Социјала

Младиот Јован Стевиќ од Чачак е генијалец, но за жал со тешка судбина!

Јован Стевиќ (19) од Чачак го знаат како математички генијалец , кој живее со неговата самохрана мајка Снежана Мијаиловиќ која е болна.

Ова момче има IQ помеѓу 140 и150, и над 30 дипломи од разни натпреварувања и одличен просек во училиште но за жал, никаква помош од страна за да живее подобро.
Стевиќ е сега бруцош на Економскиот факултет во Белград. Но за жал овој брилијантен ум додека не му почнат студиите во белград продава пуканки на улиците во Чачак за да собере пари да си купи храна и да има за џепарлак.

Истовремено ги замолил извршителите долгот за кирија и комуналиите да му ги направат на повеќе рати за да не биде исфрлен на улица заедно со неговата тешко болна мајка која е без работа.

И покрај се се труди да биде ведар и насмеан и да размислува за убави работи, а проблемите да ги заборави. Се што постигнал во живото е благодарение на мајка му Снежана која даде се од себе за да го школува.
Истовремено не остапува од своите цели да напредува и да се усовршува како што напомена запишаниот економски факултет да го заврши е една од неговите главни цели.

Link: https://www.espreso.rs/vesti/drustvo/418217/mladi-jovan-stevic-ce-osvojiti-vase-srce-zivi-s-bolesnom-majkom-a-genijalac-je-na-zalost-to-mu-nije-pomoglo?fbclid=IwAR0zuLTP5UD9cKG2gpmEBjJiI5Qf8_Ao08U5IhnidVcuKbWL6PqjJh3pgyc

Како Загреб гледа на Дервишите од овој град?

Во најголема тајност во приватана куќа во Загреб дервишите го вршеа својот обред. Во верски занес дваесетина Роми , припадници на старото исламско братство , неуморно танцуваше цела ноќ. А главниот дервиш се бодеше со игли , ножеви и мечеви.

На овој начин еден од хрватските медиуми ја опишува семаната во една загребска општина каде дервишите ја одбележуваа 27-мата ноќ од рамазанскиот пост, ноќ кога Аллах ја спушта својата милост помеѓу верниците , попозната како Лејле ту Кадр.

Самите новинари ги забележуваат сите моменти и атмосферата која се случува во семаната. Бодењето со игли, за новинарите мистичното молење, како и респектот на верниците кои го покажуваат кон главниот Шејх.

Го објаснуваат бодењето со игли без болка, како што велат немаат објаснување.
Според нив овој парапсихолошји момент јо објаснува проф. др ненад моачанин од одделот историја на Филозовскиот факултет дека дервишкиот обред и ритуал со бодење е нивото на дервишкиот начин на живот. Тоа подразбира, молитви и некои движења на рацете со кој се доаѓа до екстаза каде не се чувствува болката и покрај бодењето нема ниту крв.

Моачанин вели дека овој парапсихолошки феномен, науката нема објаснување.
Исто во текстот се напоменува дека во годините кои изминаа Американците буквално полудуваат да бидат дел од дервишите. Но за разлика од другите, американските дервиши колку што е познато не практикуваат многу бодење со игли.

Нема неработен ден за Курбан Бајрам, се паѓа во недела!

Годинава големиот верски празник Курбан Бајрам започнува во недела на 11 август.

Во календарот на Република Северна Македонија , Министерството за Труд и социјална политика ја наведува недела како неработен ден заради празникотКурбан Бајрам.
На овој начин се покажува дискриминирачки однос кон припадниците од исламската заедница, бидејќи им е одземено правото на неработен ден за празник.

Општо познато е дека доколку празникот се паѓа во недела, како неработен ден се прогласува следниот ден -понеделник.
Пример за тоа е верскиот празник - Велгден, кој секој пат се паѓа во Недела, па затоа секогаш и Понеделник се прогласува за неработен!

Дали ви е познато дека има историски факт за Ромите, каде целата БиХ е горда на тоа?

Денот на сеќавањето на геноцидот над Ромите во Втората светска војна кој се одбележува на 2 Август . “Porajmos” е ромско именување за геноцидот над Ромите.

На 2 Август 1944 во една ноќ се убиени 2.897 Роми во конц логорот во Аушвиц. За време на Втората светска војна убиени се околу пола милион Роми .

Десетици илјада Роми страдаа и се од негогашните простори на Југославија. Босна и Херцеговина е единствена европска држава која го спречи геноцидот над Ромите , благодарение на одлучната акција на бошњачките угледни личности кои во 1941 година формираа одбор за спас на Ромите.

Веќе во мај следната година донесена е Резолуција каде Ромите се прогласуваат како составен дел на бошњачкиот народ , со што ромскиот народ беа заштитени од овој расистички закон.

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 217 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата