Политика

Северна Македонија – Претседателски избори - ДИК: Стево Пендаровски 180.306, Gордана Сиљановска Давкова 362.682

Резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 или (40,08%),со двојна предност пред Стево Пендаровски од СДСМ кој освои 180.306 или 19,93%.од гласовите ,Бујар Османи е на трето место со освоени 120.903 или 13,36% од гласовите. Освежувањето на политичката сцена таа го лоцира во резултатите на партијата ЗНАМ, чиј кандидат Максим Димитриевски освои 83.787 гласови (9,26%), и доколку го повтори успехот и на парламентарните избори - цврсто ќе се етаблира на политичката сцена.

Изненадува малиот број на гласачи на Левица (41.172 или 4,55%), што е показател дека граѓаните не бараат комплетна ревизија на досегашните политики и барање на нови правци.

Многу коментари предизвика и резултатот на кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој освои 8.103 гласови (0,90%), иако претходно обезбеди над 10.000 потписи за да се кандидира.

Северна Македонија: Со право на глас на овие избори во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи

Денес, 2.569 гласачи своето право на глас ќе можат да го остварат во 31 гласачко место во ДКП каде што се пријавиле да гласаат, а чии што пријави се прифатени од страна на Државната изборна комисија.

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот.

До овој момент гласањето тече без проблеми.

Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица ќе можат да го остварат и 2 гласачи кои се водат како внатрешно раселени.

Во текот на денешниот ден избирачките одбори во Република Северна Македонија ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни или немоќни, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.

Денес, 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа ќе имаат можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени.

Постои изразен интерес и за набљудување на овие избори од страна на домашни, странски и меѓународни организации и медиуми.

Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на 342 домашни, 517 странски и меѓународни набљудувачи, 51 преведувач и 32 странски новинари.

На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, X, Инстаграм како и каналот на Јутјуб, каде што ќе можат да најдат правовремени и точни информации поврзани со изборите.

Поповод 8 Април средба на Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и делегација на ИРУ предводена од претседателот Зоран Димов и делегатот Лучика Тудор

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска по повод 8 Април Меѓународниот ден на Ромите, како покровител на 12-тиот Конгрес на Интернационалната Ромска Унија, со голема почит им се обрати на присутните учесници од над 30 земји од светот, во име на Град Скопје им го честита празникот и 53 годишнината од Првиот Ромски Конгрес.

Ние во текот на целата година ги докажуваме преку континуирани активности заедничките напори за справување со предизвиците и делуваме за потребите на ромската заедница, како и на сите останати граѓани. Денешниот ден и неговото одбележување, ја симболизира нашата почит кон ромската заедница, која е значаен дел од нашето општество. Затоа ги славиме различностите и единствено со заедничка работа и почит, можеме да постигнеме поголем напредок за сите граѓани. Почитувани претставници на ромската заедница во Македонија, драги пријатели, ви го честитам денешниот празник“, истакна градоначалничката Арсовска.

Лучика Тудор Ромската Кралица делегат на Конгресот, го посети Град Скопје и како одраз на благодарност за соработката истакна дека е среќна што има институции кои ја подржуваат и препознаваат уникатната ромска култура. Во рамки на Конгресот како еден дел од програмата се одржува и 22. интернационален ромски филмски фестивал “ Златно тркало 2024“, на кој се доделуваат награди за најуспешните филмски остварувања. Единствено со искажување почит кон сите наши граѓани, ја градиме нашата Македонија како држава во која се почитува различноста и човековото достоинство и целиме кон солидарна и праведна држава за сите нас.

Link: https://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/megunaroden-den-na-romite-2024/

Обид за атентат врз градоначалникот на општина Арачиново, ранет неговиот возач

Градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими некаде попладнево бил застрелан со автоматско оружје. Неговиот возач бил погоден со прострелна рана во градниот кош, потврди МВР. На влезот во Арачиново пристигнале засилени полициски сили, а на местото на престрелката во тек е увид.

Од Клиниката потврдуваат дека лице од Арачинов е донесено во Ургентниот центар во тешка здравствена состојба поради прострелна рана во градниот кош, за која е потребна итна операција.

Градоначалникот не е повреден, а во автомобилот во кој се наоѓал било пукано.

https://www.facebook.com/watch/?ref=embed_video&v=1136406844049113

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 347 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот