Социјала

Во името на Мрежата за трајни и системски решенија, одржан состанок ХЗР „Месечина„ од Гостивар и Министерот во МВР Д-р Агим Нухиу

На 13 август оваа година во Скопје беше одражан состанок помеѓу Мрежата за трајни и системски решенија, преставена преку ХЗР „Месечина и Министерот за внатрешни работи, Д-р Агим Нухиу

Главна тема на состанокот беше Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени , како и подтема Правилник за формата, содржината и начинот на издавање на Идентификациона исправа за фомата и содржината на Барањето за издавање идентификациона исправа на лице запишано во посебната матична книга на родени (Службен везник на РСМ, бр. 158 од 15.06.2020)

Еден од заклучоците од овој состанок беше утврдено дека МВР, ќе го стави на располагање својот човеков и материјален капацитет во секој град и на секое место каде ќе се укаже потреба од помош и законска обврска на МВР во работа со лицата неевидентирани во матичната книга на родени.

Согласно членот 10 точка 6 од Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, Министерството за внатрешни работи, членовите 2 точка 2 и членот 5 од Правилник за формата, содржината и начинот на издавање на Идентификациона исправа за фомата и содржината на Барањето за издавање идентификациона исправа на лице запишано во посебната матична книга на роден, МВР ги има на располагање, испечатено:

 Барањата за издавање идентификациона исправа на лице запишано во посебната матична книга на родени и

Идентификациона исправа

Со сето погоре наведено ние им стоиме на располагање на најмалку 750 лица кои не се евидентирани во матичната книга на родени. Токму затоа ние заедно ги повикуваме лицата кои имаат проблем со пријавувањето на раѓањето да го искористат правото кој им го нуди Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.

 

„Ромска скара“, „Смртта на Ромката е наша среќа“

Потпретседателот на пиратството Олга Рихтерови и РОМЕА поднесоа кривична пријава за расистички коментари за трагедијата во Бохмемија

Нападот со пожар во Бохемија, во кој загинаа 11 лица, меѓу кои и 3 деца, стана изговор за поттикнување омраза против ромската заедница, иако веројатниот сторител не е со ромско потекло. Сепак, се појавија неколку опасни статии и коментари во кои одговорноста му се припишува на ромското малцинство. Пиратскиот аналитички тим во соработка со организацијата РОМЕА ги мапираше најстарите и најбруталните коментари, а токму денес 1-ви потпретседател на Пиратите Олга Рихтеровиќ и претставник на здружението РОМЕА поднесоа кривична пријава против непознати сторители. Во исто време, пиратите комуницираат со некои роднини на жртвите, кои не го кријат својот ужас.

Против пишувачот на тој коментар беше поднесена кривична пријава за следниот коментар: „Ако тоа беше Ромка, тогаш нивната смрт е наша среќа. Силни нерви му посакуваат на господарот што го запали. „Лицето кое го потпишуваше коментарот подоцна, му рече на пиратскиот аналитичар дека авторот бил малолетен син, кој наводно погрешно го користел нејзиниот компјутер.

 

Link: http://www.romea.cz/cz/zpravodajstvi/domaci/grilovacka-cikanu-smrt-cikanske-sebranky-je-nasim-stestim.mistopredsedkyne-piratu-olga-richterova-a-organizace-romea

Реакција: Директорот на Здравствениот Дом во Делчево – Др Марија Глигоровска најгрубо и непорфесионално ја сегрегираше Ромската заедница од Делчево

Здружението на Правници Роми – ЗПР Скопје и АДДР Сонце – Тетово, строго го осудуваат грубото прекршување на правата на пациент-граѓанин на Општина Делчево и јавното стигматизирање и подигање на нивото на нестрпливост спрема Ромската заедница во Градот Делчево од страна на Јавниот Здравствен Дом „Гоце Делчев“ – Делчево и неговиот законски застапник – Директор Д-р Марија Глигоровска

Имено, директорката на ЈЗУ здравствен дом „Гоце Делчев“ - Делчево Г-ѓа Марија Глигоровска, на 12.08.2020 година даде изјава на интернет порталот „delcevo365mk” , повод на првото лице заболено од Корона вирус Ковид 19 во Делчево.Во својата изјава директорката јасно нагласи дека станува збор за лице од Ромска етничка припадност и дека има повеќе лица кои биле во контакт со заболената, а тоа го објасни со „Нивната психоза е малку подруга кога еден ќе се разболи, сите се заедно“ .

Сметаме дека таквата изјава на директорката е недозволива, неетичка и непрофесионална, бидејќи веднаш алудира на сегрегацијаи стереотипизирање на ромската заедница во целост.

Употребениот термин психоза (од страна на стручно медицинско лице), како карактеристика на граѓаните од Ромската заедница дирекно ја стигматизира таа заедница и ја карактеризира како граѓани кои имаат болест за неможност да се разграничи што е реално а што нереално или имагинарно.

Секое физичко и правно лице кое со своето однесување чини повреда на приватноста и на правото на заштита на личните податоци подлежи на санкции согласно закон се вели во дел од соопштението од страна на Здружение на Правници Роми – ЗПР Скопје и  Асоцијација за демократски развој на Ромите СОНЦЕ - Тетово

Селма Селман: Луѓето и понатаму не се свесни дека Ромите овде живеат над шест века

Таа смета дека било каков предлог и на кој начин да се помогне на ромската зедница  не е потребно да дојде од некое лице која е привилегирана во секоја смисла и која е од неромска заедница. Всушност спротивното тој предлог би требало да дојде од самите Роми, од ромската заедница, а не некој што ке каже: Тоа е најдобро за Ромите!

Инаку Селма е познат уметник и таа е повикана деновиве како учесник на манифестацијата Кума Интернејшнал и WARM Academy  што ќе трае шест дена во Сарејево – БиХ и годинава е посветен на уметноста и раскази во време на криза. Истовремено Селма е и еден од панелистите во склоп на Сараевскиот филмски фестивал Инаку таа напоменува дека на Ромите е потребно да им се даде можност и работа и дека воопшто не е течно дека Ромите се мрзеливи . Тие само немаат можности. „ Луѓето и понатаму не се свесни дека Ромите на овие простори се доста долго и дека тука сме ѓест векови. Не сме дојдени вчера. Државата сеуште не расчистила со мнозинскиот народ кој живее тука , а камоли со малцинставата и може да си замисилите како е состојбата со нас Ромите„ напоменува Селма

 

Link: http://www.portal-udar.net/selma-selman-ljudi-i-dalje-nisu-svjesni-da-romi-ovdje-zive-6-vijekova/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 156 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата