Социјала

Ниш: Почина познатиот ромски активист Ферхат Саити

На 19 април 2020 година во Ниш, Р.Србија по кратко боледување на своја 54 годишна возраст почина долгогодишниот ромски новинар и активист Ферхат Саити.

Тој беше основател на РТВ Нишава.

 

Воедно основател беше и на ромската партија Единство. Во ромскиот активизам влезе во 1998 година кога учествуваше на  VI Конгрес на ИРУ во Прага , Чешка. Беше член и на Националниот совет на Ромите и Лигата на Ромите.

 

Беше и директор на првата ромска градежна задруга Махала , Воедно беше и претседател на Советот за Човечки и малцински прав во ГУ Ниш.

 

Роден е на 28.01.1966 година.

На сред полициски час скоро цела Шутка во саботата половина ден остана без вода

Во саботата на 18.04.2020, без претходна најава и во текот на полицискиот час населбата Шуто Оризари остана без вода скоро половина ден. Да биде проблемот уште поголем прекинот на водоснабдувањето се случи без претходна најава.

 

Според информациите од ЈП Водовод и канализација се работи за уличен дефект на ул.Индира Ганди крак Чегевара.прекинот со водоснабдувањето имаа корисници на повеќе улици. Водоснабдувањето беше прекинато од 10:00 до 16:00 часот кога завршија и активностите.

 

Револтот на граѓаните беше насочен кон тоа дека сето ова се случи за време на полицијски час, без можност да отидат и евентуално да се снабдат со вода за пиење и не беа во можност да ја одржуваат најосновата хигиенска заштита во екот на пандемијата со Ковид 19.

Без пари, без вода, без храна: Заклучување на „Ковид-19“ во сиромашните во Париз Ром

Франција е ставена „под клуч„ од 17 март во обид да го забави ширењето на Ковид-19. Но, затегнатите и незгодни услови во стотиците сиромашни заедници во земјата, каде живеат голем дел од француското ромско население, го прават социјалното дистанцирање и добрата хигиена речиси е невозможна. Агенциите за помош сега предупредуваат за потенцијална здравствена непогода.

 

Во Сен Дени, предградието на Париз, скоро половина од околу 200 жители отишле, избирајќи да се преселат на друго место кога пандемијата започна да се држи во Франција.

 

Но, на оние што остануваат се соочуваат со ограничен пристап до основните комунални услуги, како што е водата за пиење и здравствената заштита.

 

„Се соочуваме со двојна здравствена криза во сиромашните заедници затоа што кога пристигна коронавирусот, луѓето имааголеми проблеми со пристапот до здравствената заштита, а исто така им недостасуваат основите услови како што е пристапот до вода, до тоалетите, во многу од овие градови, и тоа е многу тешко за нив “, рече Аделин Грипон од Медецинс ду Монд, една од агенциите за помош што работи во сиромашните квартови.

 

Link: https://www.france24.com/en/20200416-no-money-no-water-no-food-covid-19-lockdown-in-a-paris-roma-slum?fbclid=IwAR0YTpMJSYQ4jtgF0iovH7xzPSQBtOkFYZz1dEXKz-4N8l8d1LUdU2uKflM

Србија: Режимските тепачи во напад на Ромите

Режимските фашистички неранимајковци познати под името „ левијанти„ пред некој ден повторно беа активни во јавноста по кукавичкиот и подол атак кон фамилијата Гарип во Белград.

 

Всушност оваа насилна групација без никаков повод и доказ го обвини ова семејство дека организирала борба на кучиња и малтретирање на животнии одлучија дека зо заплашување и закани на национална основа да им одземат еден пес .

 

Дека заплашувањето беше само на расна основа, докажа фактот дека им одзеле расен пес, додека мелезот го оставија. Да им беше причина теророт над животните, тие ќе ги земеа и двата песа.

 

Инаку семејството Гарип пред две години беа цел на извршителите каде беа исфрлени од својот дом во белградската населба Дорчол, за да можат на тоа место да изградат луксузни станови и деловен простор.

 

Тие беа сместени во контејнери без струја и вода , во потполно нехигиенски услови. Исто тка и сега им се заканува иселување поради тој простор кој е планиран за изградба на луксузни станови и деловен простор.

 

Link: https://www.crvenakritika.org/blog/603-rezimski-batinasi-u-napadu-na-rome?fbclid=IwAR0986hl421LmXQi5ZjTCjzvY0m_lnIjJQ21FbgDnv_LAr22XvFWwqgvULQ

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 139 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата