РДС анализа: (Осми дел ) Да бидеме на чисто, изгласаната Резолуција за Ромите во Собранието е плод на трудот на сите Роми во државата!

Сега изгласаната Резолуција за промени и подобрување на положбата на Ромите во Република Северна Македонија а изгласана од страна на 60 пртеници за и ниту еден против, е резултат од неколку години наназад напорот и трудот направен од повеќе Ромски НВО од Република Северна Македонија, кои во континуитет со големо внимание е направена опфаќајки ги сите сегменти и акцент на спроведувањето на стандардите за човековите права  за Ромите како најранливите и најмаргинализираните групи во Република Северна Македонија.

Во самата претходно направена, а сега изгласана резолуција јасно стојат насоките и потребите на кои треба да се фокусираат нејзините имплементатори и реализатори.

Немајќи ја на увид целосно подготвенета резолуција која беше доставена во Собрание од страна на Интерпарламентарната група предводена од пратеникот Самка Ибраимовски, потребно е да се напомене дека за време на нејзината подготовка од страна на Ромскиот НВО секоор во неа јасно стоеа и насоките, начините како и зацртани временски рамки за нејзина реализација.

Во оваа оваа усвоена и изгласана Резолуција за промени и подобрување на положбата на Ромите во Република Северна Македонија, стојат начелно барањата за кои треба да се залагаат сите инволвирани страни, но не е забележано дали имаат оперативен план и програм како и своја временска рамка на нејзина реализација и имплементација.

Тоа како РДС го потенцираме бидејќи сме поучени од минатите искуства дека без зададени рокови и термини за нивна реализација сепак може да остане само „мртва буква на хартија„ .

Тогаш ќе испадне дека сето ова е само декларативно прифачање, без некоја шанса за негова имплементација и реализација.

Втор момент е исто така битен да се потенцира, дека оваа Резолуција воопшто не е некоја индивиндуална или пак партиска заслуга, затоа што на неа работеа многу луѓе кои ја имаа оваа визија уште одамна и направија големи напори за да може да ја види виделината на денот. Поточно таа веќе многу поодамна е испратена и позната во повеќето значајни европски и други меѓународни институции, каде во ена стојат и точно зацртаните рокови за нивна имплементација и реализација.

Инаку за споменување е дека оваа сега изгласана Резолуцијата стапува во сила после објавувањето на„Службен весник на Северна Македонија“.

Каква иднина ја чека оваа верзија на резолуцијата ќе покаже времето!
РДС анализата продолжува...

Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 422 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот