РДС: Подготвени сме да кандидираме во секоја Изборна еднициа кандидат Ром за пратеник !

Еуфоријата „Парламентарни избор 2020„ во нашата држава, по се изгледа не го одминува ниту ромскиот политички блок. Математички пресметки и калкулации, не ги одминува ниту сегашните ромски политички лидери, но ниту новосоздадените ромски политички протагонисти.

 

Исто така  тука се и т.н. ромски граѓански сектор, кои до „вчера„ се декларираа како НВО сектор, кој полека се „метастазираат„ и во политичките води.

Како единствен одговор на целава ситуација имаат и Ромскиот Демократски Сојуз – РДС, кој досега се декларираше како национално движење, но веќе длабоко размислува и за негов политички ангажман.

 

Познавајќи ја структурата и капацитетите, на досегашните испробани ромски политички „владари„ , а воедно и на потенциајлните кандидати кој сакаат да влезат во „политичките води„, РДС засега крои стратегиа и план за евентуален влез во предизборната трка на овие Парламентарни избори, кои по сите логики може да се случат на 12 април годинава.

РДС нагласува дека добро ја познава структурата на проблемите , а воедно и нивно решавање, ромската заедница во државата лесно ќе ги препознае искрените намери и заложби на движењето РДС.

 

Затоа и се подготвени да исфрлат своја листа на сите изборни единици во државата, а според амплитудата на подржувачи лесно може да се извадат и Ромски преставници од РДС во идниот законодавен Парламентарен состав.

 

Но едно е сигурни сеуште на ја истакнале својата определба со која политичка опција од македонскито блок, би направиле евентуална соработка, или попопуларно кажано – коалиција.

 

Како што велат од РДС тие се сериозно расположени и за овој чекор, затоа што се уверени во своите капацитети, и воедно во профилот на самите кандидати кои тие ќе ги понудат на овие парламентарни избори.

Како што велат во брзо време ќе се знаат сите понатамошни чекори кој ќе ги превземе РДС, која за волја на вистината сигурно и брзо се приближува токму и тој период.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 275 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот