Политика

Грција го ратификуваше договорот со НАТО, Македонија и официјално станува Северна

Според Преспанскиот договор и уставниот закон за спроведување на измените во досегашниот македонски устав, новото договорено име за државава, Република Северна Македонија, стапи во сила откако грчкиот парламент го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Според прогнозите Македонија и официјално за неколку дена ќе стане Република Северна Македонија.

Владата веќе формира Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и диоломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата – Република Северна Македонија.

Од Владата не очекуваат проблеми од државните институции при користењето на новото име на државата.

Колку ќе чини целиот процес од Владата засега не откриваат, но велат дека тоа ќе се знае откако ќе заврши целата постапка.

Промената на уставното име на Македонија следува по потпишувањето на Договорот од Преспа и неговата ратификација во парламентите на двете држави. По 27-годишен спор со Грција, Македонија ќе го промени името од „Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“.

Почнуваат подготовките за пописот, неизвесна графата за етничка припадност

До 27 месецов треба да се најде фирмата што ќе го изработи софтверот, односно апликативното решение за пробниот попис и пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија. Државниот завод за статистика пред 2 дена го распиша огласот, со што и официјално почнуваат подготовките за пробниот попис што ќе се одржи во април годинава и за официјалниот попис на населението во април наредната година.
„Сега се бараат решенија за апликацијата, со оглед на тоа што пописот ќе се врши со преносни компјутери. Пробен попис ќе има во 16 градови и 16 села, а за делот со исфрлањето на графата за етничката припадност крајниот збор го оставаме на Парламентот. Ние го кажавме своето мислење“, изјави директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски.

Во тендерската документација можат да се видат и некои од прашањата што треба да ги содржи апликацијата. На пример, модулот за податоци на лица, односно прашањата на кои треба да одговараат луѓето кои ќе бидат попишувани содржат мајчин јазик, државјанство, тие ќе бидат прашувани и колку време се присутни на адресата, дали лицето се враќа во домаќинството повеќе од двапати во еден месец, економскиот статус, превозното средство што се користи за да се стигне до работното место/образовната установа, главни извори на средства за живеење итн. Графата етничка припадност не е содржана во тендерската документација за софтверот.

Од Државниот завод за статистика изјавија дека е можно при пописот да нема прашање за етничката и за верската припадност бидејќи, како што тврдат, тие податоци немаат употребна вредност и се подложни на политички злоупотреби.
„Немало попис што не бил цел на политизација, а најмногу се политизира етничката компонента. Затоа сме подготвени да се откажеме од некој аспект, но политизација нема да дозволиме. Да потсетам, ова е статистичка операција. Според нашиот Устав, правата на одредена група граѓани произлегуваат од јазикот што го говорат, а не од етничката припадност“, изјави пред неколку месеци Симовски.

Крајниот збор за ова треба да го каже Собранието согласно со новиот Закон за попис, иако  жестоки се реакциите во однос на бришењето на графата за етничка припадност, со оглед на тоа што државата ќе нема увид за процентот на етничките заедници кои живеат во Македонија.

Целата операција со пописот треба да чини 8 и пол милиони евра, што е далеку помалку од 14-те милиони за пропаднатиот попис во 2011. Неуспешниот попис го актуелизираше и СЈО, кое врз основа на снимки од бомбите отвори истрага за Никола Груевски и Али Ахмети под сомнение дека тие ја злупотребиле службената положба и го оштетиле буџетот за 2.8 милиони евра.

Последниот попис во земјава беше одржан во 2002 година и Македонија е една од ретките држави во светот каде што населението не било пребројано повеќе од 17 години.

Милиони граѓани на ЕУ сега можат да аплицираат за статус во Велика Британија

Граѓаните на ЕУ треба да аплицираат за да останат во Велика Британија, но организациите во заедницата предупредуваат за ранливите групи може да бидат изложени на ризик.

И ако само 5% од апликантите имаат понуда да останат во Велика Британија одбиени или прекинати од проблеми, 175.000 луѓе би можеле да останат без правен статус.

Во судењето спроведено со владин пилот, 65 припадници на Групата за поддршка на Ромите аплицираа за решавање на статусот користејќи ја апликацијата. Г-дин Бика за Sky News само седум може да ја заврши апликацијата без проблем.

"Луѓето се навистина загрижени за ова", рече тој. "Но, нашиот капацитет да им помогнеме е ограничен.

"Минатата година работевме со 3000 лица, од околу 200.0000 во целата ромска заедница. Ние веруваме дека мнозинството немаат поим што е статусот на населени места".

Владата инсистираше на тоа дека ги научи лекциите од Windrush скандалот и ќе ги поддржи апликантите да го покажат својот престој користејќи широк спектар на различни документи.

Меѓу мерките кои треба да се преземат се преведувањето, телефонска линија за лицата што се соочуваат со проблеми, па дури и обезбедување поддршка за луѓето во нивните домови, ако имаат ограничена мобилност.

Европските амбасади, исто така, нудат поддршка за своите граѓани, кои работат на клиники за совет за луѓето загрижени за нивниот статус.

 

Link: https://news.sky.com/story/eu-settled-status-launch-sparks-fears-of-a-new-windrush-11613355

 

Каракачанов предлага отстранување на ,,Ромските гета“ во Бугарија и ограничување на наталитетот кај Ромите

,,Не може да има две држави во една земја како Бугарија во 21 век. Една на Ромите и една на сите други“-рече Красимир Каракачанов претставувајќи го својот конспет за решавање на ,,Ромското прашање“ во Бугарија.

Бугарскиот вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов , подготви Концепт за решавање на проблемот со несоцијализираните Ромски групи, пишува бугарски Фокус.

,,Едната држава е оваа за луѓето кои се принудени да ги почитуваат законите, да ги плаќаат даноците, да учат, да бараат работа, а другиот дел е Бугарија на оние несоцијализирани делови од Ромското население, кои сметаат дека имаат само права, а немаат обврски “, рвели Каракачанов.

Тој додаде дека воведувањето на ограничување на социјалната помош е една од приоритетните точки, бидејќи е недозволиво да зема помош тој што не сака да работи , да му се дава детски додаток и и други средства без никакви ограничувања и услови.
,,Исто така, ќе има задолжително образование за Ромите”, вели заменик-премиерот.
,,Гетата (на Ромите) се еден одгледувачници на неписменост, криминал, проституција, дрога, ниска култура и ниски хигиенски услови. Гетата треба да бидат укинати и таму каде што општините ќе обезбедат за претставниците на ромската заедница земјиште, за да можат тие да изградат домови, тоа градежништво да се случува со нивно учество, односно со учество на самите идни сопственици, а не да добиваат нешто на готово, кои потоа ќе го уништат“-предлага Каракачанов.

Тој, исто така, бара воведување на задолжителна обука за стекнување работни навики, изградба на центри во кои овие луѓе кои пропуштиле да одат на училиште и не добиле никакви професионални и работни навики, да можат овие програми за кои се одвојуваат огромни пари, да одат таму и да научат нешто да работат.

Тој бара во однос на високиот наталитет да се воведат стимулации за ограничен наталитет. Да се воведат бесплатни мерки, како абортуси на државна сметка за оние жени кои веќе имаат две или 3 деца, предлага бугарскиот вицепремиер. Неговиот документ ќе го разгледува Советот на министри.

Во Бугарија живее бројно ромско население. Според последниот попис како Роми се изјасниле околу 700.000 , но се претпоставува дека има 1.000.000.

Претежно живеат во ромски населби, т.н . гета, голем број невработени, неписмени, со зголемена бројка на криминал. Бугарија проблемот со интеграција на ромското население ќе го решава со нова стратегија, а оваа на Каракачоанов е една од предложените

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 354 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот