Социјала

Словачка затвора пет ромски населби поради коронавирус

Словачка затвори неколку ромски населби во источниот дел на земјата по извештаите за групата случаи на коронавирус во пет од нив, потенцирајќи ги тешкотиите со кои се соочува најголемото етничко малцинство во Европа за време на пандемијата.

 

Ромските заедници низ источна Европа се осиромашени, имаат маки со висока невработеност и дискриминација, а појавата на коронавирус ја направи уште поранлива.

 

Во Бугарија, некои Роми се пожалија дека се затворени во гета заради строгите ограничувања на движењето. Во Унгарија, ромските лидери  соопштија дека оваа недела пандемијата се заканува на нивните веќе несигурни услови за живот.

 

Словачка веќе забрани меѓународен патнички превоз, затворени училишта и повеќето продавници и ги забрани сите јавни настани. Владата, исто така, го ограничи слободното движење на луѓе од среда до следниот понеделник, за да ги спречи внатрешните патувања за време на велигденските празници.

 

Link: https://www.euractiv.com/section/politics/news/slovakia-closes-off-five-roma-settlements-due-to-coronavirus/

Србија: Нема интернет, нема едукација за ромските деца од неформалните населби

Во  Србија во 594 ромски неформални населби . живеат деца од предшколска и школска возраст каде поради многу лошата материјална состојба на родителите и старателите немаат ниту телефон, ниту интернетн или ТВ. Затоа и многу тешко ја следат наставата без сопствена вин, заостануваат во учењето од своите врсници.

 

 “Внучето треба да се запише во прво одделение . Сега е по цел ден домаи после часовите ги учи буквитепреку интернет, и јас му помагам колку што можам. Фала му на Господ имаме телефон, интерент уплатив за 5 месеци бесплатно и сега имаме и интернет, но тој истекнува во мај и незнам што ќе правиме потоа. Вели една баба каде нејзиниот 6 годишен внук посетува градинка и има телефон кој за време на епидемијата учи со подршка од туторот од организацијата АДРА.

 

Инаку стотина деца од неговиот крај само секое трето дете има струја во куќата за почеток, но за тв или паметни телефони и интернет може само да сонуваат. Во сосотојбата сп епидемијата тоа значи дека ако немаат ништо од горенаведеното тие всушност не можат ни да посетуваат настава.

 

 

Link: https://nova.rs/drustvo/nema-interneta-nema-skolovanja-za-decu-iz-divljih-naselja/?fbclid=IwAR1CL4eV04qHpQFEYOACLknyMcwMOCG57pESiDEemNhiHr2wExxae5X2tf4

Владата да обезбеди услови за ромската заедница во време на пандемија

Проблемите со кои се соочува ромската заедница се таложат веќе со години.

 

Според сознанијата од терен генерално ромската заедница е запознаена со мерките за спречување на корона вирусот, бидејќи покрај информациите коишто ги добиваат од медиумите и социјалните мрежи, голем број на информативни кампањи се спроведeни на терен од страна на општинските власти во некои општини и невладините организации.

 

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, во општина Шуто Оризари нема заболени од корона вирусот.

Се алармира подолго време, а сегашната состојба со Ковид-19 е показател колку е ранлива оваа категорија на граѓани кои живеат без основи услови за нормален живот.

 

Заложбата е сите лица коишто по било кој основ имаат забрана да се пријавуваат во АВРМ или се избришани од евиденција, да се отстранат се со цел лицата да влезат во т.н брз влез во системот за социјална заштита, бидејќи сепак ваквата мерка и цел е финансиската помош да стигне до оние семејства коишто се најзасегнати во овој период.

 

Доставени се исто повеќе социјални и еконмски решенија до Владата со таргет на ромската заедница. Решенијата за да се надминат шоковите треба да ги опфатат сите граѓани вклучувајќи ги и собирачите на отпад и другите работници кои се дел од неформалната економија, сметаат тие. Како што велат, до сега немаат одговор од Владата.

 

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, изјави дека Ромите се меѓу најранливите групи во состојба со пандемија во многу места низ Европа.

Ја изгуби работата поради коронавирусот и доби 4.8 милиони австралиски долари на лотарија

Еден млад татко од Австралија, кој ја изгуби работата во пандемија на коронавирус, кратко време подоцна, на лотаријата освои неверојатни 4,8 милиони австралиски долари.

Австралиецот, кој реши да остане анонимен,  пандемијата на коронавирус го стави во тешка ситуација: ја загуби работата грижејќи се за сопругата и малото дете, но среќата не му сврти грб и тој ја освои големата сума на пари. Добивката на играта  Lott's Set For Life нема да ја добие одеднаш, но ќе му исплаќаат 10.000 австралиски долари месечно во следните 20 години.

 

"Кога сфатив дека ја освоив наградата, ја разбудив сопругата и таа почна да вреска. Не можев да верувам. Проверував безброј пати само за да бидам сигурен. Не спиевме воопшто од возбуда. Ние останавме цела ноќ гледајќи телевизија и правевме планови. прекрасно чувство. Ние сме младо семејство со бебе и тоа ќе ни го обезбеди понатамошен остатокот “, изјави тој за австралискиот Асошиејтед Прес.

 

За него е познато само дека е во дваесеттите години и живее во Аделаида. Открил дека ја изгубил својата работа поради пандемијата и дека оваа придобивка му обезбедила финансиска слобода за која никогаш не би можел да сонува.

 

„Неодамна ја изгубив работата поради„ ковид-19 “, така што ова е големо олеснување. Бев под голем стрес и сега сум пресреќен. Ова ни дава целосна финансиска слобода. Можностите се неограничени. Тоа е прекрасно чувство, не можев да бидам посреќн. Мојата сопруга веќе планира да купи нов автомобил и нова куќа, не било која куќа, туку онаа за која сонувавме “, рече тој

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 206 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата