Antigypsyism

Ромите во Босна и Херцеговина

Бројот на Ромите во БиХ според пописот од 2013 изнесува 12.583 од кои 10.036 живеат во Федерацијата БиХ, 2.057 во Република Српска и 490 во Дистриктот Брчко.

Што се однесува до религијската пропадност на последниот попис на население 88 % од Ромите се изјаснија за муслиманска вероисповед, додека 12 % се останати (христијани, католици, Јеховини сведоци, атеисти и др.)

Според посебниот извештај за положбата на Ромите , кој ја подготви Институцијата Омбдусман за човекови права во БиХ м со подршка од канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХИР и мисијата на ОБСЕ во БиХ од 2013 се проценува дека на територијата на БиХ живеат околу 50.000 Роми.

Проблемите со кои се соочуваат Ромите во БиХ се многубројни. Лоши услови за живот, проблеми во домувањето, пречки во образованието, недостаток на можности за остварување на приходи, скратување на пристапот до основните права и слободи кој е дополнително оптеретување и на онака лошата состојба на Ромите во БиХ.

Еден од најголемите проблеми е што голем број од нив не се запишани во матичните книги на родени и немаат лична документација, кои понатаму ги спречува во остварување на своите права. Без соодветан документација и статус , Ромите законски не се заштитени во доволна мера , повеќето се со статус на апатриди, и се изложени на злоупотреба , како што е трговијата со луѓе.

Хрватска; Ромите и понатаму се соочуваат со голем број на потешкотии

Управата за човекови права го објави извештајот за состојбата со човековите права во Хрватска за 2019 година.
Тој произлезе од направениот целогодишен мониториг и спроведени интервјуа и анкети во кои учествуваа над 50 невладини организации . Извештајот дава преглед на проблемите, предизвиците како и препораки за заштита на човековите права кои ја одбележаа 2018 .

Уставот на Хрватска и законот за дискриминација ги штитат малцинствата од дискриминација. Но според мислење на регионалните канцеларии на омбдусманот етничката дискриминација е најприсутна форма која е најповеќе усмерена кон Ромите и Србите во Република Хрватска.

“Сегрегацијата на Ромите во образовниот систем секогаш е присатна и преставува сериозен проблем во деловите на Хрватска каде што има поголем број на Роми„ се вели во извештајот.

Околу 20% од граѓаните живеат на прагот на сиромаштијата, Нееднаквоста помеѓу урбаните и руралните средини најмногу ги зафаќа маргинализираните групи.

Иако на оперативниот програм за ромското национално малцинство е предвидено и ревизија , и по три години поминати од донесениот Акциски план сеуште не е донесен нов ниту Националната стратегија е ревидирана , се вели во извештајот.

1-ви и 2-ри Август за Спомен-свеченоста на Ромите Холокауст во Аушвиц

По повод Денот на одбележување на холокаустот на Ромите ќе се одржи меѓународна конференција за тоа како се прикажува меморијата на Ромите во уметноста и културата - формите и ресурсите за нејзино зачувување и толкување - како и за борба против антициганизмот.

Конференцијата ќе се одржи на 1 август во Краков, Полска и е организирана од Централниот совет на германските Синти и Роми, Документација и културен центар на германските Синти и Роми, Европскиот ромски институт за уметност и култура и интернационал Мрежа на ромски млади.

На 2 август, на поранешниот нацистички концентрационен логор во Аушвиц, Централниот совет на германските Синти и Роми, Здружението на Ромите во Полска и музејот Аушвиц ќе одржат годишна комеморативна церемонија за Денот на одбележување на холокаустот на Ромите.

Оваа година, на 75-годишнината, ќе присуствуваат сведоци, преживеани, нивните роднини, претставници на владите во светот и делегации од различни меѓународни организации.

Во текот на ноќта од 2 август и раните утрински часови на 3 август 1944 година, нацистите убија речиси 2 898 Синти и Роми во гасните комори на концентрациониот и истребувачки логор Аушвиц-Биркенау.

Исто беа убиени и многу Роми во концентрационите логори во Челно, Треблинка, Мајданек, Собибор и Бежзец.

Жртви Роми кои беа ликвидирани тешко може да се проценат, кои беа убиени, а потоа закопани во масовни гробници во шумата. Ромите од цела Европа го одбележуваат 2 август како Денот на холокаустот на Ромите.

Денот официјално беше прогласен од Европскиот парламент во 2015 година како "Европски ден на денот на холокаустот на Ромите". Се проценува 500.000 Роми и Синти кои беа убиени во окупирана Европа.

Република Хрватска е потребно да им плати оштета на Ромите чии семејства беа убиени од властите на тогашната НДХ

Европските народи негуваат различни историски наративи, имаат различни обичаи и културни обрасци , и односот на различни предрасуди кон поинаквите. Но сепак нешто и ги обединува : во сите европски држави најдискриминирана етничка заедница се Ромите.

Трагичната и тажната историја на ромската заедница во Европа кулминирала за време на Втората светска војна , каде во делови на континетот во сенка на познатиот нацистички геноцид над Евреите. се спроведе темелно етничко чистење на Ромската и Синти популација.

Можност за да се елиминираат непосакуваните сограѓани не ја пропуштија ниту Хрватите , и дел од нив : усташите од крајот на 1942 во Јасеновац , и на други места ги ликвидираа скоро сите Роми кои живееа на тогашната територија на НДХ .
Геноцидот врз Ромите со децении беше премолчуван и тек во последниве години јавноста можеше да се слушне во хрватската јавност повеќе за овие ужасни случувања.

Во склоп за напорите да се спасат од заборав на трагедијата на хрватските Роми , неодамна во зидание на Институтот за општествени науки , Иво Пилар и германската фондација Erinnerung, Verantwortung und Zukunft - EVZ ја објавија книгата “Ромите во Втората Светска Војна во НДХ 1941.– 1945.”, е замислена како прирачник за наставници. Книгата беше преставенана овогодишниот Клиофест, најважната хрватска манифестација за популаризација на исторските факти, која се одржа во Загреб.

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 145 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот