Социјала

Пандемијата во неформалните населби: „Немаме ниту за сапун, ниту прашок за перење„

"Немаме ништо, ниту сапун, ниту прашок за перење, нито средства за дезинфекција„ на тој начин својата приказна за медиумите ја започнуваат Ромите од ромскта нишка населба „12 Фебруар„

Тука живеат околу стотина ромски семејства. Во 593 ромски населби според Стратегијата за социјално вклучување на Ромите и Ромките во Србија за паериодот 2016 – 2025 , живее околу 70% од ромската популација.

Проблемите со кој се соочуваат само се зголемија со пандемијата на корона вирусот во Србија, а мерките кој беа донесени од страна на официјалните институции  во борба против ширење на вирусот кој подразбира одржување на личната хигиена и хигиената во нивното опкружување , и дека малкумина беа во состојба да ја спроведуваат, се вели во информацијата од Асоцијацијата на координатори за Ромски прашања . Инаку скоро 25.000 луѓе немаат стандардна вода за пиење.

Извршниот директор на тоа Здружение Драган Грачанин вели дека околу 5.000 ромски семејства или околу 25.000 Роми не се во состојба да ги запазуваат и спроведуваат мерките за лична хигиена.

 

Link: https://www.slobodnaevropa.org/a/pandemija-neuslovna-naselja/30508525.html?fbclid=IwAR3-U2Ht9ROvisEfTJm0JOp74upvHUHl17Zs6r0q2yuwxaqU8c_70bIZ6MQ

Чешката полиција го товари авторот на антиромски натписи за подметнатиот пожар и за други престапи

Чешката полиција обвини 41-годишен маж за екстремизам заради расистичка статија што ја објави поповод трагичен пожар во градот Бохемија и други натписи објавени на серверот „Властенеке“. Тие ги објавија обвиненијата на Твитер.

На 8 август 11 лица, каде меѓу нив и неколку деца, загинаа за време на пожарот во монтажна станбена зграда во Бохемија (област Карвина). Написот објави дека и наводниот сторител на подметнување пожар и жртвите биле Роми и користеле изрази како „паразити“ за да ги опишат мртвите.

Написот е објавен на серверот Властинеке („Патриотски вести“) еден ден по трагичниот настан.  Всушност, не сите жртви биле Роми, а и сторителот исто така не беше Ром, но серверот за вести го користел терминот „цикни“ за да пишува за починатите.

После тоа, полицијата потврди дека тие го испитуваат расистичкиот напис. Обвиненијата, според изјавата на вчерашната полиција, не се однесуваат само на текстот од нападот со подметнување пожар, туку за други престапи што службениците сè уште не ги детализирале за јавноста.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/czech-police-charge-author-of-antigypsyist-article-about-arson-for-that-and-other-offenses

Мој став: Ромите „фатаморгана„ во новата извршна власт во Македонија

Браво за Ромите од оваа држава Македонија! Успееа да го достигнат дното! Подоле – здравје! Браво за ниваната слога, единство, национална свест! Успееа во тоа што и го планираа. Да бидат НУЛА фактор во државата! Успеаа од нешто да направат големо –НИШТО.

Една позиција во законодавната власт, нула позиции во извршната власт, и ако се смилуваат СДСМ и ДУИ, можеби ќе има „заслужени позиции„ во некој од државните и јавни институции како што се: чистачи на улици, наплатувач на паркинг места. хигиеничари во клиниките, училиштата, театрите или некои други државни институции.

Браво за нашите ромски лидери! Навистина се изборија за „супер„ стартни позиции!

Или најважно на нас Ромите ни е да бидеме важни локални фактори. А ако се продолжи вака, и тие позиции ќе сичезнат.

Ова не е напад врз СДСМ, ДУИ, ВМРО ДПМНЕ и другите. Тие си ја работат својата работа што е и нормално во вакви ситуации. Македонците си ја делат власта со вториот фактор во државата –Албанците. Миксуваат во таа власт и со другите националности. А Ромите според заслуженото – тие се „фатаморгана„ во ова општество!

Тие се супер, рециклатори, музичари, продавачи на тезги, одржување на хигиена по туѓи домови, старо купувам ... Значи „перфектен кадар„ за некој шести, седми  или осми ешалон. За политика  драги мои Роми – не не бива!!!

Обавезна лектира: Кој е Федерик Гарсија Лорка?

Големиот шпански поет Федерико Гарсија Лорка починал на 19 август 1936 година на своја 38 годишна возраст. Тој беше симбол на политичка репресија и фашистичка тиранија.

Лорка е роден во 1898 година во близина на Гранада, Шпанија каде после Мадрид и САД работеше како директор во театарот Ла Барца со кој ги поминал сите краишта во Шпанија, презентириајќи домашни класици и ангажирани претстави. Кога започна Шпанската граѓанска војна тој беше уапсен и стрелан и телото беше фрлено во една од многубројните неозначени гробници. Власта на Франко се обиде да го уништи споменот на овој голем писател , со тоа што ги уништил неговите книги, и забрането беше да му се споменува името.

Во текот на 30-тите години Лорка го запознал чилеанскиот поет Пабло Нерудам и тие двајца великани набргу постанаа добри пријатели. За убиството на Лорка , Неруда рече: „Шпанските фашисти го убија својот најдобар поет„

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 192 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата