Социјала

Зошто југословенскиот павилјон во Аушвиц е празен ?

Државите наследнички не можат да се договорат за тоа како холокаустот треба да биде претставен во Југославија

 

Помеѓу септември 1941 и август 1944 година, повеќе од 20.000 луѓе од територијата на Југославија, која тогаш била окупирана од нацистите,  биле транспортирани во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау.

 

Помалку од сто, претежно политички затвореници или партизани, го преживеале овој концентрационен логор.

 

Во 1960 година, на земјите чии граѓани биле депортирани во овој логор, им биле дадени посебни павилјони за да постават „национални изложби“.

Југословенската национална изложба била отворена во 1963 година.

 

Насилната смрт на Југославија за време на серијата војни во периодот 1991-1999 година, целосно го измени јавното сеќавање на Втората светска војна и холокаустот во новите држави, создадени со распадот на Југославија.

 

Вистинскиот, обемен и разурнувачки холокауст на југословенските Евреи и Роми остана на екстремните маргини на јавното сеќавање.

 

Меморијалниот музеј Аушвиц сè уште го чува местото на поранешниот југословенски павилјон, со надеж дека ќе биде поставена заедничка изложба.

Секое трето семејство во Македонија не може да ги подмири сметките

Македонските домаќинства први на листата со финансиски проблеми за плаќање на режиските трошоци.

 

Секое трето домаќинство во земјава  не може редовно да си ги плати сметките за комуналии.

 

Европското статистичко биро Евростат пресмета дека речиси 37% или 209 илјади домаќинства  имаат финансиски  проблем редовно да платат за електрична енергија, парно греење и  вода.

 

Најголем проблем со плаќање режиски трошоци од земјите членки на Унијата има Грција .

 

Таму скоро 36% немаат пари редовно да платат, веднаш зад нив се Бугарите , со 30%, и хрватите , каде 17,5% од домаќинства имаа проблем во последните 12 месеци со подмирување на режиските трошоци.

 

Ваков проблем речиси и да немаат жителите на Холандија, Австрија, Чешка и Шведска . Таму само 2 отсто од домаќинства не можат редовно да си ги подмират сметките.

 

Според истражувањето на Евростат, на ниво на ЕУ, речиси 7% од домаќинствата имаат проблем со редовно плаќање сметки.

Ромите од Бујановац и дијаспората собраа преку 10.000 евра за да му помогнат на семејството чија куќа изгоре во пожарот

Минатиот викенд во Бујановац на местото Гилански пат, избувна голем пожар каде до темел изгоре куќата на семесјтвото на Даринка Куртеш, а причината беше најверојатно електричната инсталација.
За среќа жртви немаше но предиѕвикана е голема материјална штета.

Ромите од Бујановац брзо реагираа и се организираа преку социјалните мрежи за собирање на парични средства за да му се помогне на ова семесјтво.
Тие контактираа Роми поголемиот дел од дијаспората.

Планот е од собраните средства да се изгради нов дом за ова семејство. Тоа подразбира и покуќнина која сосема изгоре во големиот оган.
Според информациите од неофицијални извори до сега се собрани околу 10.000 евра ,м а акцијата продолжува и понатаму.

Link: http://rominfomedia.rs/romi-iz-bujanovca-i-dijaspore-prikupili-preko-10-hiljada-evra-kako-bi-pomogli-porodici-cija-je-kuca-izgorela-u-pozaruvideo/

Иницијативата на жени од Шуто Оризари прашува: Дали жените од Шуто Оризари повторно ќе останат без матичен гинеколог?

На 22.01.2020 година пред ординацијата на Д-р Вјолце Мбјара затекнавме известување дека ординацијата е преселена во друга општина, во населбата Сингелиќ. Ординацијата на Д-р Вјолце во Шуто Оризари моментално е затворена.

Го прашуваме министерот за здравство, г-динот Венко Филипче, дали има предвидено решение за овој горлив проблем? Дали е склучен нов договор со друг гинеколог кој што ќе работи во самата општина? Доколку нема, предупредуваме за несаканите последици врз репродуктивното здравје на жените Ромки. Исто така потсетуваме дека доенечката смртност кај ромската популација е значително повисока во однос на неромското население.

Ние, жените од Шуто Оризари, апелираме до надлежните институции - Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да изнајдат решение со цел да се надмине овој долгогодишен проблем.
Како и сите жени, така и ние, жените Ромки, имаме право на еднаков и непречен пристап до услуги за репродуктивно здравје , се вели во реакцијата на Иницијатива на жени Шуто Оризари.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 222 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата