Antigypsyism

Романија: Поставено видео на кој се гледа како возач на автобус тепа Ромка со дете во раце

На социјалните мрежи беше поставено видео које според постот е настан од 25 април 2019 година во романскиот град Залау кој е 550 км северно од главниот град на Романија -Букурешт.

На видео снимката која е направена од страна на еден од патниците на автобусот и трае околу 15 секунди се гледаат шокирачки сцена како шофер на јавниот транспорт со дрвена рачка од метла ја напаѓа една жена - Ромка која држи дете во своите раце.
На снимката се гледа додека шоферот замавнува по жената, таа се труди да се заштити замавнувајчи по него со пластично шише и се труди да го задржи бебето во нејзините прегратки.

Во еден момент, снимката покажува како, по силен удар, рачаката се скрши но возачот и понатаму ја удира жената. На снимаката се гледа дека ниту еден од присутните не приоѓа да го спречи овој напад врз Ромката.

Инаку според очевидците, никој не ја знаеше востинската причина за ова насилство. Оваа снимка потоа беше превземена од еден локален весник и беше достапна за јавноста.

Инаку по овој настан немаше информации дека случајот е пријавен во полиција или пак повик за итни случаи на бројот 112.

Според Новиот Кривичен законик, во случаи на насилство, полициските службеници можат да се жалат по службена должност, наместо да поднесат жалба од страна на повреденото лице.

Link: https://zalau24.ro/femeie-cu-bebelus-in-brate-lovita-cu-bestialitate-in-autogara-din-zalau-totul-s-a-intamplat-sub-privirile-uimite-ale-pasagerilor-unui-microbuz-video/?fbclid=IwAR0vL6tP7694VsjWO8pTJ7yQEuQeBg0ptYHqsLs2fOQrHRiTK1ofskcQEus

Video -

Горњи Милановац: Покривот над глава за Ромите од градската каса

Нема повеќе ранливи ромски семејства во Горњи Милановац, затоа што тој проблем падна врз буџетот за доделена домување на општината - изјави првиот човек Дејан Ковачевиќ, и е финализиран со предавањето на клучевите на реновираните општинската зграда во Петра Бојовиќ каде деветчленото семејство Зачировиќ, кој наскоро ќе брои десет членови ќе биде сместено.

Претходно, за другите две такви ромски семејства, објектот беше реновиран во Љубичка. Вредноста на адаптацијата на двете куќи изнесува 15.000 евра

Овие семејства се пресели од напуштени, дотраени зграда во центарот на градот, од спротивната страна на Општа болница, кој исто така е во сопственост на општината, а наскоро ќе се урнат, бидејќи тоа ќе биде тука за да се изгради нова зграда на Центарот за социјална работа.

Чешкиот град одбива да се спогоди вонсудски со Ромите кои насилно беа преселени пред 13 години

Локалната власт на чешкиот град Всетин одби вонсдуска спогодба со поранешните ромски станари на зградата која се наоѓаше во центарот на градот, и сака предметот да биде одлучен од страна на судот. Инаку локалната власт во Всетин ги исели ромските станари од зградата во 2006 година.

Судовите се занимаваат со случајот од 2008 година. Неодамна се отфрли вонсудско решение од страна на локалниот совет.

Во 2006 година градското собрание купи стари куќи во областа Јесеники и ги принудуваше некои од иселените ромски семејства да преземат 20-годишни заеми од градот за да ги ги купат. Уште 40 ромски семејства беа преселени на периферијата и сместени во станбени единици изработени во форма на контејнери.

Иселените семејства кои беа преселени во областите Јесеники и Проштејов беа принудени да купуваат полу-урнати куќи во оддалечените села. Три семејства беа преместени во такви стари куќи во селата Стара Червена Вода, Виднава и Влчице.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/czech-town-refuses-to-settle-out-of-court-with-roma-whom-they-forcibly-relocated-13-years-ago

Повторно антиромска интернет измама во Чешка: За Ромите воведен бесплатен јавен превоз

За жал повторно на чешкиот интернет се појавиа лажни кампањи, и како пример е една сега достапна каде се тврди дека градот Јаблонец над Нисоу во соработка со Јавните транспортни компании во градот наводно вовел нов вид на билет за јавен превоз само за патници Роми од областа Зелено Уддоли.

И покрај тоа што оваа измама е многу стара, повторно се појави на социјалните медиуми и предизвика негативни реакции.

Еден социјален работник од Јаблонец над Нисоу предложил да се обезбеди превоз во училиште во текот на зимските месеци за децата од социјален ризик од квартот Зелени Удоли, кој е 1,5 километри одалечен од центарот на градот и претежно е населен со Роми.

Инаку децата од тој кварт одат на училиште по тој локален пат кој нема ниту тротоар и е речиси непрооден во зимскиот период. Единствена можност за нивно безбедно патување е организиран превоз.

Инаку оваа идеа е промовирана уште од 2011 година како пилот проект. Цената со три месечен период наместо 44 евра, родителите плаќаа по 10 евра.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/antigypsyist-hoax-returns-to-czech-internet-alleging-that-roma-get-free-public-transportation

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 297 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот