Социјала

Чешки град вработи Роми - спасители , пливачите реагираат позитивно

Термалната бања Брно во чешкиот град Усти над Лабем вработи неколку ромски лица како чувари и спасители , а според Мартини Мата, преставник од општината Усти над Лабем која управува со објектот , посетителите многу позитивно реагираат на Ромскиот персонал.

Минатото лето се случи инцидент помеѓу ромски и неромски посетители во државата, пишува чешкиот ромски портал romea.cz.

Објектот Брно се соочи со лажни информации дека минатата година во базентот беше фрлено некое ромско дете. Мата напомена дека Ромите ниту беа посебно регрутирани во градот за оваа професија.

“Сите тие самостојно се пријавија на огласот кој го објавивме на социјалните мрежи , во јавниот транспорт, по училиштата и во Агенцијата за вработување, Сите тие ги поминаа стандардните процедури при изборот за овие позиции„ беше напоменато за Romea.cz.

“Тие луѓе сакаат да работат. Во термалната бања Брно работат севкупно две машки особи Роми спасители, една Ромска како спасителка и еден помошник - чувар.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/czech-town-hires-romani-lifeguards-swimmers-respond-positively-especially-romanes-speakers

Зошто Ромите се непосакувани соседи?

“Се прашувам, би правеле ли протести а да не се во прашање Ромите?”,беше првиот коментар на преставникот на Ромите во хрватскиот Сабор, Вељко кајтази, на молба од Ал Џезира да го прокоментира овој момент кои неодамна беа преселени 29 ромски семејства во стамбената зграда во загребската населба Петрушевац

Градот Загреб за тие потреби купи и недвижнини и ромските семејства требаше да ги превземат клучевите , но беа спречени. Протестантите тврдеа дека објхектите не се прилагодени за живеење , и го спречија вселувањето, со акцент дека не се тука да протестираат само затоа дека се Роми.
Подоцна со полициска асистенција ромските семејства беа вселени.

Но тоа не беше прв пат каде граѓаните од оваа населба да протестираат против Ромите. Исто така ниту е прв пат во Загреб да се протестира против Ромите .

Но вакви слики кога се работи за Роми и подобрување на нивните услови за живот ги има насекаде низ Балканот. Но исто така не само на Балканот, предупреди социологот и политиколог Срѓан Дворник , туку тоа го има и во Европа , наведувајќи ги примерите во Чешка, “држава која меѓу постсоцијалистичките се смета за цивилизирана, и која не постапува кон Ромите ништо подобро од овие од „нашиот регион.

Link: http://www.romskiportal.com/2019/07/08/zasto-su-romi-nepozeljni-susjedi/

Стереотипи: Крадење деца

Перцепцијата вели дека Ромите често крадат неромски деца и бебиња и потоа ги растат како свои или пак ги искористуваат за свој личен финансиски интерес.

Реалноста е всушност дека низ историјата Ромите беа жртвени јагниња кога некое дете ќе исчезнеше.

Меѓутоа во псоледните 20 години еден број на истражувачи покажа дека всушност ромската популација е најзагрозена кога државата, Црквите или хуманитарните организации им ги одземаат децата.

Ромските деца рутински се оделуваат од своите семејства од дискриминаторски причини , од тоа да не „изгледаат како ромски деца„ до изговор на поединци дека ромите имаат премногу деца.

Поради сиромаштијата и маргинализацијата ромските деца и под голем ризик се да постанат предмет на трговија со луѓе.

 

Смртноста на Ромските новороденчиња е за 1,5  пати повисока за разлика од македонското население во 2017 година

Ромите се соочуваат со понеповолна здравствена состојба од останатото население. Новороденечката смртност помеѓу Ромите е за 1,5  пати повисока за разлика од македонското население во 2017 година.

Во истата година речиси 50% од смртните случаи кај Ромите се случиле пред 65-та година од животот, за разлика од 23% кај останатото население, велат здружение организации.

Според организациите, превентивната здравствена заштита по однос на репродуктивното здравје, како и здравјето на мајките и децата е клучна во овозможување здрав почеток на животот и со тоа подобрување на здравјето на целото население.

Преку работата на здруженијата на полето на имунизација на децата Роми во општините Шуто Оризари, Делчево, Виница и Пехчево, опфатот на децата Роми со вакцинација значително се зголеми од 2012 до денес и во моментот опфатот е над 90%.

„Меѓутоа Ромската заедница од овие општини се уште се соочуваа со проблеми во пристапот до превентивната здравствена заштита за унапредување на женското репродуктивно здравје и здравјето на мајките и децата. Клучни детектирани проблеми се: недоволен опфат со посети од патронажни сестри, недоволен опфат со здравствена едукација, недоволен опфат со систематски прегледи за децата вон образовниот систем, недоволен опфат со Програмата за скрининг на рак на грлото на матката и наплаќање на услугите од страна на матичните гинеколози“, соопштуваат организациите.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 83 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата