Социјала

Маскирани лица нападнаа и ограбија 63 годишна жена во ромската населба „Београд маала„ во Ниш

Уснија Мустафиќ (63) била нападната пред неколку ноќи во домото кој се наоѓа во ромската населба „Београд маала„ во Ниш.

 

Според информациите до кој се дојдени , Уснија околу 01:00 часот на полноќ беше нападната од три маскирани лица , со леплива лента и беа врзани рацете и нозете, ја малтретирале и и нанесоа повреди по екстремитетите.

 

Напаѓачите на Уснија и го земаа личниот накит, златото и 10.000 евра. Украдените пари според изворите , на Уснија и беа испратени да купи недвижен имот за децата кои работат во Германија.

 

На лице место во мометот полицијата врши увид , а брзата помош даде медицинска интерваницја врз несреќната Усија Мустафиќ.

 

 

Link: http://rominfomedia.rs/maskirana-lica-napali-i-opljackali-63-godisnju-zenu-u-romskom-naselju-beograd-mala-u-nisu

Унгарија не сака да плати отштета на Ромите жртва на сегрегација

Апелацискиот суд во Дебрецин во својата конечна одлука утврди дека од 2004 до 2017 година учениците од ромска националност во основното училиште во Гионгушпата учеас одвоено, и дека со оваа сегрегација беа повредени нивните права.

Унгарската влада вложи жалба на одлуката на судовите каде е дадена наредба да платат отштета на ромските деца кои беа жртва на сегрегацијата.
Оваа форма на сегрегација се случуваше долго години наназад во Гионгушпата во северозападниот дел на Унгарија.

Бенце Ретвари министер за човечки ресурси во средата на прес конференцијата истакна дека основниот и аплацискиот суд ги „игнорираа доказите„ кои ги приложија училиштето и месната заедница.
Тие докази наводно докажувале дека не е сторена никаква штета врз жртвите на оваа дискриминација.

Тој рече дека Владата е подготвена да ја превземе законската обврска и да им понуди на оштетените „Курсеви за обука„ односно „ Образовна програма„ . Овие програми ќе бидат во нефинасирана форма на компензација, затоа што владата е против исплата во кеш.

Како се ова започна. Во 2011 година кога комесарот за правата на малцинствата Ерно калаи го објави извештајот каде се утврди дека ромските ученици биле физички сегрегирани во основното училиште Нексеи Деметер во Гионгушпата.

Во документацијата се тврди дека ромските деца во основното училиште беа одвоени од децата нероми. Децата дури биле незаконски одвоени и во наставата за пливање.

Врз основа на овие документи Фондацијата „Шанса за децата„ (CFCF) поднесе тужба . Основниот суд во Егер во 2012 година донесе пресуда дека на тие ученици им се даваа послаби услуги.

Судот исто така донесе одлука, дека во следната учебна година , да ја прекине оваа практика.

Споменатат пресуда на судот подоцна ја подржаа и Мтерополитанскиот и Врховниот Суд. Тие побараа и парична отштета за тие ромски деца.

Апелацискиот суд во Дебрецин во својата конечна одлука утврди дека во периодот од 2004 до 2017 година ромските деца учеа одвоено и судот одреди училиштето и месната заедница ќе мора да исплатат вкупно 100 милиони форинти (300.000 евра) како отштета.

Link: http://www.portal-udar.net/madjarska-ne-zeli-platiti-odstetu-romima-zrtvama-segregacije/

Чешка: Продавачка во книжарница добила отказ поради навредување Ромка

Ланецот книжарници „Kanzelsberger„ во Чешка одлучи да ја отпушти продавачката која на Twitter расно ја навредуваше ромската колешка каде потоа имаше и други расистички коментари.

Минатата недела Даниел Хуле од организацијата „Луѓе во потреба„ (“Ljudi u potrebi”) ги споделило спорните објави со прашање дали книжарницата ќе го толерира ова однесување.
Од книжарницата одговорија дека господинот Канцелсбергер смета дека ова однесување на продавачката е неприфатливо и таа повеќе нема да работи за таа компанија.

Жената чиј Твитер налог е под името „Тереза Барт„ објавила дека „и прошетката во квартот Цејл во Брно би била многу попријатна од подучување на Циганка на работа„.

Ѓената продолжила со своите расистички навреди. „ На крајот сите знаат дека нормалната боја е бела„ напишала таа.

Фирмата се дистанцира од мислењата на својата вработена.
“Нејзиното однесување беше несоодветно со хуманиот однос. Не смее да ги навредува своите колеги. Ова не е ставот на компаниата кон малцинствата„ напомена Јана Кмунчикова , одоговорна во службата на маркетинг.

Целата состојба предизвика полемика во Чешка , посебно на социјалните мрежи. Додека едни го осудуваа однесувањето на продавачката, а други велеа дека отказот е строга казна.

Новинарката Саша Ухлова во својот коментар за отказот на продавачката била утеха за оние кои беа повредени од нејзиниот коментар.
Но дополни дека за жал тоа нема да ја намали дискриминацијата со која се соочуваат Ромите.
Ухлова напиша дека дискриминацијата е присатна и дека „ги уништува животите на Ромите во Република Чешка„

Ромскиот моден дизајнер Павел Берки се приклучува на топ 16 од чешкото издание на натпреварот MasterChef

Павел Берки, успешен моден дизајнер од ромската заедница, ја испроба својата среќа во чешкото издание на натпреварот за готвење MasterChef (MasterChef Česko). Неговите пилешки гради со компири и „скара“ со стек ги плени на кастингското жири до таков степен што го испратија директно во групата Топ 16.

„Благодарен сум на жирито што веруваа во мене до таков степен што ми овозможија да бидам првиот натпреварувач кој директно ќе влезам во Топ 16, прескокнувајќи го бараниот натпревар во претходните рунди! Тоа е нереално чувство за мене да застанам во кујната на шоуто MasterChef. Последниот пат кога доживеав нешто слично беше кога добив можност да ја претставам мојата колекција како дел од модната недела во Њујорк, што беше мојото долгогодишен сон. “, објави Берки на својот профил на Инстаграм .

Бескомпромисно жири на готвачи Пемемек Ферт, Радек Кашпирек и Јан Панчочи беа убедени во можноста на Берки да го комбинира допирот на неговиот дизајнер за презентација со совршена подготовка на оригинално јадење. После еден момент на напнатост, жирито едногласно решија да го испратат својот прв фаворит веднаш во последната рунда од 16 најдобри натпреварувачи, каде Берки ќе може да се натпреварува за титулата MasterChef на Чешка.

Берки е роден во Римавско Собота, Словачка. Тој досега има постигнато многу успеси во неговата кариера.

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/romani-fashion-designer-pavel-berky-joins-the-top-16-round-of-the-czech-edition-of-the-masterchef-competition

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 164 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата