Antigypsyism

Геноцид на Ромите во Третиот Рајх

Во времето на објавувањето на првите мерки против Ромите и Синтите во нацистичка Германија, антициганизмот, исто како и антисемитизмот, долго време постоел и во Третиот рајх и во многу други европски земји.
Во различни работи на геноцидот на Ромите, по раскажувањето на холокаустот, авторите често започне само од овој термин, да се објасни мотивирање на најновите, повеќето застрашувачки чин остварува од страна на нацистите.

Клучното за Ромите беше токму истата во 1936 година, кога беше воспоставен Институтот за истражување чиста расна нација. Во јули 1936 година, во предвечерието на Олимписките игри, започна ловот за Ромите во Берлин. Околу 600 од нив беа исфрлени од нивните куќи и протерани на периферијата, а потоа собрани во кампот во Маркан.
Во исто време, околу 500 Роми од Баварија беа испратени во Дахау за преквалификација и "можна стерилизација".

Од истражувањето доктор Ритер и неговиот помошник Ева Џастин, спроведена во логорот во Маркан и на други места каде беа одредени за Ромите, Химлер со најважните заклучоци, го објави клучниот декрет - расистички концепт на идната политика кон Ромите. Така, на 8 декември 1938 година, издал циркуларно писмо за борбата против "Циганските опасности". "Мишлинг" или "валканите" Роми, кои, според Ритер, беа над 90 проценти од целокупната ромска популација во Германија, беа во центарот на вниманието. Со регистрирање на сите Роми , на Германците им е забрането да се венчаат со нив, и се предлага посебен закон за Ромите, со кој ќе се регулира нивната позиција во германската средина. За првпат се појави изразот "конечно решение за Циганското прашање".

Link: http://www.starosajmiste.info/userfiles/files/download/Stradanje_Roma_u_Srbiji_za_vreme_Holokausta.pdf

Националната омраза - станаа секојдневие на социјалните мрежи

„Цигани„, „Ѓупци„, и други изрази кон Ромите станаа како едно нормално секојдневие најчето на социјалните медиуми.
Човек да почне да ги чита коментарите и нивните заклучоци ви врска со Ромите, ќе разбере дека Ромите се всушност монструми.
Например од негрижа и нехуман пристап на да речеме педесетина несовесни и доволно несоцијализирана група Роми во државата , веднаш се започува со „рафали„ и генерализирање од типот: „Цигани„, „Ѓупци„, „Чергари„... И веднаш придружен сличен арсенал придавки, додавки, подржување, навреди кон цела една нација, како и дополнителни додавки во стилот: Крадаци, џаболебари, наркомани, валкани, лажговци и сл, за да ги опишат Ромите уште поилустрирано.
Па добро бре луѓе кај живеете вие? Според вас „недоделканите„ кој коментираат, дали е потенцијална опасност за вас, доколку некое „Циганче„ седне на иста клупа во школо со вашето дете, постои опасност дека ќе му го украде моливот или тетратката па и ужинката?
Дали случајно ако во ваша заедничка работна канцеларија работата ја делите со колега„Циган„ има потенцијална опасност дека може да ви го снема мобилниот, новчаникот, вашиот лап топ?
Дали со вашиот познаник - пријател „Циган„ ви е срам и поддостоинство да излезете на кафе муабет?
Дали ако по некоја случајност во вашиот дом некоја „Циганка„е ангажирана за одржување на хигиената, домаќинството или да ви ги чува децата, постои опасност дека ќе ви ги испокраде сите работи по дома, ќе ви го извалка домот, или пак ќе ви го украде детето?

Уште едно најлогично прашање: Од каде тој екслузивитет во туѓо име кого не го познавате добро да му пишувате во негово име негово CV ?

Ееее мои „добри луѓе„ со „меки срца„, тоа што го пишувате и опишувате генерално други го покажуава вашиот анрцисиоден прост ментален склоп, а не според вас „генетиката„ на сите Роми.

И на крај зборот „Циган„ не е никакво име за некој народ -нација, туку карактерна особина со која можеби вие самите се опишувате!

Во асоцијативна смисла, пишаните документи како го добиле името датират од 11 век, и „Циган„ потекнува од грчкиот збор Антхиганос τσιγγάνοι или ἀτσίγγανοι кој во тогашниот превод значи недопирлив, а денес тој превод се етикетира како ,валкан, крадец, изманик, неук, лош....
Како го добиле овој назив ромските групи по нивната емиграција од Индија?
Во горе споменатиот регион пред доаѓањето на овие ромски групи постојала една група „секташи„ кои се занимавале со магија, тие беа отфрлени од населението како Антихристи, и наречени „Антхигани„.
Со доаѓањето на етничката група Роми, поради нивната сличност со сектата која ичезна пред нивното доаѓање , домицилното население го заменија со предходната секта нарекувајки го со исто име Антхиганос.

Според „Вечерње новости„ - Рамуш Харадинај убиваше Роми од Косово

Некогашниот лидер на ОВК Рамуш Харадинај, според пишувањето на белградските медиуми директно земал учество и убивал Роми од Косово за време на војните дејствија во таа покраина
Споре „Вечерње Новости„ Харадинај дал наредба во подрумот на хотелот „Паштрик„ во Ѓаковица , да направи привремен затвор каде Арбен Шкупи, Антон Лекај, Бесим Бестразими, Шабан Аземи. Рифат Укшинај и останати членови на ОВК илегално затвараа неалбански цивили , вршејки терор и силување.
Харадинај дал наредба за неколку затвореници да бидат однесено на брегот на реката Ереник во близина на кланицата „ Агими„ или во блиската шума и беа убиени.

На 12 јуни 1999 година во близина на фабриката „Едмин Дураку„ Шкупи, Лекај, Бестразими, Аземи. Укшинај и Хоџа Хекуран во придружба на извесеб Укај запреа свадбена поворка на неколку Роми. Реџм Бедри и Салија Шаља, Гзим Јешири, Ајфета Зекири, Бајрам Красниќи Звездан Љуљстај, Шабан Бељаља, Софија Тафа, Хасан Тафа и малолетната невеста Ганимета Тафа беа однесени и со часови беа задржани во фабриката.

Во хотелскиот подрум минаа четри дена каде ги силуваа и жените повеќе пати. Еден ден на една од жртвите се обиде да избега преку прозор, но го фатиа, му ја отсекоа главата и го фрлија во реката. Околу 2 часот наутро на 15 јуни Шкупи им рекол на Бедрија и Реџо Шаља, на Бајрам Красниќи Звездан Лусај и Гаговиќ дека по наредба на Харадинај ќе бидат стрелани . Ги врза и ги однесоа во близина на кланицата „ Агими„ и беа стрелани совен Бедрија Шања кој успеал да побегне .

Инаку Харадинај за своите злосторства, во хаг беше првостепено осуден а потоа ослободен поради недостиг на докази и беше еден од најголемите проблеми за време на судењето на Харадинај беше заплашување и ликвидирање на сведоците.

В.Британија: Владата обвинета за игнорирање и негрижа за Ромите и патниците

Комитетот за жени и еднаквост го објави својот извештај за истраги во април, поставувајќи препораки за да помогне во подобрувањето на резултатите во низа области како што се здравството, образованието, криминалот од омраза и насилството врз жените и девојките.

Сепак, писмото испратено од страна на комисијата за заедници, и министерот Лорд Борн, вели дека "дел од одговорот нема фокус и конкретни обврски, а ние побаравме од министерот да не врати назад за 12 месеци".

Во соопштението од Комитетот се опишува писмото, потпишано од страна на претседавачот Марија Милер, како што е наведено "загриженоста дека неколку клучни препораки се игнорирани".
Милер вели: "Овие прашања не се нови.

" Ромите и патниците имаат некои од најлошите резултати од која било етничка група - во здравството, образованието и вработувањето - и се соочуваат со високо ниво на дискриминација и криминал од омраза".

Link: https://www.cypnow.co.uk/cyp/news/2006878/government-accused-of-ignoring-concerns-of-gypsy-roma-and-traveller

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 104 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот