Социјала

На 31 август во Кинотека на Македонија премиера на „Небо -Точак-Земја „

„Небо -Точак-Земја „ – Документарен филм за историјата на Ромите

Продукција: СП БТР, Копродукција: Студио 7

Р.С.Македонија, финансиски подржан од Филмски фонд на Р.С.Македонија

 Режија: Коста Марковски

Сценарио: Зоран Димов / Рамуш Муарем –Цирко

Производство: 2020 година

Времетраење: 59 минути

Едно битно прашање?

  • Тие се покрај Вас и вашето опкружување, но колку навистина ги познавате Ромите?
  • Колку знаете за нивната богата и долга историја, традиција, култура, јазик?
  • Дали нивниот живот бил весел како и нивната музика, или пак е тежок, тажен и темен како нивниот тен?
  • Зошто е навредлив зборот „Циган„? Зошто се борат да бидат наименувани со терминологијата – РОМ?
  • Запознајте се со најпознатите Роми Научници - Нобеловци, претседатели на држави, актери – оскаровци, спортисти... (Данскиот нобеловец за медицина Аугуст Крог, сликарот Пабло Пикасо, Композиторот и виртуоз на виолина Николо Паганини, актерите Чарли Чаплин. Рита Хејворт. Сер Мајкл Кејн, Јул Бринер, Ава Гарднер, Натали Вуд, Елвис Присли, гитаристот на Роулинг Стоунси – Рони Вуд, фудбалерите, Неста, Пирло, покојниот Хосе Антонио Рејес и многу други)

 

Затоа СП БТР ве повикува на 31 август 2020 година – Понеделник со почеток од 20 часот во Кинотека на Македонија на премиера на новиот Документарен филм „Небо –Точак - Земја„ во Продукција на СП БТР и копродукција на Студио 7.

 

Линк на Трејлер –мкд -

Линк на Трејлер – енг -

РДС: Ромските партии сега ќе се „тепаат„ и за вториот и третиот ешалон, кога нема место во првиот!

Девизата „Дај што ќе дадеш„ по се изгледа повторно е актуелна помеѓу ромскиот политички блок. По првата разочарувачка за ромската јавност поделба на функциите во првиот ешалон (министери, заменици министери ) од страна на мандатарот за нова Влада, Зоран Заев сега ќе биде актуелна и поделбата на функции  за новоформираниот директуриум ,, секретаријат или агенција, (се рабира дека нема повеќе место за –министер без ресор), потоа позиции за некои директорски места на јавни претпријатија и нивните заменици, државни секретари и др.

И веднаш помеѓу ромските партии и нивните лидери земаа калкулатори и почнаа преместките каде, кој за која позиција. Ако не може пратеник, министер, заменик министер или помошник министер, да се фати возот за следните функции. Почнаа удварања, убедувања до власта прво за себе едно „убаво и функционално место –позиција„ и потоа „дај што ќе дадеш„ за нивните блиски, фамилијарни и партиски мегафони!

Пракса кој и после првиот „нокдаун„ од власта кон ромскиот ештаблимент, тргнаа со онаа „надежда последна умира„.

Фразата „Јас да си се укотвам, а после вас кој ве врти„ е мотивот по кој се водат политичките лидери, без размислување за својот народ, за својата заедница што ќе биде со нив!.

А и тие функции доколку се успее да се „лапнат„ , не се тргнува од фактот дека таа позиција е потребно да му припадне на некој професионален и во таа насока едуциран кадар. Ама на кого му е грижа за тоа? На ромските лидери приоритет им е тие да ја земат евентуално понудената фнкција –позиција. Затоа што тие вечно се гледаат дека се пратеници, министери, заменици министерим директори, раководители... Власта и фотелјата е слатка. А дали има професионален и образовен кадар за тие функции, а не е партиски определен – е за тоа за сега нема простор.

Тинејџер налетал на ќуп полн со златници

Тинејџери кои волонтирале на археолошко ископување во Израел, пронашле 425 златници кои биле закопани во глинен ќуп барем 1100 години, пишува BBC.

Археолозите Лијат Надав-Зив и Ели Хадад истакнуваат дека овие наоди се резултат на напорната и посветена работа на младите доброволци.

Стручњакот за стари монети, Роберт Кол потврди дека паричките датираат од крајот на деветтиот век, што се смета за златно доба на тоа арапско царство. Калифатот се протегал на поголем дел од Блискиот Исток и во северна Африка.

– Искрено се надеваме дека овој труд и потрагата по златни монети ќе ни кажат повеќе за ова време за кое се уште знаеме многу малку, изјави Кол.

Во Израел, во 2015 година, копачи аматери пронајдоа 2.000 златници на бреговите на древниот пристанишен град Кесарија, кои потекнуваат од времето на Фатимидите, 10. или 11. век. 

Измамени Роми во Србија: Ромите бараат наплата за изборната победа на СНС

Ромите од населбата Огош во Врањска Бања отворено го изразија своето незадоволство за работата на ромскиот активист на СНС, Ивица Имиќ, кој го обвинуваат за за „манипулации со парите за гласање„ .

-Имиѓ ги проневери парите наменети за гласачите  на СНС кој им беѓе ветен доколку го дадат својот глас за оваа партија.

Најголемата малверзација е поврзана со Протестанската црква во местото Огош , каде проневерил околу 6.000 евра .

Тие Роми секој ден го „бркаат„ Имиќ и си ги бараат парите.

Тие обвинуваат дека Имиќ добил „апанажа„ од СНС кога ко женел синот.

„Тој од СНС доби 1000 евра за ракија кога го женеше синот„ обвинуваат тие.

 

Link: https://www.infovranjske.rs/info/cirkus-romi-tra%C5%BEe-naplatu-izborne-pobede-sns?fbclid=IwAR0iPSMQ2kLs5r48NOWvgKtqenr1ckd7wPtioJkcuoF0VIIhD8UESD3BmEE

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 202 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата