовните медијатори, како и дел во основното образование. Тука наместо тие образовни медијатори или педагошки асистенти да влезат под ингеренции на општините и училиштата кои гравитираат во тие општини, може многу лесно тие останати 180 илијади евра да се искористат за други приоритети. Пример многу е лесно на територија на цела држава да се вклучат околу 15-тина општини да ги превземат тие обарозвни – педагошки помошници товарот еднакво да се подели, тој нема да изнесува повеќе од 10.000 евра по општина на годишно ниво! Тоа е смешна сума а сепак ќе има вработување на ромски наставен кадар по општините кој ќе бидат од голема корист на училиштата, родителите па и самите деца.
Најмалку одвоени средства има во Здравството само околу 65 илјади евра, кои се планирани најповеќе за финансиска подршка на тие здравствени ромски медијатори. Тие по правило би требало да бидат вработени во здравсвениот систем како патринажни сестри. Ако е потребно да имаат и дополнителна обука.
Но поентата е следна. Одовени се скоро 1 милион евра, но дали се доволни. Факт е дека нема средства одвоено ниту за Министерствата како што се за Култура, За животна средина и просторно планирање, политички системи и односи меѓу заедниците, ниту пак евентуално занекои посебни програми за вработување на Ромите во агенциите за вработување. Буквално произлегува дека од Буџетот на македонија за Ромите се одвоени само околу 0.025%. Пластично објаснето од севкупно 100 евра, за Имплементација на Декадата и стратегијата на Ромите довоиле „цели„ 0.025 центи. Ќе се интегрираме и те како! Сепак мора да се признае дека оваа Влада до сега одвоила највеќе средства за Ромската заедница!

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 107 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот