Социјала

Како до работа во Германија од 1 март 2020 ?

Илјадници работници со нетрпение чекаат да дојде 1 март. Од 1 март во Германија стапуваат на сила новите правила за доселување на квалификувана работна сила.

 

Добрата вест во новиот закон е укинувањето на критериумот според кој една компанија мора прво да се обиде да најде лице во Германија или во Европската унија, а дури потоа да вработи кандидат надвор од ЕУ.

 

Голема новина е тоа што кандидатите со квалификувано стручно образование доколку имаат соодветно познавање на германскиот јазик и доколку имаат гаранција за издржување, ќе можат да дојдат во Германија на шест месеци за да бараат работа.

 

Моментално во Германија има околу 1.4 милиони слободни работни места. Најдефицитарни кадри се здравствените работници, лекарите, физиотерапевтите, медицинските сестри, ИТ професионалците, инженерите и занаетчиите во градежната индустрија, а потоа следат експертите за авијација, мехатроника, електротехника, енергетска технологија и многу други.

 

За лицата постари од 45 години треба да се достави и договор за работа со одредена минимална заработка или доказ за гарантирани финансиски средства за издржување.

 

Лицата на возраст до 25 години со завршено средно образование ќе можат да престојуваат во Германија максимум шест месеци за да можат да конкурираат за место за натамошно стручно усовршување.

Нема нови закажувања за пасоши до надминување на проблемот

Системот за закажување термин за патна исправа ќе биде ставен надвор од функција до изнаоѓање на решение за надминување на проблемот со недостаток на обрасци за овие лични документи.


Ова го истакна техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој потенцираше дека се врши истрага во МВР за да се лоцира одговорноста за овој проблем.
-Проблемот со личните документи, лични карти и возачки дозволи е надминат. Но патните исправи проблемот останува и истиот е резултат на лошо планирање, пропусти и доцни нарачки.

 

Тој посочи дека до овој момент поднесени се 16.500 барања на патни исправи по редовна постапка, а МВР на располагање има уште 3.600 обрасци. Барањата поднесени по итна постапка кои се околу 650 ќе бидат процесирани.


Чулев нагласи дека до надминување на овој проблем нема да има аплицирање за патни исправи ниту по редовна, ниту по итна постапка.


Министерот истакна и дека на владина седница повторно ќе се отвори ова прашање со цел што поскоро надминување на проблемот.

Кој стои позади движењето „Левијатан„? Приказната е многу поцрна, од тоа што изгледа на прв поглед

Маскирани, опасни и стетовирани Срби, осветници и наводно љубители на животните, бескомпромисни праведници , нежни грубијани – се дел од описто на активистите од Движењето „Левијатан„, кој се формирал , како што пишува на нивната службена странциа , со спонтан собир во 2015 година во Белград. Набилдани , ситетовирани со фантомки на главата кои спасуваат малтретирани животни, и на тој кој го злоставувал животното му порачуваат „Не ги малтретирај животните, ќе те најдеме„ многу брзо го свртија вниманието на медиумите и ги собраа симпатиите на јавноста.

 

Но  реалноста е поинаква. Левијантан е неформална банда на криминалции насилници со фашистичка идеологија кој од наводната борба за доброто на животните ја користат како поткритие за фашистички и криминални дејствија. Јадрото на групата ја сочинуваат криминалци, , поголемиот дел челнови на нарко кланови , фашистички активисти и насилници. Поголемиот дел од нив се со криминално досие и со казнени дела за насилство и трговија со наркотици.

 

Тие воедно со и пријатели и роднини со познати нарко дилери во Србија. Покрај тоа тие се вклучени и во многу други насилни акции кон Ромите , хомосексуалците и други „непријатели на српството„ Левијантите се служат со лаги, фалсификати и егизбиционизам . каде според нив виновници се Ромите за тешката положба на животните.

 

Како резултат на сето ова се има случено неколку напади врз Роми собирачи на секундарни суровини со коњски коли. Редовно и јавно ги величат војни злосторници и криминалци. Ова го напоменаа од организацијата на Антифашистичка акција Нови Сад ма овогодишниот  Weekend Media Festivala во Ровињ, каде своје учество имаше и Јасминка Херцог од хрватскиот огранок на Левијанти и Алескандар Буханац за кој се вели дека е „познат насилник и фашист„ и вовглавном активен низ хулиганската сцена.

 

 

Link: https://www.index.hr/vijesti/clanak/tko-stoji-iza-pokreta-levijatan-prica-je-puno-mracnija-nego-sto-se-cini-na-prvu/2045193.aspx?fbclid=IwAR086qIH7Zv5WR02XY-2ntPReQ0PBOCb3lcfDQH9dc9GAio3B72tVQwSVtE

Расизам во Италија: Физички напад од националист врз ромскиот правен застапник Марчело Зуиниси

Викендов на 15 февруари од 11:00 до 14:00 часот во Понтасибе - Ларго Гарибалди, беше здруженијата „Ла Комун“ и Здружението „Ромска нација“ (АНР) одржаа протести.

 

Протестот беше одговор во врска со претходно извршениот физички напад врз Марчело Зуиниси, инаку правен застапник на Ромите. Нападот се случи во средата на 12 февруари околу 18:30 пред бизнис центарот „Лејди Бар“, во Виа Дон Фасибени, на неколку чекори од трговскиот центар.

 

Напаѓачот е идентификуван како Поли Јанани инаку познат криминалец со расистичка идеологија од местото Понтасие.

 

Тој кукавички од зад грб го напада Зуиниси додека имал телефонски разговор со раководителот на „Ла Комун„ Микеле Сантамарија во врска околу организацијата на Состанокот на повеќе здруженија кој ќе орфанизираат Демонстрации против расизмот закажан на 21 март 2020 година во Фиренца, кој е во склоп како настан организиран од меѓународната антирасистичка и антифашистичка коалиција против Светскиот расизам.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 228 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата