Политика

Потпишан Протоколот за приемот на Македонија во НАТО

Во седиштето на НАТО во Брисел на 7 февруари 2019, амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО. Во наредниот период следува негова ратификација во парламентите на сите држави членки.

„Тоа беше тежок пат, исполнет со компромиси. Долго време Ве чекавме да ни се приклучите во семејството. Учествувате во мисиите на НАТО и ги исполнивте реформите потребни за да станете 30-та членка на НАТО. По потпишувањето следува процесот на ратификација и не се сомневаме дека ќе биде ратификуван во сите држави членки, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Македонија наскоро ќе биде Северна Македонија, тоа е прашање на денови. Докажавме дека можеме да ги решaваме проблемите со кои се соочуваме. Ова ќе испрати смирувачка порака во регионот во кој сѐ уште има неизвесност. Ние сме подготвени, ние сме тука, ќе ги преземеме одговорностите што следуваат со членството во НАТО. Се надевам на ефикасно спроведување на ратификацијата“, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Дали и познатиот ромски бизнисмен Асан Ферат ќе се кандидира за Претседателската трка?

По најавата на двајцата актуелни пратеници и претседатели на СРМ и ПЦЕР, Амди Бајрам и Самка Ибраимовски дека влегуваат во трака за Шеф на државата, сега се појавува уште еден кандидат од Ромите. Станува збор за познатиот бизнисмен и споственик на Матекс и „Европа Пазар„ во Шуто Оризари , Асан Ферат.

Тој на својот ФБ профил обелодени дека има намера да се кандидира за оваа функција, доколку се согласат граѓаните како од Шуто Оризари, така и останатите. Инаку Ферат е со години познат ромски бизнисмен, но исто така редовно активен кога се во прашање изборните процеси.

Инаку са потсетување Асан Ферат со години наназад важи за успешен стопанственик , но најпознат е како сопственик на рподавниците и магацинот за тесктилни производи „Матекс„ , соспственик на „Европа Пазар„ во Шутка како и сопственик на ресторантот „Матекс„ кој е исто така лоциран во Шуто Оризари.

Во самата ФБ објава е нагласено дека Асан Ферат е личност без политичка флека.

Амди Бајрам ќе се кандидира за претседател

Во трката за претседател на Македонија влегува и Амди Бајрам, лидер на Сојузот на Роми, кој добил поддршка на централниот одбор на партијата.

„На седница на централниот одбор на Сојузот на Ромите беше одлучено за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира лидерот Амди Бајрам“, се наведува во објавата на Фејсбук на Аднан Мемеди, член на централниот одбор на Сојузот на Роми.

Амди Бајрам, кој е пратеник, рече дека ја прифаќа номинацијата од највисокото партиско тело.

 

РДС реагира: „Самка сака да ги „воспита„ неговите противници од ромските НВО„

Во последниот период кој помина една од актуелните теми меѓу Ромите беше и обвинувањата од страна актуелниот пратеник од ПЦЕР Самка Ибраимовски за според него потрошени 25 милиони долари на Ромскиот НВО сектор.

Според Движењето Ромскиот Демократски сојуз -РДС, оваа анти кампања против Ромскиот НВО -од страна на Самка е еден вид на „освета„ кон неколку НВО , каде поголемиот дел се од Источна Македонија, а за кои Самка ги гледа како свои политички „противници„. Тоа нарочито беше забележливо по сменување на Аксел Ахмедовски од местото Министер без Ресор. Тогаш реакциите на поголемиот дел на Роми од Источниот регион беше голем и негатиувен кон Самка.

И сега информациите за потрошени над 25 милиони долари од Ромскиот НВО, Самка го користи како освета , со акцент кон оние НВО од источниот регион.
РДС во продолжене напоменува дали Самка размислил и дали знае колкав му е рејтингот меѓу Ромите? Дали Самка со овој начин си прави самиот себеси политички погреб на него и на ПЦЕР. Дали знае Самка каков рејтинг ужива кај својот коалиционен партенр СДСМ и Заев?

И дали Самка со овој потег ги влече за јазик ромскиот НВО и другите да се подзанимаваат со неговите сомнително барање од 1 милион евра и добиена отштета во висина од 800 илјади евра за неговиот мотел „Плави„ кој за време на конфликтот во 2001 година пријавил дека беше оштетен од воени дејствија.
Колку е реален тој момент?

Што би рекле старите, „си го бара со боринче„ . Дали Самка размислува и за моментот за евентуални Предвремени парламентарни избори со кое лице ќе се појавува на тие митинзи, и на кој начин ќе бара соработка со Ромскиот НВО сектор во реализација на важни стратешки документи кога се работи за Ромите.

Дали Самка Ибраимовски станува „заборавена буква„ во ромската политика?
Самка, Самка, бирај ум! - му препорачуваат Ромите, напоменува РДС

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 291 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот