ИРУ

Се е подготвено за 12-ти Конгрес на ИРУ, кој ќе се одржи на 4 и 5 Април во Скопје

За редовниот 12-ти Конгрес на ИРУ, се е подготвено. Вчера и денес преку меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа делегатите и гостите на ИРУ кои ќе бидат дел од овој Конгрес. Се очекува бројот на присутни членови на ИРУ и гости да бидат околу 100 од над 55 држави од целиот свет. Главните активности поврзани со Конгресот ќе бидат на 4 и 5 Април со организирање на повеќе Панел дискусии и учество на голем број панелисти. Исто така на Конгресот последниот ден ќе биде и изборот на новото  раководство на ИРУ како што е Претседател и други функции во ИРУ.

Значаен број на високи  европски и други функционери ќе бидат дел од Конгресот на ИРУ, додека дел ќе бидат вклучени преку ЗООМ или со веќе испратени свои видео пораки до сите присутни гости. Дел од гостите ќе бидат и наши национални функционери, како и дел од дипломатскиот кор во нашата држава.

Во рамките на 12 Конгрес на ИРУ ќе биде организирана и културна програма и воедно на 4 април во МКЦ ќе биде и свеченото затворање на 22-от Филмски фестивал „Златно Тркало 2024„ и прогласување на најдобрите филмови.

„ИРУ Засекогаш„ е мотото по која ќе се води 12-от Конгрес на ИРУ

Во пресрет на одбележување на Меѓународниокт ден на Ромите 8 Април, во тек се подготовките и финализирање на активностите на ИРУ кој го организира својот 12 Конгрес и ќе се одржи од 3 до 6 Април во Скопје, со повеже панел дискусии и културни програми.

Според најавите се очекува околу 60 ИРУ делегати од над 50 држави и над 30 други високи гости ромски пратеници и функцинери од многу европски држави,

Инаку сите панел дискусии ќе бидат дебатски обрабтени, но најголемиот таргет ќе биде фокусиран на младата нова прогресивна сила на ИРУ . Идеата е ИРУ со нови млади интелетуални Роми да биде иднината на Ромското движење во светот. Затоа и слоганот на ИРУ за вој 12 Конгрес е „ИРУ засекогаш„.

Во Преамбулата на Статутот на ИРУ се искажуваат заедничките цели и идеи на Ромската Нација чии преставници всушност ја преставуваат и затоа е формирана Интернационалната Ромска Унија - ИРУ. Како преставници на Ромскиот народ прават напори да се заштити Ромската популација и идните генерации од сите неагативни појави со кои се соочуваа во минатото, во сегашноста и во иднината Ромскиот народ, во сите форми на дискриминација, говор на омраза, сегрегација, нетолеранција, насилств, геноцид, а воедно длабоко сме уверени во почитување на човековите фундаментални права, еднаквост меѓу сите полови, создавање на поволна клима за почитување на правата почитување на основните демократски принципи на слобода, и животниот стандард, како и елиминација на сите неправилности, во соработка со интернационалните институции кои се задолжени за тоа. Мисијата воедно и како цел се следните заложби:

Да се прошират хоризонтите за зачувување на Ромската култура, традиција, обичаи и јазикот

Почитување на основните човекови права и слободи , и почитување на сите обврски кои доаѓаат со потпишување на сите договори од интернационален карактер

Да се одржи мирот и стабилноста во светот

Развивање на пријателски односи помеѓу народите врз основа на почит, и еднакви права помеѓу народите

Соработка за решавање на проблеми од економски, социјален, културен и хуман аспект во врска со Ромите

Да се зајакне поддршка за еднакви права, основи на слободата, без разлика на боја, раса, пол, јазик и религија

https://www.facebook.com/jasna.vlado/videos/1327959697871332?locale=mk_MK

На 12-от Конгрес на ИРУ главниот слоган е: „ Нов почеток, Нов глас, Нова визија - Денешната младина за посветло утре„

На 12 –от Кнгрес на ИРУ кој  же се одржи од 3 до 6 Април 2024 година, покрај  другото фокусот ќе бидат и Младите Роми.

Во тој контекст Интернационалната ромска унија ИРУ  ги храбрува и ги мотивира младите и прогресивни Роми да пристапат кон ИРУ. Затоа и слогалнот на ИРУ за 12 Конгрес е „Нов почеток, Нов глас, Нова визија - Денешната младина за посветло утре„

Инаку ИРУ со својата активност од самиот старт на своето функцинирање пред 53 години па се до сега се насочува во својата активност за да ги штити Ромите ширум светот од сите негативни појави во сите форми на дискриминација, говор на омраза, сегрегација, нетолеранција, насилство и геноцид. Ги почитуваме човековите основни права, еднаквоста меѓу сите родови, создавање поволна клима, основна демократска принципите на слободата и животниот стандард. Ние сме во соработка со меѓународните институции кои се обврзани за нивната мисија.

Се оочекува на присуство  на над 60 делегати од над 40 држави од целит свцет, како и гости преставници од разни држави во својство на пратеници во Европскиот парламент, национални пратеници и др.

Кампања на ИРУ: https://www.facebook.com/jasna.vlado/videos/940378494351022/

На Денот на мајчиниот јазик: Потпишан меморандум за соработка помеѓу Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ од Скопје и ИРУ, за заштита и изучување на Ромскиот јазик

Во рамките на одбележување на 21 февруари  - Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 20.02.2024 година Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” преку нејзиниот декан Проф. Д-р Владимир Мартиновски  и Интернационалната Ромска Унија – ИРУ  представена од нејзиниот претседател Зоран Димов, потпишаа Меморандум за соработка, чија што цел е воспоставување и градење на отворена деловна соработка помеѓу Факултетот и Унијата и утврдување на облиците и начинот на меѓусебна соработка со цел заемна поддршка и придонес во вршењето на дејноста на договорните страни, помош и поддршка на наставниот кадар при реализација на наставата по ромски јазик и интензивирање на развојот на наставата и изучувањето на ромскиот јазик во Република Северна Македонија. Благодарение на овој договор, студенти од Факултетот ќе можат да стажираат преку преведувачки активности поврзани со подготовката на XII Конгрес на Интернационалната Ромска Унија – ИРУ, кој ќе се одржи во Скопје од 3 до 6 Април 2024 година..

Исто така преку овој меморандум се отвара и нова страница и актуелизирање на отварање на Катедра за изучување на Ромкит јазик и култура за идните студенти

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 130 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот