Мирсад Шечиќ (27) годишен Ром беше затворен во загребскиот затвор „Реметница„ каде за време на католичкиот божик беше донесен во коматозна состојба во болницата „Ребро„ во Загреб каде после два дена почина.
Семејството на затвореникот Шечиќ велат дека тој бил претепан, но затвроската управа тоа го демантира и вели дека на затвореникот му се слошило и бил веднаш однесен во загребската боилница „Ребро„ каде по два дена починал.
Истражните органи наредија и обдукција на телото за да се видат кои се причините за смртта на Мирсад.
Инаку Мирсад бил осуден поради инцидентот во една болница, каде го искршил инвентарот и им се заканувал на двајца доктори со смрт, поради смртта на неговиот татко.