ИРУ

Зоран Димов како претседател во името на ИРУ , ја осудува изјавата на словачкиот премиер Роберт Фицо, и воедно ја поздравува брзата реакција и спротивставување на Ромските пратенци во словачкиот парламент.

Неодамнешната изјава на словачкиот премиер Роберт Фицо кој на самитот  во Давос,, Ромите од Словачка ги нарече „Цигани„ и ги дискредитираше  во форма на „неработници„  претседателот на ИРУ Зоран Димов во име на својата организација реагира на овој ксенфобичен начин на изразуцање од страна на премиер на една држава, а воедно ја поздравува храброста и воедно решителноста на Ромските пратеници во словачкиот парламент, кој  брои група од шест пратеници. Тј овој чин на ромските пратеници го оценува како чин на одважност и пример и за другите ромски пратеници цоо другите држави да реагираат кога некои високи државни функционери, се дрзнат неоправдано и неаргументирано да ја дискриминираат ромската заедница .

На тој  начин  ромските преставници во држабвните институции покаќуваат во вистинска смисла на зборот дека цврсто стојат да ги бранат интересите на своите браќа и се против секој вид на дискриминација и расизам, се вели во реакцијата на претседатело на ИРУ Зоран Димов.

Претседателот на ИРУ Зоран Димов во Брисел на средба со Претседателот на Европскиот Парламент Роберта Метцола, и Советникот за Интеграција на Ромите за соседство и преговори за проширување Марта Гарсија Фидалго

Шест члена делегација на ИРУ во Брисел, предводена од претседателот Зоран Димов  од 24 до 26 јануари се во Брисел  по покана од Европскиот Парламент поповод одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. Тие присуствуваа на настаните организирани од Евроопскиот Парламент, и европратеничката Ливија Јарока.

Главниот настан беше на 25 јануари, а во попладневниот термин делегацијата на ИРУ беше присутна и  на  Порајмос - Сеќавање на изложбата и концертот на Холокаустот на Ромите.

Во меѓувреме делегацијата на ИРУ предводена од нејзиниот претседател Зоран Димов остварија и средби со високи функционери од Европскиот парламент и Европската Комисија.

Тие имаа средба со Претседателот на ЕП Роберта Мацола каде разговараа за активностите на ИРУ со фокус за состојбата на Ромскатта заедница како во Европа така и поширок. Исто така имаа средба и со Советникот од Европската Комисија за Интеграција на Ромите за соседство и преговори за проширување Марта Гарсија Фидалго, и тука фокусот беше задржан за состојбата со Ромите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Турција, за кој доби извештаи за постоечките проблеми со кој се соочува ромската заедница од тие земји.

Освен претседателот Димов делегацијата на ИРУ ја сочинуваа и Атма Синг делегат од Велика Британија по потекло од Индија, Луцица Тудор од Романија, Вели Хусеин од Хрватска, Адмир Исмановски од Данска и Ќазим Дурмиш од Белгија.

Како пригоден подарок од страна на ИРУ претседателт на ЕП Роберта Мецола доби  и уметничка слика изработена од страна на уметникот Дурмиш Ќазим.

 

Новогодишно интервју со Претседателот на ИРУ и Координатор на Мрежата за системски и трајни решенија Зоран Димов: „Некој седи денес во сенка, бидејќи некој посадил дрво пред многу години„

Во своето резиме за досегашната состојба на Ромите како во Северна Македонија,  така и од Западен Балкан, Европа и светот претседателот на Интернационалната Ромска Унија – ИРУ Зоран Димов и  Координатор на Мрежата за системски и трајни решенија на Ромите во РС Македонија  во своето резиме за изминатиот период на крајот од оваа 2023 година , ја потенцира потребата од од незапирлива активност и уште поголеми напори во активностите како и посериозен пристап на решавање на проблемите на Ромите и Ромската заедница, како на нациналнно така и на интернационално ниво.

Суштината на  проблемот освен во надворешните фактори исто така ја гледа и во својата Ромската заедница. Политиките кои  се водат кон Ромите според Димов воопшто не се ветувачки се додека се има индолентен однос или личен интерес на истите тие.

Рома Тајмс: „Како ја оценувате оваа 2023 година кога се во прашање Ромската заедница на општо ниво? 

Зоран Димов: „Можам да кажам дека за жал и оваа 2023 година е уште една изгубена и тешка година кога се во прашање  решавање на ромските проблеми. Воопшто веќе еден подолг период забележлив е трендот на ораст на антиромското расположение и антициганизмот. Се поголем е замавот на десничарските партии во Европа и пошироко, кои ја освојуваа власта во свооите  држави. Аналогно на тоа и ромските прашања и проблеми некако дојдоа во втор план или пак воопшто не беа на висок место во нивните агенди за реазлизација на програмите кои беа оврзани со ромските прашања. Големи надежи исто така се полагаа и в ветувачката финасиска подршка од страна на ЕУ кои за време на своите настапи рекоа дека се одвоени 1.4 милијарди евра за реализација на разни програми и проекти поврзани со Ромите и тие средстав ќе бидат распоредени во таа насока. Но за жал, на кој начин ќе бидат тие средстав искористени и распоредени најмалку се запознаени токму тие за кои се наменети – Ромите и нивните преставници.  Воопшто произлегува дека сето тоа ќе зависи од политичката волја на преставниците од тие држави во кој најмалку ќе бидат приклучени ромските преставници. Исто така кон средината на оваа година  како што знаеме се информиравме дека за ромската заедница  во следната деценија ќе се вложат уште 100 милиони евра кои ќе бидат прераспоредении од страна на Европската Ромска фондација . Е сега дали тие средстав ќе бидат правилн распоредени и наменети, ќе покаже времето.

Но едно е забележливо, освен овие 100 милиони евра со кој ќе раководи рмска организација, за тие 1.4 милијарди евра, нема никаква информација каде и како че се прераспоредат. Знаеме исто така дека во минатотоо секогаш кога е во прашање финансирање на проекти наменети за Ромите освен ештаблирани и проверени Ромски организации правеа планови, стратегии и нудеа свои прграми на кој начин и каде треба да се канализираат тие средства, многу пати т.н. „пилот ромски организации„ влегуваа во игра за да дојдат до тие средства, и за жал повеќе пати е докажани токму тие таквите роомски организации кој се појавуваа во тој момент, беа од краток здив и рок, за потоа кога ќе ги земаа работите во свои раце за потоа одеднаш „исчезнуваа„. А ефектите и придобивките беа поразителни.

Токму затоа напоменувам дека во иднинна кога ќе дојде тој момент непоходна е соработка со проверени и докажани ромски активисти кои долги години се активни  и роверени.   

 Рома Тајмс: „Кои активности ќе ги превземе ИРУ во периодот кој следува?„

Зоран Димов:  Активностите кои  ИРУ ги спроведува се во континуитет. Зацртаните цели кои во 2023 година ги спроведувавме каде одржавме повеќе пати состаноци како со физичко присуство така и он лајн а исто така и активн учествувавме на голем број на состаноци и конференции со истакнати европски лидери, пред се мислам на моите заложби и сугерирања искажани на состаноците во Европскиот Парламент, Европската Комисија, Советот на Европа, на состаноците со ОБСЕ и други  релевантни меѓународни институции. Тука ги истакнував моите сознанија за состојбата со Ромите од тие региони, и воедно моите предлози на кој начин потребно е да се помогне на Ромската заедница за да се аморитизира оваа економска криза. На сите тие состаноци и дијалози , освен ветувања не добивавме никакви конкретни мерки. И од таму мојот заклучок е дека мора да направиме да тргне ромската заедница од мртва точка.

Зборувајќи од аспект на ИРУ ние како најголема Ромска интернационална организација правиме напори тој тренд да се намали , и воедно за да се постигне таа цел, стоиме на располагање за соработка  со сите добронамерни и респектабилни Ромски организации, асоцијации и здруженија кои работата за доброто на ромската заедница дали е тоа  на национално или регионално ниво. Сите тие организации имаат подадена рака од ИРУ за заедничка соработка кои се во интерес на Ромската заедница, без разлика дали станува од економски, политички, социјален, бизнис, здравство, човекови права и еднаквост и сите други полиња. Токму во 2024 година е база за воспоставување на тие конекции . Тоа ќе бидат и една од клучните теми на Конгресот на ИРУ кој е планиран во периодоот на месец април 2024 година каде ќе бидат поканети и голем број на  истакнати европски инстутуцинални раководители и функциоонери, еве јавна покана за сите добро намерни ромски организации да ни се придружат и пристапат на отворен дијалог и понатамошна соработка, каде ќе биде потребно да ја исградиме нашата идна ромска стратегија и делување. Само така на европските институции ќе им се покаже дека и ние како ромски влијателни партиципиенти можеме заеднички да делуваме и донесуваме одлуки, како и да придонесеме во креирање на идните политики кога зтанува збор за Ромската заедница. Да не дозволуваме, Европа да одлучува во наше име, туку и ние активно да земем улоги на донесување на ваќни одлуки кога станува збор за Ромите како во Европа така и пошироко.

 Рома Тајмс: „Да се вратиме на овие простори. Вие сте и координатор на Мрежата за системски и трајни решениа на Ромската заедница во РСМ. Кои беа вашите активности во изминатиот период, и кои се предизвиците во 2024 година? 

Зоран Димов: „Јас како Координатор на Мрежата за ситемски и трајни решенија, заедно со сите наши останати членови кои се дел од Мрежата а се дел од Ромскиот невладин сектор во државата, во годината која изминува ја гледаме дека во неа можеше Ромската заедница да биде многу повеќе застапена во плановите и акциите кои ги спроведуваше државата . Токму на стартот на 2023 година, нашата Мрежа беше иницијатор за креирање на Националната Платформа на Ромите, кои потоа на неја учествуваа и другите ромски мрежи. Таа НПР во текот на цела година преку нашите координативни средби и сотаноци ја надградувавме и надополнувавме, каде потоа во некои од државните институции ја презентиравме да биде и дел од Ромската стратегија. Паралелно нашата Мрежа покрај другото иницираше и органиѕираше и настани какоо што се одобележување на знаќајни денови и датуми за Ромската заедница од нашата држава како што се 8 Април, 2 Август, 5 Ноември и др.

Во меѓувреме Мрежата одржуваше континуирани средби и состаноци, како мешу членовите на Мрежата така и со други Мрежи од ромски организации. Ба последниот  состанок кој се одржа кон средината на декември оваа година, а инициран од страна на Мрежата на која учествуваа и други ромски организации и мрежи, еден од основните заклучоци е дека во наредната 2024 година која е доста интересна од аспект дека е година на Парламентарни и претседателски избори во нашата држава, нашата мрежа  иницира буквално формирање на една форма на Сојуз  кои во интерес на Ромската заедница. Само така здружени и во Сојуз во кои би членувале над 50 и повеќе ромски организации, ќе бидеме позабележливи и покомпактни, и ведно посилни во настапите пред се мислиме пред политичките субјекти без разлика дали се од македонскиот , албанскиот или друг блок. Со фактот дека е година на избори, само во Сојуз можеме да поставиме барања до политичките субјекти со повисоки цел и писмени гаранции. Подучени од минатите лоши искуства кога на пример на последните избори беше ветено таканаречен Директриум за Ромски прашања. Но сите знаеме дека од тоа ветување не испадна ништо. Затоа и за време на соостаноците со тие политички партии и лидери една од приоритетите на барањата на идниот Сојуз ќе бидат само потпишани писмени гаранции од дадените ветувања. Во оваа 2024 година во координација и без егоцентризам да се постигнат повисоки цели од сега постоечките, и на политичко, социјално, економско, културно и друго поле. Исто така идниот Сојуз, ќе се залага за поголема партиципација од областа на вработувањето, во државната администрација на ромската заедница, притоа водејќи сметка сегашниот кадар на врабтени од ромската заедница во државната администрација да не се осипува. Барањата ќе бидат и за повисоко позиционирање на Ромите в државната администрација.

Инаку јас во мое име а и во име на Мрежата и идниот Сојуз ќе направиме се за идните наши покленија едно подобро утре во ова наше општество. Затоа и на крај би го цитирал познатиот американски бизнисмен и филантроп Ворен Бафет: Некој седи денес во сенка, бидејќи некој посадил дрво пред многу години

Новогодишно интервју со претседателот на ИРУ Зоран Димов: „ На следниот 12-ти ИРУ Конгрес во 2024, ќе донесе уште попозитивни коренити измени во интерес на Ромската заедница во светот„

ИРУ како најстара и најголема ромска интернационална организација која постои над 52 години, со своите активности со децении наназад се ештаблираше како водечка интернационална ромска организација. Од 2016 година за време на 10-т Конгрес на ИРУ кога за нејзин претседател беше избран Зоран Димов. Со неговото назначување како и назначувањето на новиот состав на ИРУ претседателството ИРУ се издигна на едно ниво повисоко кога се во прашање интересите на Ромската заедница. После тоа веднаш ИРУ во УН го поврати својот ECOSOC статус, исто така се ештаблираше како дел од ЕВЗ фомдацијата,  важен фактор во EРТФ, и редовен партнер во состаноците организирани од страна на ЕП, ЕК, СЕ и други европски институции.

Секој пат ИРУ реагираше и даваше конкретно насоки и предлози на релевантните европски и светски организации. Сега според нејзиниот претседател Зоран Димов во своето предновогдино обраќање за читателите на Рома Тајмс самиот тој потенцира.

-Како нејзин актуелен претседател и воедно заедно со тимот на ИРУ во целиот овој перидо од моето назначување рабтевме  на зајакнување на капацитетите на ИРУ и во тоа ве уверувам успеавме. Тоа се должи на нашиот сериозен пристап и константнас комуникација меѓу самото членство било тоа на нашите видео ЗООМ состаноци или редовните Парламентарни сесии . Ги следиме сите активности и воедно активно учествуваме во донесување на важни одлуки и документи. Констатно земаме учество на многу интернационални состаноци каде сме повикани како релевантна ромска организација.

Во тек е сега и нашиот фокус во организирање на редовниот 12-ти ИРУ Конгрес кој е планиран во периодот март или април кој ќе биде надополнет со повеќе активности, покрај изборот на новот раководство на ИРУ Кабинетот и претседателството.

Чуствувајќи ја потребата за „свежа крв„ ИРУ на овој Конгрес ќе се фокусира и на прием на нови млади и прогресивни сили кој чекаат на прием во ИРУ. Воедно Димов нагласува дека на следниот 12-ти ИРУ Конгрес во 2024, ќе донесе уште попозитивни коренити измени  во интерес на Ромската заедница во светот„

Затоа и потенцирана е важноста на овој Конгрес на ИРУ на кој според претседателот Зоран Димов, покрај членовите и делегатите на ИРУ свое присуство најавија како гости и голем број на истакнати високи функционери на значајни позиции од Европската Унија, ОН и други организации, здруќенија и асоцијации.

На крајот Зоран Димов испрати честитки во свое име и во име на ИРУ до сите свои соработници, пријатели, партнери поповод Божиќните и новогодишните празници  со желба за  здравје, среќа, просперитет, успех како и прекин на сите конфликтни дејствија и да завладее мир на сите простори во светот.

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 111 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот